Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Кога сме кај Марио Пузо:
The Sicilian (1987)
Пред некој ден му го препорачав на Бенеамата. Мислам дека е еден од најпотценетите филмови евер. Филм за бунтовникот Салваторе Џулиано кој и се спротиставува на црквата, власта и мафијата. Една верзија на модерен Робин Худ. Снимен е по вистинити настани а според книгата на Марио Пузо. Филмот на некој начин е спин-оф на Кум и во него на почетокот требаше да се најдат и Мајкл Корлеоне и Клеменца, но поради авторски права овие ликови од книгата не се вклучени во филмот.

Топло препорачувам.

Знам дека нема смисла да ти враќам на едно годишно старо мислење ама филмов беше разочарувачки лош во мои очи. Не е ништо посебно а камоли па нешто што мора да се погледне. Пред многу години го гледав и тоа тешко се измачив додека го најдов. Во ниту една видеотека го немаше па морав од странство да го нарачувам. Џулијано(Ламберт) е претставен тука како некоја несфатена митска фигура со радикални идеи за реформи за кои лугето се уште не се спремни и кој повремено краде за да им даде на сиромасите, додека во вистински живот типот ниту се интересирал за тоа, бил бандит и имал врски со мафијата. И искрено да оделе кон таа насока филмот би бил далеку подобар од ова што го имаме добиено. Слично нешто и Ридли Скот направи со неговата верзија од Робин Худ, за нигде испадна. Јуда..ова де, Тортуро во филмов сјае. Теренс Стамп исто така. За Ламберт пак додека можев некако да поверувам дека е Француски Шкот од Њу Јорк овдека е дрво. А чудно бидејки тука е баш во делот од кариерата каде што сеуште не почнал да штанца бескрајни Хајлендер продолженија. Некои сцени не идат никаде, романсата со Камила не оди нигде. Единствени карактери кои добиваат некоја подлабока реализација се Џулијано и Пишота додека сите други се некако пролазни. Филмов се обидува да биде истовремено еп за историска фигура како и лична приказна за Џулијано а не успева во ниту едно од тоа.

Moonrise Kingdom - убав филм. Како да имаше некои пропусти во сценариото и ликовите, ама за среќа истите беа замаскирани од визуелниот впечаток. 7.5/10 од мене, не толку поради приказната, колку поради тоа што час и половина уживав во кадрите, боите, музиката, пејзажите итн. Нешто слично на Big Fish, само што овој на Бартон е далеку подобар и покомпактен. Да се гледа исклучиво во HD.
Не ми се допадна. Андерсон почнува веќе и да ме нервира, сите филмови му се едно исто. Ексцентричен лик гледа во камера. Оди на пат да се открие самиот себеси. Се открива. По пат има прекрасна природа. Крај.

Го гледав негде до пола и после скокав до сцените каде што беше Нортон и го исклучив.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Zoshto samo Shkoprion go "zafrkavate"? :D </3

beneamata i wot se tuka veke godini, i nikoj nishto za niv ne rekol <3
Оти само јас трпам добро зафканции од ваков тип, а другиве изгледа се премногу свилени :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.703
Поени од реакции
34.244
Аман бе, два дена ме ребрате, доста веќе :D
Na Biggus Dickus му се допаѓа ова. :pipi:

Кога те цитирам, можеби генерализирам, дан го имаш гледано Coco Before Channel?
Me напнаа да сме го гледале, и единствено размислувам ради прекрасната Audrey која ми е една од најпрекрасните актерки. Башка со акцентов.. :love:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Na Biggus Dickus му се допаѓа ова. :pipi:

Кога те цитирам, можеби генерализирам, дан го имаш гледано Coco Before Channel?
Me напнаа да сме го гледале, и единствено размислувам ради прекрасната Audrey која ми е една од најпрекрасните актерки. Башка со акцентов.. :love:
Немој вакви капитални гревови да правиш - се пишува со едно 'n' Chanel :D

И не, не го имам гледано филмот. Јас може сум педер, и имам кажано дека студирам дизајн, ама двете во комбинација не значат фешн дизајн. Зошто сите сме сметаат за стереотипен хомо? Мајн Гот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Гледаше некој Бинг Бенг на МТВ? Само кај мене беше лош звукот или и кај вас не беше добар?
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Не ми се допадна. Андерсон почнува веќе и да ме нервира, сите филмови му се едно исто. Ексцентричен лик гледа во камера. Оди на пат да се открие самиот себеси. Се открива. По пат има прекрасна природа. Крај.

Го гледав негде до пола и после скокав до сцените каде што беше Нортон и го исклучив.
Да, приказната е веќе нешто стопати видено, ама ете прекрасната природа, боите, Нортон (иако недоволно искористен), Френсис Мекдорманд (исто) надокнадија. Приказната со децата не ми беше интересна, ама не ми ни пречеше. Не знам, можда е до моментот, можеби бидејќи одамна не сум гледал некаков весел филм.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Да, приказната е веќе нешто стопати видено, ама ете прекрасната природа, боите, Нортон (иако недоволно искористен), Френсис Мекдорманд (исто) надокнадија. Приказната со децата не ми беше интересна, ама не ми ни пречеше. Не знам, можда е до моментот, можеби бидејќи одамна не сум гледал некаков весел филм.
Не е до тоа. Дарџелинг и Зису ми се меѓу најомилените филмови ама само што почна филмов, кога Боби Балабан започна да раскажува за островов и реакција кај мене "А не, не пак ова" ми се појави. Нортон као камперски воџа единствено добар ми беше. Не знам дали е до презаситеност од режисеров или пак треба да си во одредено расположение за да уживаш во филмов ама сега засега јок.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
Јас немам изградено сеуште некое финално мислење за Moonrise Kingdom, прво дека го глеав до пола пошто ми се приспа и легнав, а второ мислам дека не бев расположен за weird тип на филм кога го гледав. Во принцип сакам вакви храбри обиди и нови идеи.

Интересени колоритетни локации и камера во фаца која те прави да се чустуваш непријатно на моменти. Ми се свиѓаше сцената кога пробаа да се скријат зад шаторот и овој го дигна цел, хаха. Прва третина од филмов беше премногу досадна и незнаев на кај води приказната, понатаму се поправа, за крајот не знам. Кога ќе го догледам ќе допунам збор два доколку мислам дека вреди. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom