Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Славните Морепловци (оргинално на руски Капитани на фрегати) од Николај Чуковски. Книгата е поделена на 2 дела. Во првиот дел се опишани експедициите на Џејмс Кук (http://en.wikipedia.org/wiki/James_cook) а во вториот експедициите на Жан Франсоа Лаперуз (http://en.wikipedia.org/wiki/Jean-François_de_Galaup,_comte_de_Lapérouse). Чуковски делото го пишувал како документарец, самата книга е од наративен карактер. Во 18 век со напредокот на бродската технологија, постоела голема конкуренција помеѓу Англија, Франција, Португалија, Шпанија и Холандија за тоа кој повеќе територии ќе превземе во светот. Тихиот Океан тогаш не бил доволно истражуван и претставувал дупка во своевремните мапи на светот. Се претпоставувало дека има нов јужен континент блиску до Австралија. Исто така се барал пократок пат од Европа до Азија. До тогаш трговијата се одвивала по 2 поморски патишта. Првиот бил заобиколувајќи ја Африка кај 'ртот Добра Надеж па преку Индискиот Океан, а вториот заобиколувајќи ја Јужна Америка. Претпоставките биле дека можно е да постои проток негде во Северна Америка што значително ќе ја забрза процедурата, односно дека денешна Канада е всушност море кое ги врзува Атланскиот и Тихиот Океан. Книгата се фокусира на Тихиот Океан и островите Тахити, Хаваи, Нов Зелан, Австралија, Тазманија, Полинезиските острови, Велигденските Острови, западниот брег на Америка и источниот брег на Азија, но и Канарските Острови, Тенерифе, Добра Надеж, Јава, Нова Гвинеја итн, каде што се истражувале растенија, животни, клима и други географски фактори, а особено е посветено внимание средбата со локалните домородци, некои од нив прв пат се среќавале со бели луѓе. Строго препорачливо доколку сте фан на Робинзон Крусо и слични книги од истрориско-авантуристички аспект.
баш пред некое време ја прочитав и многу ми се допадна. можеби знаеш да ми кажеш и некој други книги како оваа? пловидби,откривања,острови....
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.106
баш пред некое време ја прочитав и многу ми се допадна. можеби знаеш да ми кажеш и некој други книги како оваа? пловидби,откривања,острови....

Секако.
Роберт Луис Стивенсон-Островот со скриеното богатство
Даниел Дефо-Робинзон Крусо
Херман Мелвил-Моби Дик
Џек Лондон-Од јужните мориња
Џек Лондон-Морскиот волк
Едгар Алан По-Авантурите на Гордон Пим (малку поморбидна е)
Артур Кларк-Големата длабочина (научна фантастика)
Жил Верн-20000 милји под моретo (научна фантастика)
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Последниве две книга баш и ме мрднаа малку од реалноста. Првата ја читав коа бев на одмор тоа беше „ Фатални Желби “ од Бруклин Хадсон. А моментално ( да не должам ) сум на „ Врати Ми Се “ од Гијом Мисо. Книгава е нешто проклето добро. Ме остави два дена, потпчно 48 часа да размислувам, да се пребарам себеси, да ги ископам и најдлабоките корени.

Итан е најславен психолог во америка, неговото име стои на насловната на NEW YORK TIMES со наслов „ ПСИХОЛОГОТ КОЈ ЈА ОСВОИ АМЕРИКА“. Тој е задоволен, нo е сам или пак уште полошо осамен. Се разбудува мамурен до преубава мистериозна девојка, околу него расфрлани најскапи парчина облека од прочуени дизајнери кои ги носеше девојката. Излегува надвор и тоа е тоа, неговит ден, неговиот кошмар, неговото зло.

Книгава не носи од крајност до крајност. Пловиш до крајот и кога таман да заврши, се почнува од ново. Истиот ден, истиот кошмар, истата девојка. Се е исто но дали Итан ќе успее сите работи да ги доведе во најдобар ред за 24 часа ?

Не би верувал дека нема да ви се допадне.. Пробајте :D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.051
"Името на розата" од Умберто Еко. 6 месеци чекав некој кретен да ја врати во библиотека за да можам да ја земам. Не знам што би кажал за оваа книга, а да не е кажано досега на форум. Еко е генијалец и на неверојатен начин ги пишува речениците што можам да кажам дека голташ непрестано страна по страна, губиш осет за време и простор, живееш во книгата и нема денес читаш 50-100 страни и ќе одмараш, читаш додека не те здоболат очите и тоа е тоа. Филмот сум го гледал неколку пати и ми е еден од поомилените, и сега како што многу ја засакувам книгава ќе морам некако да ја имам и неа дома.
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
БЕСМРТНОСТ од Милан Кундера
Уште на првата страна со една мисла ме остави со отворена уста:
"Со одреден дел од битието сите жвееме вонвременски.Можеби само во исклучителни моменти стануваме свесни за својата, а поголемиот дел од времето сме без возраст."
додека ја читам се осеќам како Кундера да ми е влезел во мозокот.Чудно чувство.
Од пола книга прочитено оценка10 според мене.
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Страв од најлошото - Линвуд Баркли
Мистериозен трилер кој ве држи во неизвесност со до последната страница. Се работи за тинејџерката Сидни која наеднаш без збор исчезнува. Колку повеќе нејзиниот татко пробува да ја најде толку повќе сваќа дека воопшто не ја познава сопствената ќерка.
 
Член од
17 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
23
Daphne du Maurier - Rebecca. Дефинитивно ова спаѓа во свој сопствен крос-жанр, хибрид од криминална мистерија, психолошки трилер и детективска приказна со елементи на готика раскажана на уникатен начин.
" Таму беше Мендерлеј, толку тивок, толку таен...Понекогаш се прашувам како ќе беше доколку успеев да живеам таму без страв...Гледав во празна школка без душа, без живот, ниедна трага од силните ѕидови...куќата беше нашето светилиште, сите наши надежи и спомени се погребани во нејзините остатоци. Ниту скитник не би барал засолниште таму...На самрак, шуштењето на листовите наликува на тивкиот од на жена во вечерна тоалета, а белегот во земјата на отпечаток од сатенска чевла со висока потпетица... Готово е, завршено, повеќе не сум опседната, и двајцата сме слободни... Вистина е дека се наоѓам многу стотици милји далеку од Мендерлеј... Мендерлеј не е повеќе наш. Мендерлеј не постои повеќе " (Од воведот на Ребека).
 
Член од
22 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
101
Игра во 'ржта - Селинџер
Иако е еден од најголемите американски класици, од досега прочитани стотина страници не сум баш воодушевена од книгава. Али ќе видиме до крајот.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Која е таа девојка? -Александра Потер
Хаотична комбинација од хероината во книгата која се запознава со своето 10годишно помладо "јас".
Иако белетристика,книгата е одличен начин за да се запрашаме..што би било доколку би имале можност да смениме некои работи од минатото..и со тоа да си го промениме животот.. Буквално враќање назад во минатото но со сегашното размислување... и самата се зачудив што се би сменила... од начинот и стилот на живеење,па се до избор на професија и кругот на пријатели.
Поттикнува да размислиме за работите што ги правиме денес,дали се вредни за целиот тој труд...
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Јас ја читав до неодамна Понижени и Навредени од Достоевски... не знам дали ја има на Македонски во електронска форма некаде Грофот од Монте Кристо да ја најдам..
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Chaos-James Glick- една од потешките книги за разбирање, ја прочитав еднаш, ја читам втор пат и и се надевам дека конечно ќе ја разберам во целост
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Chaos-James Glick- една од потешките книги за разбирање, ја прочитав еднаш, ја читам втор пат и и се надевам дека конечно ќе ја разберам во целост
И јас се надевам :) За да можеш да опишеш на кратко за што се зборува...ме заинтересира сега..
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.693
Поени од реакции
883
Баш денес почнав да ја читам Сестрата на Зигмунд Фројд од Гоце Смилески , но сум скроз на почеток ( дваесетина страни прочитани ) . Засега е ок , и ќе видиме како ќе биде понатаму . Иначе одамна се кандисувам да ја прочитам Мајсторот и Маргарита од Булгаков , па ме интересира дали македонскиот превод е добар ( ако воопшто ја има на македонски ) , или да си го земам српското издание .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom