Славните Морепловци (оргинално на руски
Капитани на фрегати) од Николај Чуковски. Книгата е поделена на 2 дела. Во првиот дел се опишани експедициите на Џејмс Кук (
http://en.wikipedia.org/wiki/James_cook) а во вториот експедициите на Жан Франсоа Лаперуз (
http://en.wikipedia.org/wiki/Jean-François_de_Galaup,_comte_de_Lapérouse). Чуковски делото го пишувал како документарец, самата книга е од наративен карактер. Во 18 век со напредокот на бродската технологија, постоела голема конкуренција помеѓу Англија, Франција, Португалија, Шпанија и Холандија за тоа кој повеќе територии ќе превземе во светот. Тихиот Океан тогаш не бил доволно истражуван и претставувал дупка во своевремните мапи на светот. Се претпоставувало дека има нов јужен континент блиску до Австралија. Исто така се барал пократок пат од Европа до Азија. До тогаш трговијата се одвивала по 2 поморски патишта. Првиот бил заобиколувајќи ја Африка кај 'ртот Добра Надеж па преку Индискиот Океан, а вториот заобиколувајќи ја Јужна Америка. Претпоставките биле дека можно е да постои проток негде во Северна Америка што значително ќе ја забрза процедурата, односно дека денешна Канада е всушност море кое ги врзува Атланскиот и Тихиот Океан. Книгата се фокусира на Тихиот Океан и островите Тахити, Хаваи, Нов Зелан, Австралија, Тазманија, Полинезиските острови, Велигденските Острови, западниот брег на Америка и источниот брег на Азија, но и Канарските Острови, Тенерифе, Добра Надеж, Јава, Нова Гвинеја итн, каде што се истражувале растенија, животни, клима и други географски фактори, а особено е посветено внимание средбата со локалните домородци, некои од нив прв пат се среќавале со бели луѓе. Строго препорачливо доколку сте фан на Робинзон Крусо и слични книги од истрориско-авантуристички аспект.