Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Нека не те занесе тоа, Аватар на пример е со скоро иста оцена и кај двете места, а гледај колку е хејтан сега. Се случува филмови со висока оцена да се хејтани отпосле, и обратно.

Ќе го оцениме овај по некој месец, ко ќе излези добра снимка по торентиве. А и актерската екипа ветува.
 
Нека не те занесе тоа, Аватар на пример е со скоро иста оцена и кај двете места, а гледај колку е хејтан сега. Се случува филмови со висока оцена да се хејтани отпосле, и обратно.

Брус Вилис е стар лисец и во тандем со ЏГ Левит ветуваат многу и воедно немаат џиновски штрумфови во Покахонтас свет.

Vlatko_Gjorce На imdb и rottentoamtoes е одлично оценет + фановите на стрипот се уверени дека ова е верна адаптација на стрипот.
 
Moonrise Kingdom - убав филм. Како да имаше некои пропусти во сценариото и ликовите, ама за среќа истите беа замаскирани од визуелниот впечаток. 7.5/10 од мене, не толку поради приказната, колку поради тоа што час и половина уживав во кадрите, боите, музиката, пејзажите итн. Нешто слично на Big Fish, само што овој на Бартон е далеку подобар и покомпактен. Да се гледа исклучиво во HD.
 
Vlatko_Gjorce На imdb и rottentoamtoes е одлично оценет + фановите на стрипот се уверени дека ова е верна адаптација на стрипот.
на метакритик даваат пореални оцени а и читав некои рецензии од фанови на ИМДБ кои му дадоа исто 5, се надевам дека не се у право :unsure: , а тоа за верна адаптација хм хм викаат дека го нема саркастичниот хумор од стрипот, негативецот исто го нема у стрипот (ама па до таму до каде што стигнав со читање освен Џаџ Дет нема некои негативци кои се издвојуваат), градот воопшто не личи на Мега Сити 1 како и униформите и моторите колку што се гледа вака од трејлерот а уште една работа што се гледа од трејлерот - сличноста со The Raid дури и Лина Хеди у трејлерот ја изговара истата реченица - Има цајкани у зградава ги сакам мртви - така нешто беше...
видеќемо.
БТЊ искочи еден број од стрипот, како приквел на филмот.
поради тоа што час и половина уживав во кадрите, боите, музиката, пејзажите итн.
отстрани ''пејзажите'' додај ''атмосфера, глума, ликови, приказна'' = КарВаи :cool: (се погоди смајливо со наочарчињата)
:)
 
Кога сме кај Марио Пузо:
The Sicilian (1987)
Пред некој ден му го препорачав на Бенеамата. Мислам дека е еден од најпотценетите филмови евер. Филм за бунтовникот Салваторе Џулиано кој и се спротиставува на црквата, власта и мафијата. Една верзија на модерен Робин Худ. Снимен е по вистинити настани а според книгата на Марио Пузо. Филмот на некој начин е спин-оф на Кум и во него на почетокот требаше да се најдат и Мајкл Корлеоне и Клеменца, но поради авторски права овие ликови од книгата не се вклучени во филмот.

Топло препорачувам.

Знам дека нема смисла да ти враќам на едно годишно старо мислење ама филмов беше разочарувачки лош во мои очи. Не е ништо посебно а камоли па нешто што мора да се погледне. Пред многу години го гледав и тоа тешко се измачив додека го најдов. Во ниту една видеотека го немаше па морав од странство да го нарачувам. Џулијано(Ламберт) е претставен тука како некоја несфатена митска фигура со радикални идеи за реформи за кои лугето се уште не се спремни и кој повремено краде за да им даде на сиромасите, додека во вистински живот типот ниту се интересирал за тоа, бил бандит и имал врски со мафијата. И искрено да оделе кон таа насока филмот би бил далеку подобар од ова што го имаме добиено. Слично нешто и Ридли Скот направи со неговата верзија од Робин Худ, за нигде испадна. Јуда..ова де, Тортуро во филмов сјае. Теренс Стамп исто така. За Ламберт пак додека можев некако да поверувам дека е Француски Шкот од Њу Јорк овдека е дрво. А чудно бидејки тука е баш во делот од кариерата каде што сеуште не почнал да штанца бескрајни Хајлендер продолженија. Некои сцени не идат никаде, романсата со Камила не оди нигде. Единствени карактери кои добиваат некоја подлабока реализација се Џулијано и Пишота додека сите други се некако пролазни. Филмов се обидува да биде истовремено еп за историска фигура како и лична приказна за Џулијано а не успева во ниту едно од тоа.

Moonrise Kingdom - убав филм. Како да имаше некои пропусти во сценариото и ликовите, ама за среќа истите беа замаскирани од визуелниот впечаток. 7.5/10 од мене, не толку поради приказната, колку поради тоа што час и половина уживав во кадрите, боите, музиката, пејзажите итн. Нешто слично на Big Fish, само што овој на Бартон е далеку подобар и покомпактен. Да се гледа исклучиво во HD.

Не ми се допадна. Андерсон почнува веќе и да ме нервира, сите филмови му се едно исто. Ексцентричен лик гледа во камера. Оди на пат да се открие самиот себеси. Се открива. По пат има прекрасна природа. Крај.

Го гледав негде до пола и после скокав до сцените каде што беше Нортон и го исклучив.
 
Аман бе, два дена ме ребрате, доста веќе :D

Na Biggus Dickus му се допаѓа ова. :pipi:

Кога те цитирам, можеби генерализирам, дан го имаш гледано Coco Before Channel?
Me напнаа да сме го гледале, и единствено размислувам ради прекрасната Audrey која ми е една од најпрекрасните актерки. Башка со акцентов.. :love:
 
Немој вакви капитални гревови да правиш - се пишува со едно 'n' Chanel :D

И не, не го имам гледано филмот. Јас може сум педер, и имам кажано дека студирам дизајн, ама двете во комбинација не значат фешн дизајн. Зошто сите сме сметаат за стереотипен хомо? Мајн Гот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Не ми се допадна. Андерсон почнува веќе и да ме нервира, сите филмови му се едно исто. Ексцентричен лик гледа во камера. Оди на пат да се открие самиот себеси. Се открива. По пат има прекрасна природа. Крај.

Го гледав негде до пола и после скокав до сцените каде што беше Нортон и го исклучив.
Да, приказната е веќе нешто стопати видено, ама ете прекрасната природа, боите, Нортон (иако недоволно искористен), Френсис Мекдорманд (исто) надокнадија. Приказната со децата не ми беше интересна, ама не ми ни пречеше. Не знам, можда е до моментот, можеби бидејќи одамна не сум гледал некаков весел филм.
 
Не е до тоа. Дарџелинг и Зису ми се меѓу најомилените филмови ама само што почна филмов, кога Боби Балабан започна да раскажува за островов и реакција кај мене "А не, не пак ова" ми се појави. Нортон као камперски воџа единствено добар ми беше. Не знам дали е до презаситеност од режисеров или пак треба да си во одредено расположение за да уживаш во филмов ама сега засега јок.
 
Јас немам изградено сеуште некое финално мислење за Moonrise Kingdom, прво дека го глеав до пола пошто ми се приспа и легнав, а второ мислам дека не бев расположен за weird тип на филм кога го гледав. Во принцип сакам вакви храбри обиди и нови идеи.

Интересени колоритетни локации и камера во фаца која те прави да се чустуваш непријатно на моменти. Ми се свиѓаше сцената кога пробаа да се скријат зад шаторот и овој го дигна цел, хаха. Прва третина од филмов беше премногу досадна и незнаев на кај води приказната, понатаму се поправа, за крајот не знам. Кога ќе го догледам ќе допунам збор два доколку мислам дека вреди. ;)
 
Ванила Скај е андеррејтед филм според мене.
Знам дека каснам 11 години за филмов али сега ми текна на филмов а знам ретко кој го спомнува филмов како добар.
И Том Круз до некаде е андеррејтед
 
Како бе Том Круз андеррејтед? Милион улоги доби типот. :)
Веројатно мисли за драмски улоги дека е способен повеќе да прави отколку само акциони филмови. Така го сватив барем.
 
Има и сериозни филмови не е само акционен херој, знае да одглуми и тешки улоги. Ма да мене не ми е нешто стендаут актер.
 
Има и сериозни филмови не е само акционен херој, знае да одглуми и тешки улоги. Ма да мене не ми е нешто стендаут актер.
Најдобри ми се улогите во Магнолија(вау!) и Роден на 4 Јули(брилијантен) на Томе. А и во Очи Широко Затворени не е лош како и самиот филм што не е лош, напротив повеќето што зборат. А за Ванила Скај мислам дека премногу со оригиналот го споредуваат непотребно. И двата филма се добри. А ако веќе зборуваме за подценети филмови на Круз еве ви навистина подценет
http://www.imdb.com/title/tt0089469/

Мада што повеќе филмов го сакам поради Тим Кари и неверојатниот саундтрак од Танџерин Дрим отколку Том. А ни Миа Сара не е лоша.
 
Ванила Скај е андеррејтед филм според мене.
Знам дека каснам 11 години за филмов али сега ми текна на филмов а знам ретко кој го спомнува филмов како добар.
И Том Круз до некаде е андеррејтед

Том Круз далеку е од underrated. А самиот филм "Vanilla Sky" се согласувам, е доста некредитиран во доволна мера, прилично незабележан и баш, underrated. Еден од ретките филмови со Том Круз кои ми се допаднале.

.... Всушност, освен серијалот "Невозможна Мисија", и "Интервју со Вампирот" ништо друго од целата негова кариера не ми се допаднало.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom