Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Така е премиере наш, арам да им е на Германциве што го прелажуваат народов, никаде животот не е подобар, никаде сонцето не сјае посилно од тука! Ама ако, нека се исчистат дезертерите и предавниците, па таман Македонија ќе биде расно, религиозно и етнички чиста држава. Ако треба пак ќе направиме фаланги и до Индија пеш ќе одиме, нема лабаво! Уствари, чек, Индија веќе бевме..Еве, Австралија ќе ја освоиме, ако треба! За татковината и преродбата напред!

Зошто нападите на партија, ги користите за напад на својата земја и поединците кои сакаат да се борат за неа. ДПМНЕ ви смета или Македонија ви смета?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.666
Поени од реакции
59.763
Не знам зошто ги убедуваат да останат. Пуштете ги губитниците да заминат, па кога ќе останат само победниците ќе видите што е просперитет!
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
More da ne bea gubitnicite nema da znaese prijatelot devizi kako izgledaat.

Sent from my HUAWEI P6-U06
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Makedonija im smeta druze Ma ke do ni ja!! Eve denes otkako se premisliv praev ajvar v dvor mnogu ok atmosfera da vi kazam pravo, vo stranstvo go nema toa. Aj da izmijam sherpata pa ke pisam pak pozz!
Така така македонче. А не некои таму мрзи, што не му се правело ајвар, па никој нејќел да ги ожени и омажи и заминале.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Зошто нападите на партија, ги користите за напад на својата земја и поединците кои сакаат да се борат за неа. ДПМНЕ ви смета или Македонија ви смета?
Искрено да ти кажам, откако се иселив од Македонија, све живо ми смета, до нервен слом дојдов.

Ми смета тоа што рано сабајле комшијата не ме буди со бор машина за добро утро.
Ми смета тоа што во странство сите нешто изиграваат финоќа и култура, па јас сосила мора да се правам дека не сум балканка.
Ми смета тоа што овде нема кафани и лумперајки до сабајле, туку нешто се по балети, концерти, кина и театри одат овие, сосила бечка школа се прават.
Ми смета тоа што нема нигде врски, не можам никаква работа да си завршам преку ред, или да го саботирам она говедо од конкурентската фирма.
Ми смета тоа што не се дружам со комшиите, камоли да го оговарам и шпијунирам цело маало со сосетките. Што фајде од комшилукот, ако не знам кој каде оди, со кого и кога се враќа?!
Ми смета тоа што не можам да си правам ајвар, лутеница, ракија и слични работи на тераса, во двор или во подрум.
Ми смета тоа што кучево мое не можам да го шетам кога и каде сакам, туку мора по него нон стоп да одам со кесичка и лопатка, за собирање измет.
Ми смета тоа што не можам да плукнам на улица. Или јеби га, да фрлам хартивче.
Ми смета тоа што на шалтер, во автобус или државна институција никој не ми се дере. Штом се толку воздржани и фини, гарант нешто смрди. Којзнае што ми спремаат, мамата нивна европска расипана.
Ми смета тоа што во моменти на духовна криза не можам да отворам ТВ и да го сослушам златниот ни наш Иван исцелител, тој лек за сите проблеми и болки има.

Ах, златна Македонија!!!

Luki Junior,@ leandra :icon_lol:
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.768
Готово, се решив...
Собирам парталите и бегам во Северна Кореjа...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Off....ama ajde... Pred 6 godini vo MK poloziv za retki sertifiakti,..rabotev za vlada,sobranie,ministrestva,telekom,bev na TV za uspesni proekti, bla bla....4 godini taka ,so kirija mesec za mesec,kolku tolku zivot ok ama dojde vreme gumi za kola na rati da zemam i da se molam kaj automehanicari..tuka pukna filmot....izbegav stranstvo,rabota, za 4 godini kolosalna promena na podobro....jebes patriotizam koa nemozes gumi na kolata da smenis od plata

I sea gubitnik li sum ?
Добро го ценам изнесувањето.
Но да те прашам, дали тука и таму имаше по некоја работа со која си ги потпушташе нозете повеќе отколку што ти била чергата. Искрено зборуваме.
Она кои се бројките за запад. Таму мнозинството должат добри суми на пари, па никому ништо. А овде додека не застанеш на нозе бара голема економска педантност.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.863
Поени од реакции
4.815
Добро го ценам изнесувањето.
Но да те прашам, дали тука и таму имаше по некоја работа со која си ги потпушташе нозете повеќе отколку што ти била чергата. Искрено зборуваме.
Она кои се бројките за запад. Таму мнозинството должат добри суми на пари, па никому ништо. А овде додека не застанеш на нозе бара голема економска педантност.
Iskreno....gi kratev duri...i pak nemase pari za banalni raboti ...struja ,odrzavka na kola, smetki....i na kraj nema...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не, не и не. Јас и понатаму одбивам да прифатам дека не земјината топка постои човечко суштество со такво "размислување":vozbud:
Многу сте мекуши бе македончиња.
Албанци, Хрвати, Словенци, Турци, Маџари како народи, не како поединци, колку сите држат до себе, а вие... Еден да каже ќе се цениме себе си, вам умот веднаш ви се блокира. И ако каже нешто со кое се истакнува македонската вредност. Вашата вредност. Вие тоа не можете а да не го исмевате.
Толку ли сте поразени како личности.
Затоа ви велам, покрај се што би успеале губитници сте.
Толку ви е плафонот да се погледните во себе и да се почитувате себе си и еден со друг. Затоа не јас или сличните, ниту пак Господ. Самите ќе се прочистите и ќе си заминете.
--- надополнето: 25 септември 2013 во 18:19 ---
Iskreno....gi pustiv mnooogu podolgo nozete i uzivam...plus na strana imam ostaveno a ne ni stedam....onaka visak...
За пуштањето на нозете мислев за времето кога си бил Македонија и не си успевал да излезеш на крај со финансиите.
--- надополнето: 25 септември 2013 во 18:23 ---
Искрено да ти кажам, откако се иселив од Македонија, све живо ми смета, до нервен слом дојдов.

Ми смета тоа што рано сабајле комшијата не ме буди со бор машина за добро утро.
Ми смета тоа што во странство сите нешто изиграваат финоќа и култура, па јас сосила мора да се правам дека не сум балканка.
Ми смета тоа што овде нема кафани и лумперајки до сабајле, туку нешто се по балети, концерти, кина и театри одат овие, сосила бечка школа се прават.
Ми смета тоа што нема нигде врски, не можам никаква работа да си завршам преку ред, или да го саботирам она говедо од конкурентската фирма.
Ми смета тоа што не се дружам со комшиите, камоли да го оговарам и шпијунирам цело маало со сосетките. Што фајде од комшилукот, ако не знам кој каде оди, со кого и кога се враќа?!
Ми смета тоа што не можам да си правам ајвар, лутеница, ракија и слични работи на тераса, во двор или во подрум.
Ми смета тоа што кучево мое не можам да го шетам кога и каде сакам, туку мора по него нон стоп да одам со кесичка и лопатка, за собирање измет.
Ми смета тоа што не можам да плукнам на улица. Или јеби га, да фрлам хартивче.
Ми смета тоа што на шалтер, во автобус или државна институција никој не ми се дере. Штом се толку воздржани и фини, гарант нешто смрди. Којзнае што ми спремаат, мамата нивна европска расипана.
Ми смета тоа што во моменти на духовна криза не можам да отворам ТВ и да го сослушам златниот ни наш Иван исцелител, тој лек за сите проблеми и болки има.

Ах, златна Македонија!!!

Luki Junior,@ leandra :icon_lol:
Нема да ти смета ако пропадне Македонија?
--- надополнето: 25 септември 2013 во 18:24 ---
More da ne bea gubitnicite nema da znaese prijatelot devizi kako izgledaat.

Sent from my HUAWEI P6-U06
Колку и да е тоа добро за македонската економија, да беа овде не само во другите работи туку и во економска смисла ќе имаше повеќе корист од нив.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Многу сте мекуши бе македончиња.
Албанци, Хрвати, Словенци, Турци, Маџари како народи, не како поединци, колку сите држат до себе, а вие... .
знаеш колку иселеници имаат баш скоро сите овие што ги наброја?
Живееш во Македонија и ги убедуваш луѓето дека таму не им е добро, дека треба да се покајат?Зошто ти е толку битно да убедиш некого таму далеку дека животот не му чини?
Мислам дека пробуваш да ги возиш за сите пари.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
sardaukar Јас те сфаќам тебе човече. Ти не дека не сакаш да сфатиш некои работи... едноставно не можиш. Не можиш да ја напуштиш таа твоја матрица на размислување.
За да размислуваш поинаку, треба да си доживеал нешто поинакво, да видиш како по светот се живее, како функционираат некои држави и општества, какви се менталните состојби на луѓето во други општества. Па дури тогаш да размислуваш малку out of the box и да можеш да направиш споредба. Да видиш колку навистина смрди работата и каде се’ е проблемот во нашето општество. Без тоа, животот твој и на останатите се сведува на Truman's Show. И јас некогаш бев идеалиста како тебе и се надевав дека ќе се промени нешто во нашето труло општество, дека работите ќе тргнат на подобро. Се надевав дека можам да влијаам врз мислењето на луѓето во моето опкружување со намера да ги натерам критички да размислуваат и да ги согледуваат работите какви се навистина... Ама тогаш се судираш со суровата реалност дека масата народ е неинертна, суетна, егоистична и зачудувачки отпорна кон промени, дури и кога тие се на подобро.... И тогаш сфаќаш дека за тебе нема повеќе место во тоа општество и одлучуваш да си ја бараш среќата некаде каде има место, макар било тоа и некаде каде никогаш претходно не си бил и не знаеш што те чека.
Луѓето се релативна и чудна категорија и знаат да дадат плод над очекувањата кога најмалку си очекувал. И овие овде што се исмеваат со Македонија, во дадена прилика може да сторат се што е во нивна моќ за доброто на Македонија.
Важно да го исполниш својот долг, за да ти биде убаво со себе. А за тоа кога ќе се оплоди, не е наша работа.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Македонско Братство се дефинира како културно-патриотска заедница заснована на КОНСТРУКТИВЕН патриотизам и христијански вредности.

Цели

Македонското Братство (Macedonian Brotherhood) е растечко патриотско здружение, чија цел е да ги запознае Македонците со самите себеси, со нивната историја, со значењето на зборот Македонец и теретите кои таа националност ги носи со себе.
Филозофијата на Македонското Братство е дека секој Македонец треба да го сака својот брат поради тоа што е Македонец, не поради тоа што има било каква материјална корист од него, да му помага на братот во невоља. Христијанството е од големо значење во ова друштво.
Македонското Братство се собира да ги одбележи деновите на големите Македонски борци, да положи цвеќе на нивните гробови, на националните празници, на Македонските собири и слично.
Член може да биде секој Македонец без разлика на неговата возраст, доколку ги дели истите идеали со нас е добредојден.
Исто така имаме собири на кои се разменуваат идеи за Македонија, за нејзините борци и за нејзината иднина исто како и разменување и делење на патриотска литература.

Во денешно време самите Македонци го забораваат значењето на крвта што ја носат. Предците ни го оставиле аманетот да ја дочуваме Македонија, зашто Македонците се тие што ја прават Македонија. Поентата со името Братство е да се пробуди свеста кај Македонецот за таа придавка, за да му помага на сонародникот не поради тоа што има корист од него, но да му помага бидејќи ја делат истата националност.

Секако на сите би ни бил поубав животот доколку направиме и ни биде направено добро, а притоа да не ни биде наплатено поради тоа што сме Македонци.

Доколку се сложуваш со нашите идеали и сакаш да бидеш прифатен и да го искажеш своето мислење, слободно контактирај не и ке станеш дел од нашиот свет.
Резултати?
4. Посочете конкретни резултати кои се постигнати од вашето "братство"? (со оглед на тоа што постои веќе со месеци, се надевам дека има некој плод)

Резултати:
Организиравме разни предавања во институтот за Нац. историја за Античка Македонија, Одржавме предавања за Каменот од Розета со тентов, повеќе сме фокусирани на внатрешните проблеми, откако ќе се средиме ќе почнеме со друго.
3.Ја презентираме историјата и културата на Македонија каде што ќе стигнеме!
2. Не седиме и јадеме г***а пред компјутер за други организации него си го гледаме нашиот двор и се обидуваме да го средиме.
А ти зиде што имаш направено за Македонија до сега?Или само вака изиграваш дежурен критичар?
И член на Македонско братство што мисли за братовиве:
Дефинитивно се сложувам со Моира.
Од Македонско Братство не се виде ништо...додека некои членови се надеваа дека на тој начин својата желба да се биде добар македонец и патриот очекуваа, и преку тоа да сторат нешто за Македонија ништо не добија освен оцрнување на својот образ јавно наречени нацисти и наместо да го гледат нивното знаме тие се претставени на насловна страна на весник читан во голем тираж со костурска глава и црнила. Највеке ова е предизвикано од главата на Мак бро кој освен што поим нема како да го води своето т.н. братство сеуште својот живот не си го средил, но тоа е веќе приватност.
Наместо да се потрудеа народот со убаво да ги запознае тие со своите нацистички дела се бламират и освен тоа секој состанок им е преполн со кавги (извор од самите луѓе во Мак бро). Може кој сака ова да го демантира но ако веќе тоа го прави нека даде нивни дела (кои во случајов ги нема)....
А затоа што нема дела подобро да не велиништо и или нека си го поправи оа што тотално го утнал (пропала инвестиција) или нека си ја свитка опашката и нека си се повлече.
Ако непријателот рекламира како нашите борци загинуваа во Бродец, Блаце, Требош и др. места на ју тјубе...не мора и ние да сме како нив... особено не ако не сме такви туку само лаеме.

Со ова ставање по форуми цитати од весник и правдање нема да се убеди народот дека не се такви. Особено не кога претходно никој не ни знаеше за нив. Дајте добро дело да видиме па после рекламирајте се.
И нашиот ценет соговорник sard:
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14379&PN=1
Сега слободно БРАТУ можеш да ме наречеш како сакаш од предавник, дезертер, тикварка, глупачка и што уште не на темава.
Патем апашите од православна црква парите да ги вратат што ги украдоа од нас! Арамии.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
знаеш колку иселеници имаат баш скоро сите овие што ги наброја?
Живееш во Македонија и ги убедуваш луѓето дека таму не им е добро, дека треба да се покајат?Зошто ти е толку битно да убедиш некого таму далеку дека животот не му чини?
Мислам дека пробуваш да ги возиш за сите пари.
Да но тие се почитуваат едни со други, се дружат и работат за своите матични земји. Нашиве дезертери во странство не сакаат еден со друг да се видат и не нарекуваат будали тие кои овде останале.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Луѓето се релативна и чудна категорија и знаат да дадат плод над очекувањата кога најмалку си очекувал. И овие овде што се исмеваат со Македонија, во дадена прилика може да сторат се што е во нивна моќ за доброто на Македонија.
Важно да го исполниш својот долг, за да ти биде убаво со себе. А за тоа кога ќе се оплоди, не е наша работа.
Долг спрема што и спрема кој?

Мојот свет е прв и последен. Само јас сум важен на овој свет. Сето друго е идеологија и лага. Нацијата, народот, државата, се се тоа апстрактни категории кои служат одредена група на луѓе да злоупотребува друга група на луѓе.

Мене искрено ми е жал за тебе, сериозно.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Македонско Братство се дефинира како културно-патриотска заедница заснована на КОНСТРУКТИВЕН патриотизам и христијански вредности.

Цели

Македонското Братство (Macedonian Brotherhood) е растечко патриотско здружение, чија цел е да ги запознае Македонците со самите себеси, со нивната историја, со значењето на зборот Македонец и теретите кои таа националност ги носи со себе.
Филозофијата на Македонското Братство е дека секој Македонец треба да го сака својот брат поради тоа што е Македонец, не поради тоа што има било каква материјална корист од него, да му помага на братот во невоља. Христијанството е од големо значење во ова друштво.
Македонското Братство се собира да ги одбележи деновите на големите Македонски борци, да положи цвеќе на нивните гробови, на националните празници, на Македонските собири и слично.
Член може да биде секој Македонец без разлика на неговата возраст, доколку ги дели истите идеали со нас е добредојден.
Исто така имаме собири на кои се разменуваат идеи за Македонија, за нејзините борци и за нејзината иднина исто како и разменување и делење на патриотска литература.

