Македонско Братство се дефинира како културно-патриотска заедница заснована на КОНСТРУКТИВЕН патриотизам и христијански вредности.
Цели
Македонското Братство (Macedonian Brotherhood) е растечко патриотско здружение, чија цел е да ги запознае Македонците со самите себеси, со нивната историја, со значењето на зборот Македонец и теретите кои таа националност ги носи со себе.
Филозофијата на Македонското Братство е дека секој Македонец треба да го сака својот брат поради тоа што е Македонец, не поради тоа што има било каква материјална корист од него, да му помага на братот во невоља. Христијанството е од големо значење во ова друштво.
Македонското Братство се собира да ги одбележи деновите на големите Македонски борци, да положи цвеќе на нивните гробови, на националните празници, на Македонските собири и слично.
Член може да биде секој Македонец без разлика на неговата возраст, доколку ги дели истите идеали со нас е добредојден.
Исто така имаме собири на кои се разменуваат идеи за Македонија, за нејзините борци и за нејзината иднина исто како и разменување и делење на патриотска литература.
Во денешно време самите Македонци го забораваат значењето на крвта што ја носат. Предците ни го оставиле аманетот да ја дочуваме Македонија, зашто Македонците се тие што ја прават Македонија. Поентата со името Братство е да се пробуди свеста кај Македонецот за таа придавка, за да му помага на сонародникот не поради тоа што има корист од него, но да му помага бидејќи ја делат истата националност.
Секако на сите би ни бил поубав животот доколку направиме и ни биде направено добро, а притоа да не ни биде наплатено поради тоа што сме Македонци.
Доколку се сложуваш со нашите идеали и сакаш да бидеш прифатен и да го искажеш своето мислење, слободно контактирај не и ке станеш дел од нашиот свет.
Резултати?
4. Посочете конкретни резултати кои се постигнати од вашето "братство"? (со оглед на тоа што постои веќе со месеци, се надевам дека има некој плод)
Резултати:
Организиравме разни
предавања во институтот за Нац. историја за Античка Македонија, Одржавме
предавања за Каменот од Розета со тентов, повеќе сме фокусирани на внатрешните проблеми, откако ќе се средиме ќе почнеме со друго.
3.
Ја презентираме историјата и културата на Македонија каде што ќе стигнеме!
2.
Не седиме и јадеме г***а пред компјутер за други организации него си го гледаме нашиот двор и се обидуваме да го средиме.
А ти зиде што имаш направено за Македонија до сега?Или само вака изиграваш дежурен критичар?
И член на Македонско братство што мисли за братовиве:
Дефинитивно се сложувам со Моира.
Од Македонско Братство не се виде ништо...додека некои членови се надеваа дека на тој начин својата желба да се биде добар македонец и патриот очекуваа, и преку тоа да сторат нешто за Македонија ништо не добија освен оцрнување на својот образ јавно наречени нацисти и наместо да го гледат нивното знаме тие се претставени на насловна страна на весник читан во голем тираж со костурска глава и црнила.
Највеке ова е предизвикано од главата на Мак бро кој освен што поим нема како да го води своето т.н. братство сеуште својот живот не си го средил, но тоа е веќе приватност.
Наместо да се потрудеа народот со убаво да ги запознае тие со своите нацистички дела се бламират и освен тоа секој состанок им е преполн со кавги (извор од самите луѓе во Мак бро). Може кој сака ова да го демантира но ако веќе тоа го прави нека даде нивни дела (кои во случајов ги нема)....
А затоа што нема дела подобро да не велиништо и или нека си го поправи оа што тотално го утнал (пропала инвестиција) или нека си ја свитка опашката и нека си се повлече.
Ако непријателот рекламира како нашите борци загинуваа во Бродец, Блаце, Требош и др. места на ју тјубе...не мора и ние да сме како нив... особено не ако не сме такви туку само лаеме.
Со ова ставање по форуми цитати од весник и правдање нема да се убеди народот дека не се такви. Особено не кога претходно никој не ни знаеше за нив.
Дајте добро дело да видиме па после рекламирајте се.
И нашиот ценет соговорник sard:
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14379&PN=1
Сега слободно БРАТУ можеш да ме наречеш како сакаш од предавник, дезертер, тикварка, глупачка и што уште не на темава.
Патем апашите од православна црква парите да ги вратат што ги украдоа од нас! Арамии.