Делчевец „ограби“ обложувачница: Мајсторски фатени три пресврта за ќар од 500.000 денари! (ФОТО)
Пасиониран обложувач од Делчево денеска успеа да стигне до добивка од нешто повеќе од
8.000 евра (493.750 денари) и тоа со речиси минимална уплата од
450 денари на три ливчиња на кои во неколку комбинации имаше одиграни дека на три натпревари ќе има пресврт односно популарно кажано „еден во два“ односно „два во еден“, објавува „Делчево денес“.
Делчевецот погоди висок коефициент на два натпревари од германските пониски лиги и еден од првенството на Естонија. Мајсторот за обложување одиграл дека на средбата помеѓу Оснабрик и Ханса Рошток на полувреме ќе води домаќинот додека на крај ќе триумфира гостинот. На дуелите помеѓу Ахен и Келн аматери и Транс Нарва и Талина, пак, тој погодил обратен расплет односно водство на гостите на полувреме, а победа на домашните на крајот од средбите.
Дека не станува збор за измама, потврдува и проверката на ливчињата на интернет-сајтот на обложувачницата каде што играл мајсторот од Делчево каде што се добива потврда дека ливчињата се добитни.
Alal neka mu se parite na majstorov gi rasturi 8000 evra so 450 den.