- Член од
- 23 декември 2011
- Мислења
- 980
- Поени од реакции
- 1.365
Кога сме кај Марио Пузо:
The Sicilian (1987)
Пред некој ден му го препорачав на Бенеамата. Мислам дека е еден од најпотценетите филмови евер. Филм за бунтовникот Салваторе Џулиано кој и се спротиставува на црквата, власта и мафијата. Една верзија на модерен Робин Худ. Снимен е по вистинити настани а според книгата на Марио Пузо. Филмот на некој начин е спин-оф на Кум и во него на почетокот требаше да се најдат и Мајкл Корлеоне и Клеменца, но поради авторски права овие ликови од книгата не се вклучени во филмот.
Топло препорачувам.
Знам дека нема смисла да ти враќам на едно годишно старо мислење ама филмов беше разочарувачки лош во мои очи. Не е ништо посебно а камоли па нешто што мора да се погледне. Пред многу години го гледав и тоа тешко се измачив додека го најдов. Во ниту една видеотека го немаше па морав од странство да го нарачувам. Џулијано(Ламберт) е претставен тука како некоја несфатена митска фигура со радикални идеи за реформи за кои лугето се уште не се спремни и кој повремено краде за да им даде на сиромасите, додека во вистински живот типот ниту се интересирал за тоа, бил бандит и имал врски со мафијата. И искрено да оделе кон таа насока филмот би бил далеку подобар од ова што го имаме добиено. Слично нешто и Ридли Скот направи со неговата верзија од Робин Худ, за нигде испадна. Јуда..ова де, Тортуро во филмов сјае. Теренс Стамп исто така. За Ламберт пак додека можев некако да поверувам дека е Француски Шкот од Њу Јорк овдека е дрво. А чудно бидејки тука е баш во делот од кариерата каде што сеуште не почнал да штанца бескрајни Хајлендер продолженија. Некои сцени не идат никаде, романсата со Камила не оди нигде. Единствени карактери кои добиваат некоја подлабока реализација се Џулијано и Пишота додека сите други се некако пролазни. Филмов се обидува да биде истовремено еп за историска фигура како и лична приказна за Џулијано а не успева во ниту едно од тоа.
Не ми се допадна. Андерсон почнува веќе и да ме нервира, сите филмови му се едно исто. Ексцентричен лик гледа во камера. Оди на пат да се открие самиот себеси. Се открива. По пат има прекрасна природа. Крај.Moonrise Kingdom - убав филм. Како да имаше некои пропусти во сценариото и ликовите, ама за среќа истите беа замаскирани од визуелниот впечаток. 7.5/10 од мене, не толку поради приказната, колку поради тоа што час и половина уживав во кадрите, боите, музиката, пејзажите итн. Нешто слично на Big Fish, само што овој на Бартон е далеку подобар и покомпактен. Да се гледа исклучиво во HD.
Го гледав негде до пола и после скокав до сцените каде што беше Нортон и го исклучив.