Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Има моменти кога ве фаќаат носталгии за семејството,пријателите,местото на живеење...
Знам дека е тешко пошто имам роднини и гледам дека не им е сеедно...

Но дали после се направено се каете што сте си заминале и сте се одвоиле од блиските?

Најчестата причина за селидба од нашава држава се парите... А кога ќе размислиме, кога тогаш сите ќе се одвоиме од своите дома, дали ќе се гледаме 10 пати во годината или 1наш на 3-4 години ќе биде разликата.. Но ако се успее во странство, ќе ви се среди животот на долг рок што е многу подобро него ли да се мачиш тука и да се нервираш за глупости...
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.774
Не се каам, ама ми фалат роднините и пријателите.

не би се вратил таму да живеам во блиско време, но би сакал почесто да си ги видувам тие што ми значат. 8 месеци немам ги видено.

дедо ми посебно ми фали најмногу.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Се каеш затоа што сега возиш Mercedes, а во Македонија ќе возеше Yugo!?
Се каеш затоа што сега без проблеми успеваш да заштедиш пари, а во Македонија едвај ќе преживуваше од месец до месец!?
Се каеш затоа што сега имаш семејство и се гордееш бидеејќи можеш да им овозможиш прекрасен живот, а во Македонија ќе мораше да живеат беден живот!?
Епа другар дефинитивно кога ќе помислиш на овие работи нема да се вратиш во Македонија, и кога би живеел таму некаде, јас би дошол еднаш во годината, на одмор од 10 дена, и тогаш ќе морам да ги слушам нашите простаци кои не знаат нешто друго освен политиката, подли луѓе без трошка знаење во себе... Овде главна тема на разговор се парите, луѓето се болни од оваа болест, па ако не си заминел од Македонија, немаше да бидеш здрав, и 100% ќе ти требаше психијатар, ама џабе е, на нашиве граѓани и "интелектуалци" никој не може да им помогне сега, се разбира со исклучок на одредени. Остани си таму, имај си убав живот, и не се грижи за Македонија ;)
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Стварно добар одговор друже ! Неможе се да се има во животот ама ако се решава некој проблем подобро е поважните работи да ти бидат средени, а со помалите да се замараш подоцна...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Ма не се каам ич. Како да се каам за нешто што свесно сум се трудел да го остварам толку долго време?!
Не планирам никогаш да се вратам да живеам повторно во Македонија, иако се’ оставив зад мене... фамилијата, женската, другарите, сите што ми се блиски. Ми недостасуваат многу, ама имам трпение бидејќи знам дека за некое време се’ ќе се среди и ќе живеам многу подобро отколку во таа дупка на југ.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
Ме фасцинира фактот дека 100% од луѓето кои емигрирале не би се вратиле во Македонија. :transparent:Убедете не да останеме:transparent:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Се убаво тоа дека не е никаде како дома , ама и дома не цветаат рози па да биде подобро од надвор :)
Да те поправам.....
Дома ти е таму каде што ти е најубаво!
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Многумина од вас слушнале многу прикаски за таканаречениот Запад, многу посакуван и желба на многумина од вас, ама кога ќе одите таму ќе видите дека не е ништо подобро од кај нас, само парите.

Многумина кои се иселиле не можат да кажат многу бидејќи со посао куча и куча посао не може да се види темната страна на капитализмот.
 
F

FARANG

Гостин
Where I lay my head is home... Што би рекле Металика. Ми фали Македонија ама факт е светот е голем и убав да премногу да се замарам со тоа што го имам во МКД. Ако не мислиш цело време на Македонија и почнеш да ги гледаш предностите на местото каде си, да го живееш животот секој ден, секој момент воопшто нема да те засега што си оставил таму. На почеток во МКД идев еднаш на секој 2-3 години сега идам 2 пати годишно и таман ми е. Пробав да се вратам поживеав малку и видов дека сега за сега таму ми е тесно и досадно. Сега за сега вака ми е добро.
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Ne si otidov od Makedonija brkaj ki gi parite tuku za kvalitet na zivot taka da ne se kaam nitu edna sekunda, no sekako stranstvo ne e za sekogo I mozam da gi razberam tie sto zborat obratno.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ја не знам ако не се каете,зошто воопшто се идентификувате како Македонци....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom