Со својот ум и однос кој го имаат кон Македонија, кон другите околу, а и со тоа кон себе тие кои се исселуваат подобро и што си заминуваат. За да нема потреба да си ја грешиме ние душата подобро е самите што си одат. Ако треба и ќе се прочистиме и ќе спаднеме на неколку стотици илјади Македонци. И тогаш откако ќе ги отстраниме сите малодушни безрбетници ќе можеме да се договараме и се што ќе договориме заедно ќе го спроведеме и така ќе градиме силна држава во која ќе биде пријатно да се живее поради чувството дека си сплотен и силен заедно со другите.
Економските причини како оправдување може да важат само за постарите исселеници.
Посебно откако е отфрлен социјализмот денешното време дава претприемачки можности и шанси за стекнувања за секој кој одлучи да мрдни малку со умот и кој се прекрсти и почни да работи. Тие можности се нешто поголеми во странство но и овде ги има сосема доволно. Проблемот е што малодушниците бараат оправдување за својата слаба вера. Во денешните услови слабата материјална состојба е заради малодушниот однос. Кога ќе заминат од дома, и природно принудени се повеќе да се ангажираат и борат отколку дома. Има делови од Македонија каде не се којзнае колку богати, но заради нивниот скромен и работен однос имаат се што им е потребно. Знам едно момче пријател кој се прекрсти и седна машки да работи. За 10-11 години, ги набројувам главните работи: прво го исплати долгот, си ја доправи и уреди куќата, купи голф од 6 000 евра и купи и го исплати нов имот од 13 000 евра. Ете 3ца луѓе само од земјоделие. Само овој пример ги отфрла изговорите за заминувањето од економски причини. Секој кој ќе го стори истото, ќе нема потреба да се стиска.
Никој никого овде насила не го тера да остане или да замине. Изнесуваме мислење. На нападното убедување дека треба се да се остави и да се замине џенем без свртување на главата, одговорив соодветно.
Најмалку јас би го молел некого да остане. Само наместо лажно да ги тешам, на нивната совест им ја кажувам вистината. И токму затоа сега погледни ги мислењата свртени кон мене, а не кон моите мислења. Тоа се одговори на чепнатата нечиста совест.
Те совладале и ја изневеруваш Македонија сега, ...и минатото, ...и иднината. Совреме свести се, за да не ти помине животот, за кога ќе немаш повеќе време да речеш глуп јас што изгубив толку време и стоев не правев ништо.
Затоа што многумина кои од глупавост не сториле ништо, сега вербално работат да не успее, за да не излезе дека тие биле умствено слабите што се излажале на нечии обмани и се откажале од борбата која ДРУГИТЕ без нив ја добиле. Можеш да ги видиш таквите и на овој форум.
Само да знаеш колку лесно тие кои ти глумат сила и моќ се голи и страшливи ако еден дел од народот им затропа на врата.