Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Стрип: запис со човечки лик на Томислав Османли. Историјат на стрипот. Посебно внимание е посветено на некои стрип-јунаци, важни за развојот и популаризацијата на стрипот. Сега почнав да ја читам. Ова дело, колку што ми е познато е прво од ваков тип, а да е напишано од наш човек. Поради тоа е значајно. Инаку, мене ми пречи комплицираноста на речникот на авторов, честите нејаснотии, па и грешките во пишувањето. Затоа е измислена лекторската дејност. Сите грешиме понекогаш.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.059
Поени од реакции
24.935
Славните Морепловци (оргинално на руски Капитани на фрегати) од Николај Чуковски. Книгата е поделена на 2 дела. Во првиот дел се опишани експедициите на Џејмс Кук (http://en.wikipedia.org/wiki/James_cook) а во вториот експедициите на Жан Франсоа Лаперуз (http://en.wikipedia.org/wiki/Jean-François_de_Galaup,_comte_de_Lapérouse). Чуковски делото го пишувал како документарец, самата книга е од наративен карактер. Во 18 век со напредокот на бродската технологија, постоела голема конкуренција помеѓу Англија, Франција, Португалија, Шпанија и Холандија за тоа кој повеќе територии ќе превземе во светот. Тихиот Океан тогаш не бил доволно истражуван и претставувал дупка во своевремните мапи на светот. Се претпоставувало дека има нов јужен континент блиску до Австралија. Исто така се барал пократок пат од Европа до Азија. До тогаш трговијата се одвивала по 2 поморски патишта. Првиот бил заобиколувајќи ја Африка кај 'ртот Добра Надеж па преку Индискиот Океан, а вториот заобиколувајќи ја Јужна Америка. Претпоставките биле дека можно е да постои проток негде во Северна Америка што значително ќе ја забрза процедурата, односно дека денешна Канада е всушност море кое ги врзува Атланскиот и Тихиот Океан. Книгата се фокусира на Тихиот Океан и островите Тахити, Хаваи, Нов Зелан, Австралија, Тазманија, Полинезиските острови, Велигденските Острови, западниот брег на Америка и источниот брег на Азија, но и Канарските Острови, Тенерифе, Добра Надеж, Јава, Нова Гвинеја итн, каде што се истражувале растенија, животни, клима и други географски фактори, а особено е посветено внимание средбата со локалните домородци, некои од нив прв пат се среќавале со бели луѓе. Строго препорачливо доколку сте фан на Робинзон Крусо и слични книги од истрориско-авантуристички аспект.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Започнав со читање на Knife of Dreams, 11 дел од серијалот The Wheel of Time на веќе покојниот Роберт Џордан. Го читам изданието од српскиот издавач Лагуна, за кој немам многу добри зборови. Тие имаат навика да преполовуваат целосни книги на два или повеќе дела и така да вадат екстра ќар.
Се работи за херојска фантастика, која не е подобра од она што го пишува Џ.Р.Р. Мартин, ниту од она што го напишал Џ.Р.Р. Толкин (иницијаливе на Мартин и Толкин :icon_lol:), но која не е ни за фрлање. Бидејќи е една од поголемите серии книги (со елементи на сапуница), разлики во квалитетот има, што и не е некое изненадување. За оние што сакаат ваква литература, сепак препорачувам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.779
Поени од реакции
12.244
Доволно е со тајните на Тесла, фби агентите и заверите низ историјата...малку хорор за промена - Мобилен од Стивен Кинг според кој се најавува и филм. Користење на мобилните телефони предизвикуваат лудило, нивните корисници одеднаш го губат умот, изговараат чудни зборови и убиваат се пред себе дури и своите деца.
Следиме неколку личности кои не користат мобилен и нивната борба за опстанок за почеток во Бостон. Што ќе се деси понатаму и на што се должи тоа лудило, ќе видиме :)
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Во моментов ја читам Последна искра од за мене непознатиот автор досега, Даниел Левин. Книгата е слична до жанр и пишување на Ден Браун, дури и се споредува со Кодот на Да Винчи, но сепак, мене ми е малку различна и интересна, бидејќи по подолго време читам ваква книга.

Воедно дејството се случува во Рим и Ерусалим, каде што и на двете места се појавуваат непознатите личности кои копале на одредени локалитети, барајќи некаква реликвија. Во потрагата подоцна се надоврзуваат и адвокат (претходно студент по класична историја) и негова пријателка, како и полицијата, која ги брка нив. Останува да видиме како ќе продолжи.

Доволно е со тајните на Тесла, фби агентите и заверите низ историјата...малку хорор за промена - Мобилен од Стивен Кинг според кој се најавува и филм. Користење на мобилните телефони предизвикуваат лудило, нивните корисници одеднаш го губат умот, изговараат чудни зборови и убиваат се пред себе дури и своите деца.
Следиме неколку личности кои не користат мобилен и нивната борба за опстанок за почеток во Бостон. Што ќе се деси понатаму и на што се должи тоа лудило, ќе видиме :)
Многу добра книга. Сум ја прочитал за два дена, просто не можејќи да издржам што ќе се случи понатаму.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Само што ја прочитав Прирачник за анти антиалкохоличари од Џамбазов. Колку е брутална книгата тоа веројатно се подразбира, земјаќи предвид кој е автор и со оглед на фактот што тематика се опишува. Случки како од филм на врвен режисер, соголување речиси до коске. Ем забавно, ем трагично. Стариот мајстор Џамбазов и неговата преродба.
Топло препорачувам воајерски да му ѕирнете во животната борба со алкохолот.
Јас ја почнав вчера до пола стигнав не можам да прекинам да ја читам ме завлече ептен ,Џамбазов не само што го допрел дното ептен забегал во одреден период од животот.Кажи ми дали можеби ги откри некој од ликовите кои се појавуваат во книгава ? Ме интересираше за некој личности.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас ја почнав вчера до пола стигнав не можам да прекинам да ја читам ме завлече ептен ,Џамбазов не само што го допрел дното ептен забегал во одреден период од животот.Кажи ми дали можеби ги откри некој од ликовите кои се појавуваат во книгава ? Ме интересираше за некој личности.
Па на пример, ти текнува на почеток за големиот актер кој се уништил со алкохолот и по кој има награда која се доделува од областа на театарот- тоа е Ристо Шишков.

Ама овој морам да признам подобро ги скрил ликовите, или пак поанонимни ликови се па не може да ги откриеме.;)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Па на пример, ти текнува на почеток за големиот актер кој се уништил со алкохолот и по кој има награда која се доделува од областа на театарот- тоа е Ристо Шишков.

Ама овој морам да признам подобро ги скрил ликовите, или пак поанонимни ликови се па не може да ги откриеме.;)
Него го препознав како и некој други ликови ,ама девојката неможам да ја разоткријам (Цуци) мислам дека е една ама ај нема да коментирам вака јавно од почит према Игор ,нека остане тајна :) Во секој случај супер автобиографија ,до каде може да отиде човекот на патот кон дното.....
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Луѓе дајте бе 6973490583458 пати е кажано да не оставате само име на автор и наслов, сега па и со слики почнавте. Следно - опомени!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Две книги. The Graveyard Book на Нил Гејмен, авторот на Коралина, Stardust, на Американските богови. Сосем пристојна, квалитетна фантастика, во стилот на Коралина и Ѕвездената прашина. Нешто што изгледа е наменето за помлади читатели (адолесценти, деца), но и на постарите нема да им се слоши.
Втората всушност ја препрочитувам - Ватек од Вилијам Бекфорд (1760-1844). Приказна за еден од калифите од Абасидската династија и неговиот фаустовски договор. Едно тврдење изнесено во предговорот на книгава, напишан од Х.Л.Борхес, со кое, со извесна резерва, се согласувам, а кое вреди да се спомне е дека пеколот во делото на Бекфорд е првиот навистина ужасен пекол во книжевноста. Имено, Борхес истакнува дека пеколот на Алигиери не е ужасно место, туку место каде што се случуваат ужасни работи...
Аворот книгава ја напишал на 22-годишна возраст, за три дена и две ноќи.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Денеска започнав да ја читам Атила од Џон Мен, во издание на Матица. Историски роман, прилично обемен (360 стр.) напишан на лесен и едноставен стил. Акцентот на книгава логично претставува владеењето на хунскиот водач Атила и настаните поврзани со него што се случиле во петтиот век. Сега за сега не сум фасциниран. Прво што ми паќа во око е катастрофалниот превод од англиски на македонски. Конфузни реченици, лошо преведени латински имиња и географски топоними. Замерка имам и за авторот кој си прави некои свои реконструкции кои немаат никаква историска допирна точка. Многу од податоците се искривени и базирани на претпоставки. Сепак романов пред се е белетристика, а не класична историја и е наменет за обичниот читател. Од сето ова сумирано, добра книга за губење време и релаксација во овие зимски денови.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
љубов со мали букви - Франсеск Мираљес.
Еден навидум осамен асоцијален тип го посетува еден четвороножен љубимец - мачорче. И силата и упорноста да фо смени во подобар човек. Лесна книга таман за опуштање во зимските студени денови. Сеуште на почеток, па не можам да додадам уште многу, но ако вреди, ќе пишам во темата. Но според препорака од личности кои ме знаат - вреди.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Папата Јована

Лесна книга која за инспирација ја има Џејн Ејр во секој случај според мене, од причина што има многу сличности во приказната. Дејството е сместено во раниот среден век каде што владеат брутални закони и здравиот разум е многу пати осуден на смрт. Се работи за интелегентна и амбициозна девојка која што водена од жедта за знаење во машкиот среден век постепено напредува во хиеархијата на црквата маскирана како машки свештеник, тука има и сместена и љубовна приказна кон нејзиниот ментор која таа ја отфрла во еден момент. Имам уште 50 тина страници за дочитување и сеуште не е станата папа женава, така што најверојатно тоа ќе биде и кулминација и заплет во приказнава во едно.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
‘‘ Војна и Мир ‘‘ - Том II - Л.Н. Толстој

После првиот дел, во нетрпение го чекав слободниов период за да го почнам и вториот од четирите дела. Приказната продолжува, Николај Ростов се враќа дома заедно со својот најдобар другар Данилов.. Едниствена работа што ме нервира во книгиве е што Данилов зафаќа на р, па писателот толку добро ни го долови што кога ги читам неговите делови и јас зафаќам...
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
"Ловец" од Џенита Лоу. Прекрасен роман за сите љубители на трилер романите. Дејството се случува во Македонија, каде што се испраќаат сандаци со оружје маскирани како хуманитарна помош, со кое се опремуваат регионалните бунтовници и терористи. Но во пратките се наоѓа и бомба, за која не се знае каде е упатена. Во сето ова е замешан големиот криминален бос, Драган Дилавер. Хок Макмилан, американски оперативец, ќе биде испратен во Македонија за да ја разбие оваа криминална мрежа. Негов соработник станува Амбер, која веќе 4 години живее во Македонија, и е искусен агент на ЦИА. Меѓу нив се раѓа романса, но колку таа ќе преживее во ова криминално дувло останува да дознаете.
Ептен ми се допадна книгата, примамлива е и се чита во еден здив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom