Што читате во моментов? (со краток коментар)

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.034
Поени од реакции
24.745
Едгар Алан По-Авантурите на Гордон Пим

Иако за бродски приказни и патешествија експерт ми е Џек Лондон, сепак ова е единствениот завршен роман на По односно еден од вкупно двата.
Одличното наративно возење е евидентно уште од самиот почеток. Додека Лондон повеќе се фокусира на приказната и авантурата, По многу повеќе вклучува внатрешни состојби поконкретно оние негативните и мрачните-очај, депресија, катарза, безизлез. Во самиот роман на едно место самиот тој го пишува тоа дека токму тие темни состојби на морнарскиот живот го привлекуваат. Одлично го цели тоа на почетокот кога е заглавен без храна, вода, омалаксан и на работ на смртта во бродските коридори и магацини. Веднаш ми падна во очи сличностите на пишувањето со Кафка, кои тој вториот ќе ги употреби без малку еден век покасно во своите романи како на пример губењето на Росман во викендицата на пријателот на вујко му, заглавувањето на К. во снегот и уште неколку. Приказната се развива интересно и напнато. По е подеднакво мрачен но и брилијантен раскажувач колку што е поет.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Едгар Алан По-Авантурите на Гордон Пим

Иако за бродски приказни и патешествија експерт ми е Џек Лондон, сепак ова е единствениот завршен роман на По односно еден од вкупно двата.
Одличното наративно возење е евидентно уште од самиот почеток. Додека Лондон повеќе се фокусира на приказната и авантурата, По многу повеќе вклучува внатрешни состојби поконкретно оние негативните и мрачните-очај, депресија, катарза, безизлез. Во самиот роман на едно место самиот тој го пишува тоа дека токму тие темни состојби на морнарскиот живот го привлекуваат. Одлично го цели тоа на почетокот кога е заглавен без храна, вода, омалаксан и на работ на смртта во бродските коридори и магацини. Веднаш ми падна во очи сличностите на пишувањето со Кафка, кои тој вториот ќе ги употреби без малку еден век покасно во своите романи како на пример губењето на Росман во викендицата на пријателот на вујко му, заглавувањето на К. во снегот и уште неколку. Приказната се развива интересно и напнато. По е подеднакво мрачен но и брилијантен раскажувач колку што е поет.
Fun fact. One scene in The Narrative of Arthur Gordon Pym of Nantucket visits a whaling ship lost at sea, taking with it all but four crewmen. Out of food, the men drew lots to see who would be eaten, the unfortunate decision landing on a young cabin boy named Richard Parker.

Forty-six years later, there was an actual disaster at sea involving the Mignonette. It became famous due to the legal consequences of some gruesome events on board, specifically the way the men drew lots and decided to eat their cabin boy... who was named Richard Parker.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Лермонтов - „Херој на нашето време“

Руски романтизам. Игра со нараторите на почеток и претставување на ликот Печорин уште пред да се сретнеме со него. Иако е отсутен уште по раскажувањата за него читателот го насетува неговиот специфичен карактер кој е тешко да се дефинира. Налик на Бајроновите обиди да се избега од рутината и досадата, да се спознае нешто ново, поинакво. Печорин не е лик кој постапува според некакви идеали и цели, во него се збиени емотивноста, цинизмот и досадата. Постојано потенцира колку му е досадно. Заради тоа страда, заради тоа повредува, но во ниту еден момент нема да дозволи вистински да ја видите неговата внатрешност. Единствено девојката што сиот свој живот го сакала ќе успее да ја допре неговата суштина, но сепак не може да и биде позната причината за неговата ароганција, надменост и навидум незаинтересираност.

Уште во самиот Предговор сме предупредени да не ги сфаќаме буквално нештата што ќе ни бидат претставени. Портретот на Печорин не е само портрет на еден човек, тоа е алегорија на една цела слаба и дефектна генерација, тоа се хероите на нашето време. Ќе најдеме ли оправданија и можности за идентификација? Ќе предизвика ли тој сожалување и милост заради иронијата на животот? Или пак сè ќе и препуштиме на судбината на која Печорин толку колебливо и се противи и одбива да и верува?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Емаус - Алесандро Барико
Ѕвериште од писател е Барико. Емоционално те внесува да ти плаче душата во себе, без да пролиеш една солза. Прикаска за 4 дечки и една девојка. Нешто налик на Малена до Белучи но тука малку подлабоко пенетрира со психолошките слики на секој лик посебно. Ми се допаѓа тоа што книгата нема розева страна ниту пак црно бела. Едноставно обоена е со бојата на реалното со мали примеси на трагедија - опфатена во неколку реда - и се` е кажано во нив. Ја читаш и просто го сваруваш тоа во себе и си викаш па по ѓаволите можно (ли) е и ова да се случи. Едноставни психолошки слики, возможни во секое време.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.034
Поени од реакции
24.745
Лермонтов - „Херој на нашето време“
Бидејќи сега ја довршувам мојата прва колекција што сум ја собрал од 40 книги светска книжевност, портокалова-морков корица позади, напред слика насловот со црни букви на плава позадина, тие книги се продаваа на штандчето пред саем 3 за 100 денари, таа ми беше следна во план. Од истата едиција сега ја читам

Херман Кестен-Децата на Герника

Тоа е единственото дело на Херман Кестен преведено на македонски и тоа е единствениот пат таа книга да е издадена. Обично имам обичај пред да прочитам некоја книга да ѕирнам биографија за авторот на Википедија за да добијам поцелисходна слика за неговите дела. За Херман Кестен има многу малку, едвај 3 реченици на Википедија што малку ме изненади затоа што има и литературна награда крстена по него, а предговорот на Децата на Герника е напишан лично од нобеловецот и еден од најпознатите германски и светски писатели на 20 век Томас Ман. Во тој предговор критичниот Ман со пофалби настапува за книгата иако како што пишува, грешка на Кестен била тоа што во книгата наратор е 15 годишно дете, кое ни според годините ни според нивото на образование, не може да раскажува на таков начин.
Книгата раскажува за животот на едно деветчлено шпанско (или поточно баскијско) семејство од Герника, Баскијска област, Шпанија. Раскажувачот е едно од седумте деца во семејството кое го преживеало кобното бомбардирање на Герника за време на граѓанската војна во Шпанија на 26-ти април 1937-ма година. Во книгата се чепнува и во политичките ситуации во тој период кој бил најблаго кажано хаотичен, но уште повеќе акцентот е ставен на самото семејство Еспиноза и нивниот историјат, што се случувало претходно, што се слуќува сега, карактерот на членовите на таа фамилија со најголемо задржување на непосредните денови пред бомбардирањето, за време на бомбардирањето, и после. Раскажувањето завршува некаде 60-тина страни пред крајот на книгата каде што и започнува расплетот на целата ситуација. Се приметува дека Кестен не бил благ во описот ниту на ужасите од војната, ниту на валканите делови од карактерите на семејството Еспиноза, пишувајки во ултра хард-кор објективен стил. Вреди да се прочита книгата, меѓудругото и за инат на незаслужено малку отстапениот простор на Википедија за Херман Кестен, но и општо за целата приказна, погледот врз граѓанската војна во Шпанија, разноразните сплетки и интриги во тоа матно време, ненеадејните трансформации на луѓето во зависност од условите, како и обопштените карактери во улогите на семејството Спиноза, колективизмот и индивидуализмот на семејстовото и на секој член одделно, како функционира се тоа и како група и како единка, согласувањето и караниците. Книгата вади добри поуки и одлични описи на различни профили на човекови карактери, а и воопшто не е досадна, туку напротив лесно се чита и има занимливо дејство. Не ја одминувајте ако ја начекате на некој штанд 3 книги за 100.
 
Член од
23 април 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Сакаш ли да посетиш страна
полна со гламурозни преданија,
замав на големи имиња,
на тежини, солзи, страдање?
Де во шумјаштите шуми
здивот слатки мириси,
де небесни зраци
блесне грди беззаконија?
Тогаш оди, о, брате, во Македонија!

Ти сакаш ли да видиш свет,
каде нивга не блесна свободата,
де небото пушта благодат,
а јаремот загрозиле природата?
Де надеж не болска,
де меѓу општата хармонија
вечен плач се слушни, ехти,
каде вечна е агонија?
Тогаш оди, о, брате, во Македонија!

- Иван Вазов
 
Член од
16 април 2013
Мислења
28
Поени од реакции
51
Само што ја прочитав,според мене чиста 10ка!!!:)

Без Збогување-Линвуд Баркли

Утрото кое таа никогаш нема да го заборави,тинејџерката Синтија Арчер се буди и очекува нова расправија со нејзините родители за минатата ноќ,во која што наместо да биде кај една нејзина другарка и да учи,таа излегува на состанок со едно момче.Но кога таа излегува од нејзината соба,сваќа дека нејзините родители и нејзниот брат Тод ги нема! Каде се? зошто нејзиното семејство наеднаш исчезнува без трага? 25 год од нивното изчезнување случајот сеуште не е ни малку решен и Синтија се решава да ја превземе ситуацијата во нејзни раце,сакајки да најде одговори на нејзните прашања. Дали нејзиното семејство е убиено,грабнато и зашто таа е поштедена? или пак ако се живи,зошто ја напуштиле? Синтија формира семејство и има ќерка.Таа се согласува да учествува во ТВ програма наменето за нејзиниот случај,надевајки се дека ке добие одговори на нејзините прашања. Потоа пристигнува писмо,писмо што нема никаква смисла.Наскоро Синтија сваќа дека враќањето во минатото може да биде најголемата грешка во нејзиниот живот..
Трилер кој си игра со вашиот мозок,многу неочекувани настани и непријатни изненадувања.Едноставно ќе ја прочитате во еден здив!!!!! :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Метју Грегори Луис - Монахот

Станува збор за еден почитуван свештеник Амброзио, кој во Мадрид ужива голема репутација кај верниците. Во манастирот тој запознава младо момче по име Розарио, а подоцна сфаќа дека под наметката и тоа име се крие жена по име Матилда... Амброзио низ страниците на овој роман сe заљубува во една млада девојка и запаѓа во пропаст, деградација и злочини за на крај да заврши во еден пекол како последица на пакт склучен со ѓаволот. Низ романот може да се сретне како авторот ги отсликува еротизмот, некрофилијата, инцестот, алчноста па дури и мрачните догми на инквизицијата.

Романот е приказ на тогашното репресивно општество, строгите и конзервативни вредности, олицетворени преку шпанската инквизиција која ги прогонува сите оние кои не се придржуваат на нејзините правила.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Метју Грегори Луис - Монахот

Станува збор за еден почитуван свештеник Амброзио, кој во Мадрид ужива голема репутација кај верниците. Во манастирот тој запознава младо момче по име Розарио, а подоцна сфаќа дека под наметката и тоа име се крие жена по име Матилда... Амброзио низ страниците на овој роман сe заљубува во една млада девојка и запаѓа во пропаст, деградација и злочини за на крај да заврши во еден пекол како последица на пакт склучен со ѓаволот. Низ романот може да се сретне како авторот ги отсликува еротизмот, некрофилијата, инцестот, алчноста па дури и мрачните догми на инквизицијата.

Романот е приказ на тогашното репресивно општество, строгите и конзервативни вредности, олицетворени преку шпанската инквизиција која ги прогонува сите оние кои не се придржуваат на нејзините правила.

И е еден од првите романи во кој се прикажува Сатанизмот. :) Интересен роман, мене ми делува сосема безвременски. Имам мала апатија спрема романтизмот ( постојат исклучоци, нормално ). Треба и семинарска да правам на книгава, на тема сатанизмот во оваа книга и во уште една романтичарска.
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
„Луѓето на Џулај“ - Надин Гордимер
Овој роман на јужноафриканската писателка Надин Гордимер се однесува на апартхејдот во ЈАР и приказната е всушност нејзина претпоставка како ваквиот систем би завршил.
Станува збор за граѓанска војна каде црното население крева востание, напредува и станува доминантно, а белите господари се приморани да ги напуштаат своите домови, да бегаат и да ги спасуваат своите животи. Семејството на Бам и Морин заедно со нивните деца е приморано да бара прибежиште кај нивниот црн слуга Џулај, кој ќе им пружи уточиште во неговото родно село. Така, од господари тие стануваат подредени со цел да ги сочуваат своите животи. Романот е прикажан од гледна точка на жената Морин и преку неа се обработени темите за расна еднаквост, хигиена, брак итн... Кратка книга со доста интересен, предизвикувачки стил на пишување. Топла препорака до сите :)
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
Копилето од Истанбул - Елиф Шафак. Приказна за мислењето на Ерменците за Турците и обратно, споредба меѓу народите низ интересните животи на две девојки - едната Американка од Аризона - мајка Американка, татко Ерменец, очув Турчин (убиствена комбинација :)), а другата Турчинка од Истанбул (копилето од насловот) во фамилија составена само од жени (мажите умираат млади - проклетство), но нималку слична на оние фини, мирни, строго воспитани девојки кои ги гледаме на телвизија. Од почеток малку е обична приказна, но потоа почнуваат да се испреплетуваат животите на двете девојки, кога едната ќе реши да се позанимава со минатото на својата фамилија, и обичното станува интересн.
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
„Норвешка шума“ - Харуки Мураками. Ватанабе е 17 годишно момче кое го губи својот најдобар и едниствен другар кој се самоубива, заминува на факултет за да избега од се’ што го потсеќа на минатото, но тоа не е толку лесно. Девојката на неговиот најдобар другар го прави истот, бега, но не за долго и не далеку. Нивните патишта се вкрстуваат на многу чуден начин и уште почудно продолжуваат понатаму. Во меѓувреме се запознаваме со секојдневниот живот на еден студент во Токио кој живее во студентски дом кој навидум е едноставен, дури и досаден, но самиот лик е многу поинтересен отколку што се чини на прв поглед. До крајот на книгата, до својата 21 година Ватанабе се соочува со уште краеви, секој приказна за себе, со уште девојки, исто толку чудни како се’ друго во книгата....
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Штотуку ја прочитав Убиство на теренот за голф од Агата Кристи и морам да речам дека е една од послабите нејзини книги кои ги имам прочитано. Некако не ми се допаѓаше расплетот на настаните. Накратко, Поаро добива телеграма од еден богаташ кој го моли да дојде што е можно побргу затоа што животот му е во опасност. За жал детективот не стигнува навремено и тука започнува дејството.

Продолжувам со Трета девојка исто од Кристи. Се надевам дека е подобра од оваа.
 

~Miss Tete~

Грофица
Член од
6 септември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
17
Моментално ја читам 206 коски од Кети Раикс. Знам дека има цела серија од книги пред неа, но таа ја најдов во библиотека и ја земав да ја прочитам. На почеток ми беше многу тешко да се концентрирам и не внимавав на дејството. Потоа се навикнав на стилот на авторката и сум задоволна од книгата. Можеби има многу нови изрази од областа на форензиката, антропологијата и што ли уште не, но сето тоа го надополнувам малку по малку. ;) Би ја препорачала на љубителите на мистерија и анализа на мртви тела. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom