dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.412
- Поени од реакции
- 85.365
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Имаше еден јак одговор на прашањето зошто Кинг е номиниран за најдобра споредна а не за главнаКако по ѓаволите Кристоф Волц е номиниран за СПОРЕДНА машка улога ?Точни ли се овие од академијата? Од кадар не излезе 80 посто од филмот. и сега ќе земе уште еден оскар за споредна улога во рок од 3 години. А шо искина , искина.
И ја ова сакав да го кажам, ич не ми е јасно... Цаљда поради насловот на филмот што вика дрегонскај...Како по ѓаволите Кристоф Волц е номиниран за СПОРЕДНА машка улога ?Точни ли се овие од академијата? Од кадар не излезе 80 посто од филмот. и сега ќе земе уште еден оскар за споредна улога во рок од 3 години. А шо искина , искина.
Ентони Хопкинс за 16 минути и некоја секунда доби оскар за главна улога во The Silence of the Lambs![]()
Академијата не одлучува кој актер каде припаѓа, туку филмовите т.е. филмските куќи сами си ја одредуваат категоријата во која актерот/ актерката би можело да се најде. Во ваквиот случај, претпоставувам дека од The Weinstein Company намерно го номинирале Волц за споредна улога бидејќи вака му е посигурно да освои Оскар (а со тоа и филмот да си додаде Academy Award Winning Movie таглајн), отколку во категоријата каде Даниел Дел Луис е прогласен за победник уште кога се дозна дека ќе го глуми Линколн. Иако, ако некој ме прашува мене, Волц понуди подобра улога и имаше далеку потешка задача од онаа на Дел Луис.Како по ѓаволите Кристоф Волц е номиниран за СПОРЕДНА машка улога ?Точни ли се овие од академијата? Од кадар не излезе 80 посто од филмот. и сега ќе земе уште еден оскар за споредна улога во рок од 3 години. А шо искина , искина.
Хопкинс и Ди Каприо во една реченица? сакаш бан и ти излеа![]()
(ова како на постерите за јаките филмови што ставаат мислења од Variety, Time и сл.Крајно предвидлив, но и изненадно забавен, Silver Linings Playbook зрачи со енергија и оптимизам, на кои најчесто се гледа со цинизам
Главна машка улога:
1. Хју Џекмен (уште еднаш покажа дека е одличен актер, не можеше да биде подобар Жан Валжан... а и плус - ВИДИ АВАТАР!)
2. Бредли Купер (најпозитивното изненадување за мене годинава. EXCELSIOR!!!)
3. Даниел Деј Луис (ќе го добие Оскарот најверојатно, и заслужен ќе му биде, но сепак кај мене ќе остане само број 3 годинава!)
4 и 5. [The Master и Flight се дел од она малку што се уште го немам изгледано]
Главна женска улога:
1. Џенифер Лоренс (без конкуренција)
2-5. се останато [The Impossible го немам гледано]
Споредна машка улога:
1. Криштоф Волц (без конкуренција)
2-5. се останато [The Master го немам гледано]
Споредна женска улога:
1. Ен Хатавеј (без конкуренција)
2-5. се останато [The Master го немам гледано]
Номинација за оскар за 20 минути во филм
И Лео заслужи оскар![]()
Ентони Хопкинс за 16 минути и некоја секунда доби оскар за главна улога во The Silence of the Lambs![]()
Buuuurn!!А се сеќаваш на Shakespeare in Love, не ми текнува која година беше? Џуди Денч освои Оскар во истата категорија за која зборуваш, за глума од помалку од 8 минути!!! За да биде иронијата поголема, тоа беше единствен случај до тогаш две актерки да бидат номинирани за портретирањето на иста личност (иста улога) во два различни филма (до душа, не беа во иста категорија, едната за главна, другата за споредна улога, но сепак...) - кралицата Елизабета I. За 7 и пол минути Џуди Денч зеде Оскар за споредна улога, а за цел филм Кејт Бланшет (за Elizabeth) остана само со номинација. Заклучок - не кој колку време е на платно, туку кој каков впечаток оставил додека е на платно!!!
--- надополнето: 26 јануари 2013 во 23:41 ---
А која беше минатогодишна победничка???
Академијата не одлучува кој актер каде припаѓа, туку филмовите т.е. филмските куќи сами си ја одредуваат категоријата во која актерот/ актерката би можело да се најде. Во ваквиот случај, претпоставувам дека од The Weinstein Company намерно го номинирале Волц за споредна улога бидејќи вака му е посигурно да освои Оскар (а со тоа и филмот да си додаде Academy Award Winning Movie таглајн), отколку во категоријата каде Даниел Дел Луис е прогласен за победник уште кога се дозна дека ќе го глуми Линколн. Иако, ако некој ме прашува мене, Волц понуди подобра улога и имаше далеку потешка задача од онаа на Дел Луис.
Ти викам јас, форумов сеуште не е подготвен за твојот сарказам. Мислат дека сеуште си тапчо, што скоро и да не е вистинаШто се попаливте сите, за ИОсоно беше наменет само коментарот![]()