NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013

  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Коцка де не провоцирај. Оди запали некоја свеќа за Реј пошто далеку беше ова од газење и што Леброн погоди кога требаше.
 
tumblr_mdzfxuHKF91r47wsdo1_500.gif

уште не ми се верува се што се издешава... за момент мислев готово е... срцето ми лупаше 300 на сат.. дури и смешно ми е како спарси ја испуштија титулата од раце какви грешки само како да замрзнаа и се уплашија дека се на секунди од прстените.. чиста среќа што Грег го стави Тони на клупа пошто типов ќе колебираше рака на срце а и имаше искрено фаул од Ален мада пред тоа Ману направи три корака сега не знам дали е тоа оправдување..како и да е ова е според мене мечот на сезоната и искрено се надевам следната нема да биде како оваа тука хит да ги испратат рано со еден блоу аут..
 
Денес 11 беа :pos::pos:

Коа е седмата?

Доколку сакаш да кажеш дека лошо ја изиграл последната минута нели би си отишол 1 минута порано, а не 11? :icon_lol:

Иначе четврток спрема петок веројатно пак од 3. :)
 
Доколку сакаш да кажеш дека лошо ја изиграл последната минута нели би си отишол 1 минута порано, а не 11? :icon_lol:

Иначе четврток спрема петок веројатно пак од 3. :)

Грешка у кораци, ипак ме сфати тоа што мислев :)
 
Леброн Леброн Леброн,аман те бе луѓе.не викам дека не изигра страшна четвртина,ама се игра цела утакмица,а не само последната.И што ќе се десеше,да изгубеше мајами,он ќе беше главен кривец,ја усра на крај,пали тројке ко луд,кога треба да завршува он додава,топката од раце му паѓа.Голем играч е не викам не,ама никад нема да биде ко Коби,а пак за Џордан ич муабет да не праемо.Треба споменик да му изградите на Реј Реј(y).Ајде сеа удрите по мене:D.
 
Не одрекуем дека беше катастрофа Леброн сиве овие 6 утакмици, ама на крај дека изигра изигра. И сеа викаш никад нема да биде ко Коби, јас на пример океј не ги споредувам и за тебе може Коби е подобар за мене Леброн ама баш ми текнува на форумов колку се палевте кога Коби беше 0/19 и после даде 3 по ред коша за да тепаат Лејкерс значи заврши 3/22 нешто така беше.
 
Абе шо сакате кажете ама Ману ја реши текмава,какви почетнички грешки прави човек би помислил прва година во НБА му е.Реј Реј е манот,знаев дека тој ќе ја реши би сакал пак да се врати во Бостон,знаев дека ќе игра одлично во Мајами ама дека ќе решава во финале тоа не очекував.Не знам кој му беше филмов на Грег шо не побара тајм аут во решавачкиот напад.Не ми се верува дека СА испуштија предност од 13 поени,но голема кривица на Поповиќ му беше шо го остаде Ману цел натпревар да прави грешки,кај беше катастрофа цел меч,па уште и решавачкиот напад му дозволи да го одигра без нацртан напад.Иако сакав Тим да го стави 5от прстен сепак мислам дека ова беше решавачки натпревар сега СА се психолошки уништени и не веревувам дека ќе освојат.
 
Ke se osmelam da go iskritikuvam Greg, zasto Dankan go vadese, stvarno ne mi e jasno, pa na kraj so nego sigurno nemase tie defanzivni dva da se slucat, ili bar samo 1 od niv ke se izdesese ...
Tuka ja izgubija tekmava, a mozebi i serijata, ja imaa, nivna bese, ali NBA, where amazing happens, toa e, sekoja cest za Miami, sekoja cest. :cuc:
 
Абе шо сакате кажете ама Ману ја реши текмава,какви почетнички грешки прави човек би помислил прва година во НБА му е.Реј Реј е манот,знаев дека тој ќе ја реши би сакал пак да се врати во Бостон,знаев дека ќе игра одлично во Мајами ама дека ќе решава во финале тоа не очекував.Не знам кој му беше филмов на Грег шо не побара тајм аут во решавачкиот напад.Не ми се верува дека СА испуштија предност од 13 поени,но голема кривица на Поповиќ му беше шо го остаде Ману цел натпревар да прави грешки,кај беше катастрофа цел меч,па уште и решавачкиот напад му дозволи да го одигра без нацртан напад.Иако сакав Тим да го стави 5от прстен сепак мислам дека ова беше решавачки натпревар сега СА се психолошки уништени и не веревувам дека ќе освојат.
Го следев пресот после утакмицата, Паркер и Тими беа океј, Џинобили звучеше посрано, на дното од земјата беше.
Ми се плаче што Тими нема да го стави 5иот на прст, али Грег згреши ептен што го извади, а и слободните на Ману и Ленард ептен решија едно да погодеа мислам дека крај ќе беше.
 
Најголема кривица за ваквиот крај има Поповиќ,прво не бара тајм аут во време кога се крши резултатот,после гледа дека Џинобили е очаен,не само што не го вади од игра туку и му дава да ги решава најбитните напади и тоа без да побара тајм аут и да нацрта салам напад.Се надевам дека во седмава ќе се разигра Ману бидејќи како што кажа и сам Поповиќ кога Ману е Ману Спарси немаат проблем.
 
А гледам сите сте го заборавиле слободното на Ленард, да го дадеше ќе беше 4 разлика и најверојатно сега Спарси ќе маршираа низ Тексас со пехарот. Да не ме сфатите погрешно, не го кривам него стрикно, него само да потсетам дека тоа имаше огромен удел.

Покрај Реј Реј кој излезе 6 пати поголем мудоња од Леброн за мене човек на мечот беше Крис Бош!!! Да, убаво прочитавте Крис Бош. Фати офанзивен во последниот напад на Мајами во регуларниот дел и му додели асистенција на Ален а потоа во продолженијата го залепи Грин во обидот да израмни и да ја одведе утакмицата во второ продолжение. Некако на последниве 2-3 утакмици Бош ми изгледа најборбен и најпожртвуван, се фрла по паркет, се бори како лав. Колку и да го хејтаме и да правиме шеги на негова сметка сепак човекот игра со срце, а тоа кај мене не останува незабележано.

Друг решавачки момент на утакмицата беше Ману и неговата очајна игра која го краси во текот на целата серија. Блесна на претходната текма, али очигледно тоа бил повремен блесок. Стварно не ми е јасно што сакаше да направи во продолженијата, која ли му беше идејата...??

Леброн, човек да му ја погледне статистиката ќе рече сам ги потопил Спарси ама реално не е така. Гледав со двајца другари од кои едниот фан на Хит и човекот живци искина со Леброн, а и во право беше затоа што премногу подава, премногу ја префрла одговорноста на други. Нема везе лошиот процент на шутеви, тоа на многу играчи се случува, него начинот на кој ги промашува тие шутеви. Спарси прават switch во одбрана и Леброн останува со Сплитер да изигра 1 на 1 и момакот ја подава на Чалмерс. Па ја језда не сум фан на Мајами ама и мене ептен ме напна Леброн, па јебем ти матер колкава животиња си иди изеди го кошот со се Сплитер... Борис Диа го чува во одбрана овој зема некои нерезонски шутеви или повторно подава колку само да не шутне, наместо да го помине и да го скрши кошот. Е за оваа работа Коби е светлосни години пред Леброн, нема кај него трте мрте, се знае дека он ги зима решавачките шутеви.

Шо знам, според мене 95% Мајами освојува, Спарси не искористија златна можност да се докопаат до нов прстен. Кога нема да искористат ваква слаба вечер на Леброн и Вејд ондак нема што повеќе да очекуваат.

П.с. Има некое инфо за повредата на Вејд? Ќе биде ли спремен за финалната текма?
 
Единствениот кривец за поразот на Сан Антонио, кој најверојатно ќе ги кошта титула, е Попович. На почетокот на четвртата четвртина, предолго ги остави Данкан и Паркер на клупата, дозволи Мајами да ја стопи предноста од 10 разлика. Џинобили беше очаен, му даде голема минутажа. Се знае дека Ману е играч од серија. Кога му оди, се му оди, но кога ќе влезе во црна серија, најпаметно е да навива од клупата со крпата во раце. Потоа, на последниот напад, го извади Данкан за да има пет играчи кои ќе бранат шут за три поени, а како да не сметаше дека може да дојде до офанзивниот скок. Данкан требаше да остане, и можеше да го прати Бош ако и тој се ободе да шутира тројка. Всушност, и врапчињата на гранка знаеа дека Леброн ќе шутира, а него и вака и онака ништо не му одеше во последните 5 минути.

Неверојатно е што преискусна екипа како Сан Антонио не успеа да реализира, и многу ми е жал за Ленард кој го промаши слободното фрлање, а беше најдобар на теренот. Сега сите ќе го паметат по тоа слободно, никој нема да го памети по извонредната игра во сите натпревари.

За седмата утакмица, мислам дека Сан Антонио нема многу шанси. Прво, психички е невозможно после онаков пораз да се вратиш, а второ, онаква очајна игра на Вејд, па и на Леброн во поголемиот дел од мечот тешко дека ќе се повтори. Секоја чест за Ален, како мртов ладен им ја пукна тројката, и многу важните поени во продолжението...
 
како шо гледам голема грешка напрајв шо исклучив телевизорот на крајот од 3та четвртина, искрено живци искинав со леброн, ама еве како шо гледам колку толку се извадил... се чека снимка сеа, во 8 ќе има на спортклуб
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom