Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

L

Luki Junior

Гостин
Зошто така мислиш братче. Јас би се гордеел на твое место. И кога имам таква работа сум посебно исполнет.
Гордоста траа првите 10 минути додек не се испотеш. После само преминува у фрустрација и нервоза, пропратена со миљон егзистенцијалистички прашања. Damn You, Franz Kafka. ;)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Би прифатил да ме вика губитник sardaukar доколку јавно ги каже сите дела што ги има направено за доброто на Македонија и македонскиот народ. Не ме интересираат форумски постови, барам листа на сите дела што ги има направено и кое било нивното директно влијание врз благосостојбата на македонската заедница. Барем ако се фали, нека каже колкав маж е :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Дали тоа ќе има врска со темата за исселување на Македонците?
Сардакаур,
Дефинитивно треба да застаниш негде Чаир, топана па а дознаеш дека некој македонец продал стан, одма да го застанеш и да му мавнеш заушка. Пратиш огласи како иде земљиште, њиве и станови у тие општини? Не ама длабоко се секираш за македонците што отишле странство.
А сега муабетот што го водиш е како да покрај Плитвичко езеро пробуваш да наполниш чаша вода од една капка вода во калта (покрај езерото) која мириса на трулеж и си велиш ова е она правото.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Да, они беа првите со антички Македонци и од нив е поделбата на патриоти и предавници на форумов.
МАМЕ ЕБАА ТОГАШ , шо банови попив..... дури ни олипијадава ми нема даено толку банови од теми :icon_lol:
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Секако. Голема врска. Одговори ми кратко немора да објаснуваш.
Не сум запознат за таа размена на мислења меѓу Миленко и Тони.
--- надополнето: 26 септември 2013 во 20:12 ---
Епа оди во Сахара посади грав во песокот да те видам колку ќе никни.
За некои работи кога се нема услови, се нема и крај.
Во Македонија општата маса е на незамисливо низок степен на свесност и култура.
И не можиш да очекуваш ти таа маса народ со ниска свест и култура да поседува критичко размислување и објективност во согледување на работите.
А од муабетиве шо ги чкрапаш на форумов добивам впечаток дека и ти не ги поседуваш тие карактеристики за да се одвоиш од општата маса на народ.
Не сегде се може, но сегде нешто може.

Сахара
--- надополнето: 26 септември 2013 во 20:22 ---
И не можиш да очекуваш ти таа маса народ со ниска свест и култура да поседува критичко размислување и објективност во согледување на работите.
Примитивизмот и простодушноста се многу блиски. А простодушноста (една од добрите страни на голем дел од македонскиот народ) е прекрасна особина. Според мое мислење тоа е токму особината која ќе го спаси македонскиот народ наспроти проблемот на непродуктивноста произлезена од самозамисленоста - се пошироко раширената особина на модерниот човек.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.863
Поени од реакции
4.815
Примитивизмот и простодушноста се многу блиски. А простодушноста (една од добрите страни на голем дел од македонскиот народ) е прекрасна особина. Според мое мислење тоа е токму особината која ќе го спаси македонскиот народ наспроти проблемот на непродуктивноста произлезена од самозамисленоста - се пошироко раширената особина на модерниот човек.
Decko so nafta pies?
 
П

Пепси_

Гостин
Decko so nafta pies?
Кај си видел нафта да пие некој у македонија бе кој има пари за таков луксуз ? :pos: :pos:


Типчето е откачено скроз,брат кога последен пат си јадел 10ка со кромид ? си осетил луто на газот ? е исто така се осеќаме пола македонци.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Стар член од Кајгана, ако ти текнува беа екипа Еди ребел, огледало, битушанец своевремено, Мисирков и уште некој. Дотичниов е член на Македонско Братство кое се формираше кога беше инцидентот за името на Пела. Главна икона во таа екипа беше Миленко. Миленко како што си го дал Господ лицемерно одвратно створење им го сврте грбот. Братството имаше резултат 0. Дрндаа што дрндаа имаше и попови членови, некои и се тргнаа и јавно ги плукаа. Предвесник на ова братство имаше овде на кајгана акција за формирање на невладина организација. Од кога се случија почетоците каде бев и јас член првата дискусија беше: Да се приклучиме на вемеро ќе бидеме појаки. И тука заврши се.

Многу од нив се дел од политичката кампања на владава. Дел од нив се приклучија на Достоинство и му подадоа рака на БЦ. Дел фанови на бугарон Љупчо. На крај испадна дека политички беа секако активирани. Под превезот на патриоти, сите си го пикнаа гзот некаде. Дел се попови во Македонска Архиепископија. Останаа чисти еден двајца, беа организатори за протестине за Министерот за одбрана. Која започна со ќотек врз еден од организаторите. Небитно да не должам. накратко овие луѓе ги заборавија ликовите кои го организираа Пела, ги заборавија оние рамо до рамо кои стоеја на сите протести и дојде ред да не наречат тиквари и дезертери. Оние кои длабоко паднаа под стапалата на Миленко и Мирка.

Толку е мала државата што се знае кој и како дише. Небитно, секој со совеста.
Слабо слабо Леандра. Очекував повеќе од тебе. Додуша надежна си. Има и по некоја нова конструкција наспроти старите. Но се некако аматерски делува, ќе треба повеќе да се потрудиш. Заплетот ти е слаб, ги нафрлаш премногу одеднаш. Ќе треба повеќе да се насочиш на една и да имаш што можи однапред смислен логичен систем на поврзување, а другите сами да помислат што може да се крие и така да повлијае на умовите од читателите. Пошто јас сум искусил многу конструкции затоа можам да те подучам да се професионализираш. Ова вака многу е трупано, нафрлано и се открива како тенденциозно.
--- надополнето: 26 септември 2013 во 21:12 ---
Израел, Ирска, Ерменија. Три држави кои најверојатно не би постоеле на картата на светот ако не биле нивните „дезертери“. И интересно, три држави со слична историја на оспорување од соседите и многу лимитирани ресурси како нас.

За една работа би се согласил со тебе. Тие што заминуваат во странство, заминуваат поразени. Кои пред 50 години заради политички прогони, кои денес заради економски пропаст. И тоа е наш најголем проблем. Тие луѓе не сакаат ни да се сретнат едни со други, а не па да соработуваат. Заради гневот кој им тлее откако биле приморани да заминат. А ние не правиме ништо за да ја прескокнеме таа препрека, туку баш напротив, го зголемуваме јазот.

Македонците не ги спасува организирање во границите на државава, затоа што државава нема доволно ресурси да ги задоволи сите. Македонците единствено може да ги спаси организирана и влијателна дијаспора. Барем на нивото на албанската или српската, па нека биде сметана и за криминална ако треба.
Израел и Ерменија имаат голем број исселеници не поради нивното доброволно заминување туку заради војни и принудни расселувања. И Ирска слично иако не во таа мера.
Израел е токму пример на народ каде огромен број цврсто одлучил и по 2000 години да се вратат во својата земја, речи пустаина, независно каде и да живееле. Токму Израел е доказ за ова кое овде ви го зборував. Еден ден сфаќаш она кое ти е од Господ доверено како твое место, твое е засекогаш. Освен ако не си достоен повеќе за него. Она кое не е твое, туѓо е засекогаш.
Русите се познати како народ каде нема многу исселување споредено со нивната бројност. Па не гледам дека недостатокот од иселеништво им наштетил на нивната сила и големина.
Трајното исселување секогаш е на штета на силата на матичниот народ и личносен пораз за исселениот. И тоа е национално изневерување за кое нема оправдување.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Слабо слабо Леандра. Очекував повеќе од тебе. Додуша надежна си. Има и по некоја нова конструкција наспроти старите. Но се некако аматерски делува, ќе треба повеќе да се потрудиш. Заплетот ти е слаб, ги нафрлаш премногу одеднаш. Ќе треба повеќе да се насочиш на една и да имаш што можи однапред смислен логичен систем на поврзување, а другите сами да помислат што може да се крие и така да повлијае на умовите од читателите. Пошто јас сум искусил многу конструкции затоа можам да те подучам да се професионализираш. Ова вака многу е трупано, нафрлано и се открива како тенденциозно.
Нема што да насочувам Сард, кога Македонија е мала земја сите се знаеме. Знаеме и многу повеќе одколку што мислиш.
Гледајќи те на видеово некако неповрзано и нејасно ми зборуваш, аматерски што би рекол ти. Ме потсеќаш на една пријателка, која забега у екипата на Гиш едно време и заврши на психијатрија па потоа во Струмичките манастири на лечење. Кога излезе збореше баш вака, нејасно и неповрзано на јазик кој очигледно само некои „одредени“ го разбираат. Небитно, муабетот ми е јас да не сакаш да те подучувам?

Туку да се вратиме на темава. Среќа што се појави, читајќи те луѓето уште толку ќе посакаат да избегаат од земјава. Очигледно на различни фрекфенции функционираме со патриотиве.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Малку е чудно во денешно време некому да објаснуваш причини за миграции. Отпрво мислев дека се работи за залутан средношколец ама добро, небитно. Миграции имало отсекогаш и ќе има и тие се сосема природна појава. Нормална работа е за секој човек да си бара решение за егзистенција и да одбере она што е најдобро за него, не само од финансиски аспект туку и од ред други.
Постојат духовно-културни и биолошко-животински страни на човечкото суштество. Некој им дава предност на едните, друг на другите. Јас им давам предност на првите, а не би дозволил умствено да ме заведат туѓите култури и богатства, за да ги зголемам вторите па да ги изгубам првите. Често се случува со заминувањето од Македонија да се изгуби првото, а и второто да не биде задоволително што значи чиста мизерија и пораз.

Прилично е жално да живееш во илузија дека со своето останување всушност помагаш во нешто. За да помогнеш прво треба да си поммогнеш на себе си, ако си невработен и зависен од други луѓе, не си од корист ни за семејството ни за државата. Постојат држави кои се пренатрупани со народ и по оваа логика требало да процветаат, но всушност живеат многу бедно.
Силната и бројна држава кога тогаш повторно ќе се издигне. А малобројната секогаш ќе биде слаба и потисната. Нашево време тоа најдобро го потврдува. Гледај Кина, Индија, Бразил, Русија, Турција.
За националната сила и квалитетниот човечки живот материјалното богатство не е најбитно. Многу западните држави се богати, но сега се национално руинирани. По некој анкети последниве години Ирците се најзадоволни со својата земја и животот во неа, а не се меѓу најбогатите во Европа. Македонците најнасмеани беа во 70тите години. Материјалните поседувања беа неспоредливо помали отколку сега.

Македонија додуша отсекогаш била печалбарска земја и не за џабе има многу стари печалбарски песни. Ништо посебно не се променило.
Како не се променило!? Зошто сме сега малоброен и слаб народ.

Македонија е 20 години силувана од партиски структури де на Курто де на Мурто, самата држава се откажа од западниот дел и му го препушти на нецивилизирани сељандури да се изживуваат врз населението, се ликвидираа скоро сите позначајни компании во приватизацијата и неможејќи да решиме ни едно важно прашање, се зафативме со градење споменици.

И тука треба да останеме и да се бориме. Со кого и како поточно, да се бориме?
Со тие кои се откажале?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Просто е како грав бе sardaukar каде ти е подобро таму ќе одиш да живееш. Нема тука ни кукавици, ни губитници. Така гледа на тоа целиот свет, само македонските патриоти имаат проблем со македонските дијаспорци. Ама и тоа не ме чуди, дека ми е познат нашиот менталитет. Искрено тој проблем го имам сретнато само кај нас.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.666
Поени од реакции
59.762
Од што се откажале sardaukar? Од што ти не си се откажал? Со што ти ја правиш државата подобра и посилна?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Постојат духовно-културни и биолошко-животински страни на човечкото суштество. Некој им дава предност на едните, друг на другите. Јас им давам предност на првите, а не би дозволил умствено да ме заведат туѓите култури и богатства, за да ги зголемам вторите па да ги изгубам првите. Често се случува со заминувањето од Македонија да се изгуби првото, а и второто да не биде задоволително што значи чиста мизерија и пораз.
Тие вредности може да ги практикува некој што има пари. Човекот прво треба да е сит, децата да му се најадени и облечени, да има вишок пари, тогаш може духовно и културно да се издигнува.
Ти зборуваш за претприемништво, а основни работи не знаеш. :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom