85 издание на Оскарите

За кого навивате во категоријата за најдобар филм?

  • Amour (2012)

    Гласови: 10 10,9%
  • Argo (2012)

    Гласови: 6 6,5%
  • Beasts of the Southern Wild (2012)

    Гласови: 0 0,0%
  • Django Unchained (2012)

    Гласови: 31 33,7%
  • Les Misérables (2012)

    Гласови: 18 19,6%
  • Life of Pi (2012)

    Гласови: 7 7,6%
  • Lincoln (2012)

    Гласови: 13 14,1%
  • Silver Linings Playbook (2012)

    Гласови: 5 5,4%
  • Zero Dark Thirty (2012)

    Гласови: 2 2,2%

  • Вкупно гласачи
    92
  • Гласањето е завршено на .

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Не ми се сите гледани, ама зошто Џанго нема номинација за саундтрак?
Се знае дека скајфол ќе добие(оти друга шанса нема), меѓутоа номинација :
Има разлика меѓу саундтрак и theme song.
Скајфол е далеку од освојување на оскар за саундтрак (тука сум раздвоен, не знам дали да навивам за оскар да добие или не пошто пред Крег ерата имаше каде каде подобри scores а сега добија номинација ама нема везе тоа е друг муабет и приказна).

А добро прашање иначе :) Најверојатно пошто theme songот на овој Џанго е истата песна од оригиналниот Џанго па затоа и не е номиниран :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Оскарот е за оригинален саундтрак.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Не ми се сите гледани, ама зошто Џанго нема номинација за саундтрак?
Се знае дека скајфол ќе добие(оти друга шанса нема), меѓутоа номинација :
Не сум сигурен, ова е само еден лаички одговор - мислам дека има некаква врска со некои заебани правила на Академијата да е оригинална тема, т.е. музика специјално напишана за филмот, а како што забележав, Џанго е полн со „позајмена“ музика! Ако не е ова^^ тогаш е голема грешка зошто не е номиниран! За саундтрак јас сум разочаран што го нема Cloud Atlas. Очекував - ако ништо друго, барем оваа номинација да ја добие, ама ништо.
 
А

Анноун

Гостин
- уште 2 ми останаа. Џанго утре одам да го гледам на кино , а исто почнав да се предомислувам и за Лес Мизерабљ да го чекам на кино , чим Ане ќе ја има феноменално кратки 20 минути .

- планирам да ги изгледам уште : No , A Royal Affair - мислам дека овие два вредат да се видат покрај Amour од странските.
+ од другите категории : The Master , The Impossible , The Sessions. До 5ти Feb ќе сум готов со "домашното" .

- уф , ми олесни . Мислев дека Џесика Честејн е главен фаворит за оскарот. Но Џенифер Лоренс била кандидат број 1 за оскар со 1.50 квота. Ако има правда , Џенифер треба да го земе оскаров . Да не претерувам , ама покажа 3 пати повеќе од Џесика , гледано филм вс филм одглумено.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Да не знае човек дали да му даде лајк или картон...

Гледај го на кино не се заебавај.

Џесика Частеин беше прв фаворит а Џенифер Лоренс беше 4-5та, но работите се сменија. Џесика лани имаше едно 4 улоги подобри од оваа за која е номинирана. Од новиве филмови на Кетрин Бигалоу пролив ме фаќа. Зошто не може да направи нешто како Point Break и да не олабави од овие срања...?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Од новиве филмови на Кетрин Бигалоу пролив ме фаќа. Зошто не може да направи нешто како Point Break и да не олабави од овие срања...?
Мене ми остана уште Zero Dark Thirty, ама се повеќе и повеќе губам желба да го гледам. По ова твоево - уште повеќе изгубив желба. Што ако и мене ме фати пролив?

Ама имам еден проблем - не знам кој од номинираните ми остави најсилен впечаток. Life of Pi, Django, Miserables или SLP??? За кој да гласам? Некако се ме влече кон Silver Linings, ама ќе подразмислам троа!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Номинација за оскар за 20 минути во филм :pos:

И Лео заслужи оскар :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
А бе гледај го филмот не бамбури многу :) Тие 20 минути ќе ги памтиш цел живот, за разлика од минатогодишната победничка за која се кладам дека без гуглање не памтиш ништо.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Ne be, cekaj sea, ke ti kazat kolku Leo imal ubavi ulogi niz vremeto I kolku on go zasluzuva poveke, poso taka se davale oskari. :D
Лео имаше убави улоги низ времето и он го заслужува повеќе пошто така се даваат оскари.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Номинација за оскар за 20 минути во филм :pos:
А се сеќаваш на Shakespeare in Love, не ми текнува која година беше? Џуди Денч освои Оскар во истата категорија за која зборуваш, за глума од помалку од 8 минути!!! За да биде иронијата поголема, тоа беше единствен случај до тогаш две актерки да бидат номинирани за портретирањето на иста личност (иста улога) во два различни филма (до душа, не беа во иста категорија, едната за главна, другата за споредна улога, но сепак...) - кралицата Елизабета I. За 7 и пол минути Џуди Денч зеде Оскар за споредна улога, а за цел филм Кејт Бланшет (за Elizabeth) остана само со номинација. Заклучок - не кој колку време е на платно, туку кој каков впечаток оставил додека е на платно!!!
--- надополнето: 26 јануари 2013 во 23:41 ---
...за разлика од минатогодишната победничка за која се кладам дека без гуглање не памтиш ништо.
А која беше минатогодишна победничка???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom