За сите кои се заинтересирани дали воопшто ќе ги видиме Икс мен,Спајдермен,Фантастичната четворка и Сребрениот сурфер во Одмаздниците одговорот е НЕ!
Филмските права за Спајди се во рацете на Сони и оваа година излегуваат со скроз нов Спајди и немаат намера да се откажат од својата франшиза освен ако сакаш да лупнеш бајаги кеш.
Останатите се сопственост на 20 Century fox и исто како Сони имаат свои амбиции,имено веќе е во план оживување на Фантастичната четворка со нови глумци,нешто слично како што Спајди доживеа.За жал во Ф4 веќе беа опфатени некои круцијални ликови во светот на Одмаздниците како Галактус и Сребрениот сурфер кои имаат свој удел во борбата против Танос(негативецот во продолжението).
Инаку за Луѓето во црно 3 сум скептик,многу беше лоша двојката,да не беше таква катастрофа франшизата ќе имаше некаков успех,вака немам надеж дека старите добри Вили и Томи ќе изведат некое чудо.