NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013


  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
од раце им избега титулата, штета колку сум се нервирал, но ајде првиот пат кога направија офанзивен скок мајами и кога Џејмс даде тројка го немаше Данкан, па следниот напад одма требаше да се стави Данкан во игра да има кој да скока. Џинобили очаен , како ретардиран беше во рацете колку топки упропасти. Несфатливо ми беше како овој искусен тим успеа така да изгуби а имаа 4 разлика на 20секунди до крајот.....
 
Не се разбирам толку многу во правилата на НБА, па да ве прашам вас можеби знаете. Она што го направи Мајк Милер кога си ја соблече патиката намерно, дозволено е? Сигурно во правилата постои дел што се однесува за опремата на кошаркарите, па може и ова да е регулирано некаде.

Во фудбалот, само доколку случајно играчот загуби дел од својата опрема, може да продолжи играта до следниот прекин. Во секој спротивен случај се прекинува играта.
Некако ми стои дека и во кошарката би требало да биде слично или грешам?

И тука е слично, играта продолжува се додека не побара тајм аут некоја екипа или ако играчот не побара од судијата да ја прекине играта за да си ја облече или заврзе патиката.
Едит: :pos::pos:
13v2haD.gif
 
Ама овде проблемот е што овој намерно си ја соблече. Или не видов добро?
 
Последниот напад на Мајами, во регуларен дел, кога беше 95: 92 ЗА Спарс, беше идеална ситуација Спурс да одат на фаул.

Кога имаш во кошарката предност од 3 разлика и противникот има помалку време од времето за напад (19 СЕКУНДИ ЗА MАЈАМИ) но сепак доволно да упати шут , нема подобра
и посигурна работа да одиш на фаул! Тоа е докажано безброј пати на терен во пракса во кошаркава , проверена работа, докторски дисертации се работени на таа тема. ПРОСТО, математички е докажано дека едноставно имаш предност во таа ситуација со часовникот(времето чука за тебе) и пред се психолошка предност= со time management го убиваш противникот и пак ја имаш предноста . Веројантноста во тоа сценарио тимот кој има 3 разлика предност, да изгуби меч во таа ситуација е многу помала од било кое друго сценарио да се случи (да играш одбрана тој напад). Се коцкаш ако не направиш фаул и се правиш курназ преку добра одбрана да ја завршиш утакмицата!

Друга мнооогу битна околност, која уште повеке дава смисла и е пресудна за да се прави фаул е што Мајами НЕМАА ВЕКЕ ТАЈМАУТИ !!!!!!!! ПОИДЕАЛНА СИТУАЦИЈА ОД ОВАА АМИН, ПЕЧЕНА ЗА ФАУЛ.

еве на кратко сценариото со многу варијанти, зошто мораше да прават фаул, иако едноставно (не ја откривме Америка):

Kога Леброн му ја даде на Чалмерс на 12-13 секунди требаше да се фаулира Чалмерс. Целиот притисок е на Мајами и оној кој губи 3 разлика (Чалмерс дури и да ги погоди 2-те слободни) Логично е да се претпостави дека било кој играч би ПРОМАШИЛ едно од тие 2 слободни. ПЛУС Тимот кој изведува слободни тогаш знае дека дури и да ги погоди тие 2 слободни, ПАК КЕ ГУБИ СО 1 разлика, а времето за нареден напад му е ДОДАТНО скратено и доста мало! ГО УБИВАШ ПРОТИВНИКОТ ВО ТИЕ МОМЕНТИ СО стратегијата на ти го дај ми го со фаулите, како постепено се топи времето, а ти пак си ја задржал предноста (тоа е и поентата)

Наредниот напад Мајами нема избор и одат на брз фаул, 1-2 секунди ке минат од време (Спарс пуца 2 слободни) и одприлика им останува на Мајами по изведувањето на слободните фрлања 10 секудни за напад max!!! Е сега логично е да се претпостави и дека и Спарс би утнале едно од тие 2 слободни( притисок е притисок).
ДУРИ И ДА ЈА ЗЕМЕМЕ НАЈЛОШАТА ВАРИЈАНТА ОД ОВАА СЦЕНАРИО за СПАРС : мајами на првиот фаул да ги погоди 2 -те слободни, а СПАРС на нареден фаул од МАЈАМИ ДА ГИ ПРОМАШИ 2-ТЕ!!!!!!
ВЕРОЈТНОСТА ДА СЕ СЛУЧИ ОВАА СИТУАЦИЈА Е МНОГУ МАЛА !!!! (тие кој знаат веројатност и стохастички процеси/настани нека си пресметаат за домашно:свиркам: )

ДУРИ И ДА СЕ СЛУЧИ , Мајами губи ПАК 1 разлика а има само 10 сек (ако не и помалце) за нареден напад кој БИДЕЈКИ НЕМА ПРАВО НА ТАЈМАУТ , ТРЕБА ДА ГО ИЗВЕДУВА ОД СВОЈОТ КОШ! (прилично заебана ситуација за Мајами и било кој тим нели, каде за толку кратко време е многу тешко да префрлиш топка и најверојатно шутот ке биде од неизградена позиција, бидејки Спарс ке
игра пресинг на половината на Мајами) Се знаеше/претпоставуваше дека мајами ке одат на последниот напад на шут за 3, малку храбро ама и НЕМАА ИЗБОР, времето беше кратко, тоа им беше јасно и нив. Дури и да одеа на брзи 2 поени не им оди прилог тоа .........часовникот тече, нареден напад ке требаше да одат на фаул и ништо не постигнале со тоа !

Од друга страна, Спарс не прави фаул и тој напад се случува најлошата варијанта за нив= Дозволија да Мајами пуца дури 2 пати за 3, при што едниот од тие шутеви го изведе оној кој најмалку посакуваа да биде =Реј Ален (Ај ЛЕброн никогаш не бил добар шутер за 3 , ни ке биде , ама и неговата топка можеше да влезе, никога не знаеш =тоа е коцката во ова сценарио)
Кога играш против екипа каде имаш шутер од калибарот на Ален , и да не правиш фаул во тие моменти а знаеш дека противнкот ке оди на шут за 3 и дури дозволуваш 2 шута, тоа или си ненормален и си зависен и неизлечив коцкар или многу не му ја мислиш или ти се плаче за 7 утакмица !

А за тоа дека Данкан во тој напад не играл, тоа е сосема логично и добар потег (намерен или не)
бидејки Спарс мораа да играат со поподвижна екипа и да бранат евентуален шут за 3 тој напад(во превземања и шут од блокови ти треба брзина и агилна одбрана 1 на 1) Данкан за тој напад апсолутно не е погоден како 37 годишен "старец"!!!!! И Diaw дебелиот не е најсоодветен ама цела серија е доста снаодлив во одбраната со Леброн, ако не и одличен во тој сегмент!
Тоа дека демек Бош направил офанзивен скок кој бил пресуден (да бил Данкан немало да се случи, не мора да значи ) едноставно Бош беше на вистинско место и ја собра топката и на крај Ален беше тој кој решаваше и да не погодеше таков тежок шут, џабе скокот.............. Толку не вреди за неиграњето на Данкан да се дига галама како пресуден момент !

На пресот по утакмицата , Италијанецот (воопшто не е изненадување) што го праша зошто не одел на фаул Попович последниот напад, а овој па му одговори со ептен глуп и арогантен одговор =
Не го правиме тоа во НБА:confused: ..........поглуп одоговор не можеше ли да даде ?!.
А што тоа ВИЕ бе ПОпович правите во НБА???!!!!!
Правите од готово вересија , дека ова е демек НБА, не го прави сценариово со фаулот неиздржано глупо или демек нема смисла!!!!! Јас колку што знам и во НБА се игра кошарка :pos: . Дали Австралија или Кинеска ш-лига (нека го праша Т-mac;) ), Европа или NCAA ништо не менува бе другарче тоа !

Ни во најлошите кошмари не ми испаѓало дека оваа екипа на Спарс ке прокоцка ваква партија...........и тоа дури 2 пати за 48 минути (+13 и +5 на крајот)

Да биде пародијата уште поголема, на клупата го имаа Спарс Т -mac , како консултант :pos: да им биде во тие "кризни" моменти кога Спарс ја пуштија партијата низ вода, бидејки падов на Спарс беше по карактер како онаа партија кога Т mac ги скина Спарс со неговите 13 поени за 1 минута!

За наредна партија Данкан сигурно ќе нема вакви бројки= на полувреме Данкан имаше 25 поени и 8 скока за разлика од само 21 поен на Вејд +Џејмс +Бош заедно !!!!!!(пропадна неговата феноменална партија), но исто така и Ману, Тони и Грин не верувам дека ке бидат сите тројца толку очајни !!!!!

Чалмерс тешко дека ќе повтори фантастична партија !!!!! (тој беше клучот зошто на полувреме не беше +15 за Спурс)

За евентуален психолошкиот пад на Спарс по оваа партија........па не играат прво финале........4 титули имаат веке и сигурно не им се на среќа =знаат што треба и како треба во вакви моменти, и играчите и Попович ! Единствено Мајами што игра мајсторка дома е некоја предност, ама па и 6-та утакмица имаа домашен терен и пак се удавија, изиграа катастрофално Мајами !

The Spurs’ backcourt failed to come through on both ends. Parker, Ginobili, Neal and Green combined to go 11-for-42 from the floor (26.2 percent)
and 4-for-14 (28.6 percent) from beyond the arc with 10 turnovers, eight of which were committed by Ginobili

Не му е пишано на Т -mаc да има титула..........тоа е .............макар и со лежење................тој е клетвата !!!!!
 
Utre lupam edno 50 evra na Majami deka tepa i osvaja..... za vas ne znam ...
 
Утре сабајле е мајсторката? Има на Спорт Клуб?
 
Утре сабајле е мајсторката? Има на Спорт Клуб?


Сериозно прашуваш дали ќе ја има? :facepalm: Како може последен натпревар, мајсторка во финале да нема пренос? Аман бе луѓе, прашавања за дали има пренос ми го уништија форумов...

Утре ќе навивам за Сан Антонио, се надевам дека нема пак да заебат..
 
Последниот напад на Мајами, во регуларен дел, кога беше 95: 92 ЗА Спарс, беше идеална ситуација Спурс да одат на фаул.

Кога имаш во кошарката предност од 3 разлика и противникот има помалку време од времето за напад (19 СЕКУНДИ ЗА MАЈАМИ) но сепак доволно да упати шут , нема подобра
и посигурна работа да одиш на фаул! Тоа е докажано безброј пати на терен во пракса во кошаркава , проверена работа, докторски дисертации се работени на таа тема. ПРОСТО, математички е докажано дека едноставно имаш предност во таа ситуација со часовникот(времето чука за тебе) и пред се психолошка предност= со time management го убиваш противникот и пак ја имаш предноста . Веројантноста во тоа сценарио тимот кој има 3 разлика предност, да изгуби меч во таа ситуација е многу помала од било кое друго сценарио да се случи (да играш одбрана тој напад). Се коцкаш ако не направиш фаул и се правиш курназ преку добра одбрана да ја завршиш утакмицата!

Друга мнооогу битна околност, која уште повеке дава смисла и е пресудна за да се прави фаул е што Мајами НЕМАА ВЕКЕ ТАЈМАУТИ !!!!!!!! ПОИДЕАЛНА СИТУАЦИЈА ОД ОВАА АМИН, ПЕЧЕНА ЗА ФАУЛ.

Сето тоа е во ред, но има еден мал проблем. При обид да се направи фаул во таква ситуација, играчот кој е фаулиран многу лесно може да направи едно мало движење со телото, и да делува како да се обидувал да шутира, и наместо 2, да добие 3 слободни фрлања. Судиите едвај чекаат такви ситуации, затоа што во НБА генерално се смета дека таков фаул е педерски потег.
 
Утре сабајле е мајсторката? Има на Спорт Клуб?

Ма јок,зошто би го давале најважниот натпревар на сезоната кога можат да даваат реприза од тениските турнири
 
Сериозно прашуваш дали ќе ја има? :facepalm: Како може последен натпревар, мајсторка во финале да нема пренос? Аман бе луѓе, прашавања за дали има пренос ми го уништија форумов...

Утре ќе навивам за Сан Антонио, се надевам дека нема пак да заебат..
Е стварно е глупо прашањето,ама да знаеш дека е можно.Кој следел кошарка на Обн си знае,кога мистериозно им се распадна проектот,и не ја дадоа седмата утакмица:facepalm:.
 
Е стварно е глупо прашањето,ама да знаеш дека е можно.Кој следел кошарка на Обн си знае,кога мистериозно им се распадна проектот,и не ја дадоа седмата утакмица:facepalm:.


OBN и Sport Klub се тотално различни проекти, и знаеме дека Спортклуб се доста сериозни околу работата.
 
Дајте некој линк на кој гледате утакмица ама во HD квалитет.

Јас ги гледам на balkansport.info ама последниве натпревари им се само за VIP претплатници...
 
Дајте некој линк на кој гледате утакмица ама во HD квалитет.

Јас ги гледам на balkansport.info ама последниве натпревари им се само за VIP претплатници...

ТУКА, имаш и сопкаст и торентстрим со шпански коментатори.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom