Вака сега дечки, на Xperia-та имам внатрешна меморија од 128 МВ, и мемориска картичка од 2GB. Апликациите и игрите што ги инсталирав го зафаќаат местото на меморијата на телефонот и сега ми остана уште малку слободен простор. Сакав да ги префрлам на SD картичката, прочепкав низ интернет и најдов неколку апликации за таа намена, но таа опција е достапна само за оперативни системи од 2.2 па нагоре, додека Xperia има Андроид 2.1.
Е сега, дали некој знае некој друг начин на префрлање на апликациите, игрите на картичка?
Забележав дека песните кога ги симнувам или префрлам од друг телефон преку блутут одат на картичката...
Исто така, на официјалниот форум на Сони Ериксон имаше најдов една дискусија баш за надградбата на оперативниот систем на Xperia X8 од 2.1 на 2.2, 2.3 но одговор од Сони беше дека за овој модел не е предвидена надградба, што е навистина лошо доколку е тоа вистина, ќе бидиме ограничени во апликации, игри...
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
И уште една работа, Adobe Flash Player for Android...дали некој знае како/каде да се најде/инсталира?
Некoи клипчиња значи, не можам да ги гледам баш поради тоа што се во Flash..а кога ќе кликнам на линкот за да го инсталирам флеш плеерот ми вели дека за овој модел на телефон (Xpreria X8) флеш плеерот не е достапен.
![Лут :mad: :mad:](/styles/default/xenforo/smilies/mad.png)
Значи, ако некој знае нешто и околу ова нека пиши. Поздрав дечки.