Мало појаснување околу брзината на интернетот при користење на ресивер и без ресивер кај 3MAX.
Телевизијата и интернетот се на различни “канали“ брзината на интернет не треба да зависи од тоа дали ти е вклучен или не ресиверот.
Телефонот е трет “канал“ но поради малиот проток кој што е потребен е занемарлив во однос на овие два.
Телевизиски канал отприлика троши 3 МБ/с. За два ресивера се потребни 6МБ/с а ако е вклучено и снимање на главниот во исто време доаѓа до 8-9 МБ/с. Ако парицата (бакарната жица) што ти доаѓа до дома подржува брзини поголеми од 18-19 МБ/с (22-23 МБ/с е МАX) тогаш немаш никаков проблем со користење на сите ресивери во исто време и да имаш 10 МБ/с брзина за интернет во комфорт пакетот.(кај мене парицата подржува 19 МБ/с тестирано)
Поради лошата и стара инфраструктура во поголемиот дел од државата протокот е ограничен на некои 10-12 МБ/с во просек.
Од тие 10-12 МБ/с одземи ги употребените за ТV и за интернет го имаш остатокот. Телевизијата има предност и таа мора да земе дел од брзината потребен за интернет.
Поради овој проблем кај бакарот и не се дозволува трет ресивер. Кај многу корисници би се јавил сериозен проблем (некои имаат проблем и со два ресивера) на недостаток на проток и сликата би се блокирала, кочела и сл.
На некоја мочана парица што има проток едвај 10 МБ/с ако гледаш лига на шапиони во ХД (6 МБ/с) мајка ти гледа лисјата на вториот ресивер (3 МБ/с) за интернет ќе ти остане 1 МБ/с. Ако во меѓу време се вклучи главниот ресивер да снима некоја серија што ти била ставена за снимање, се ти се кочи, интернетот паѓа и принуден си да се откажеш од нешто.
Кај оптика го нема овој проблем од проста причина што оптиката е практично неограничена со проток (до 2ТБ/с или нешто слично).
Кај тие што имаат оптика можат да се врзат и повеќе ресивери и со ХД канали (ХД канал “јаде“ околу 5-6 МБ/с) и нема да има проблем со брзината на интернетот. Затоа и корисниците на Оптика имаат 2 канали ХД повеќе.
Давањето повеќе ресивери кај тие со оптика ќе ги доведува во нерамноправна положба останатите (како сега да не сме
) и затоа не е дозволен трет и повеќе ресивери и затоа нема повеќе ХД канали.