Во денешно време самите Македонци го забораваат значењето на крвта што ја носат. Предците ни го оставиле аманетот да ја дочуваме Македонија, зашто Македонците се тие што ја прават Македонија. Поентата со името Братство е да се пробуди свеста кај Македонецот за таа придавка, за да му помага на сонародникот не поради тоа што има корист од него, но да му помага бидејќи ја делат истата националност.

Секако на сите би ни бил поубав животот доколку направиме и ни биде направено добро, а притоа да не ни биде наплатено поради тоа што сме Македонци.

Доколку се сложуваш со нашите идеали и сакаш да бидеш прифатен и да го искажеш своето мислење, слободно контактирај не и ке станеш дел од нашиот свет.
Резултати?
4. Посочете конкретни резултати кои се постигнати од вашето "братство"? (со оглед на тоа што постои веќе со месеци, се надевам дека има некој плод)

Резултати:
Организиравме разни предавања во институтот за Нац. историја за Античка Македонија, Одржавме предавања за Каменот од Розета со тентов, повеќе сме фокусирани на внатрешните проблеми, откако ќе се средиме ќе почнеме со друго.
3.Ја презентираме историјата и културата на Македонија каде што ќе стигнеме!
2. Не седиме и јадеме г***а пред компјутер за други организации него си го гледаме нашиот двор и се обидуваме да го средиме.
А ти зиде што имаш направено за Македонија до сега?Или само вака изиграваш дежурен критичар?
И член на Македонско братство што мисли за братовиве:
Дефинитивно се сложувам со Моира.
Од Македонско Братство не се виде ништо...додека некои членови се надеваа дека на тој начин својата желба да се биде добар македонец и патриот очекуваа, и преку тоа да сторат нешто за Македонија ништо не добија освен оцрнување на својот образ јавно наречени нацисти и наместо да го гледат нивното знаме тие се претставени на насловна страна на весник читан во голем тираж со костурска глава и црнила. Највеке ова е предизвикано од главата на Мак бро кој освен што поим нема како да го води своето т.н. братство сеуште својот живот не си го средил, но тоа е веќе приватност.
Наместо да се потрудеа народот со убаво да ги запознае тие со своите нацистички дела се бламират и освен тоа секој состанок им е преполн со кавги (извор од самите луѓе во Мак бро). Може кој сака ова да го демантира но ако веќе тоа го прави нека даде нивни дела (кои во случајов ги нема)....
А затоа што нема дела подобро да не велиништо и или нека си го поправи оа што тотално го утнал (пропала инвестиција) или нека си ја свитка опашката и нека си се повлече.
Ако непријателот рекламира како нашите борци загинуваа во Бродец, Блаце, Требош и др. места на ју тјубе...не мора и ние да сме како нив... особено не ако не сме такви туку само лаеме.

Со ова ставање по форуми цитати од весник и правдање нема да се убеди народот дека не се такви. Особено не кога претходно никој не ни знаеше за нив. Дајте добро дело да видиме па после рекламирајте се.
И нашиот ценет соговорник sard:
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14379&PN=1
Сега слободно БРАТУ можеш да ме наречеш како сакаш од предавник, дезертер, тикварка, глупачка и што уште не на темава.
Патем апашите од православна црква парите да ги вратат што ги украдоа од нас! Арамии.
Леандра сестро ти остана ли плуканица во твојата уста. Плукаше по македонскиот народ од кој рече дека ти се гади, плукаш на монахињи, плукаш на Црква, плукаш на родољуби, доктори на науки, плукаш на се што е македонско, што ти вреди сега ако плукаш и по мене.
--- надополнето: 25 септември 2013 во 18:43 ---
Долг спрема што и спрема кој?

Мојот свет е прв и последен. Само јас сум важен на овој свет. Сето друго е идеологија и лага. Нацијата, народот, државата, се се тоа апстрактни категории кои служат одредена група на луѓе да злоупотребува друга група на луѓе.
Нека биде така, дека само ти си важен на овој свет. Ама кој си ти?
Безчесно животно или високочесно прекрасно уникатно суштество. Што сакаш да бидеш: убав и силен или грд и слаб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom