Значи телефонот го имам нецел месец.
Го користам како втор телефон после Nokia 5800 Xp. и првата недела никако неможев да се соживеам дека телефонот мора да го полнам секоја 2ра вечер.
Сега се повеќе и повеќе ми се допаѓа android-от, згоден е за провервање е-mail, fb, skype-от е перфектен, и уште милион глупоштини симнав за телефонот, нешто шо на Ovi беше мачење дури се најди добра апликација... Во споредба со нокиата, би рекол дека Symbian е многу попрецизен софтвер, нема мрдање, нема грешки, нешто налик на мерцедес
. Android е новитет за мене прв пат работам на андроид, во почетокот имав огромни проблеми, имам и сеуште ама како софтвер е доста возбудлив.
Инаку да, и кај мене дисплејот знај да забега т.е да се потстемни малце па да се опрај
на почетокот ми идеше со заби да го изгризам телефонот ама се навикнав на тоа. Други проблеми немам, телефонот го гњавам до даске и сеуште не ми закочил што ме прави задоволен.
Се на се е добар телефон, со оглед на тоа дека сеуште немат лансирано некој новитет после gps, wi-fi... телефонот не заостанува речиси ич во споредба со iPhone, BB и остали, е сега сигурно нема да го има оној ефект кога ќе извајте ајфон 4 на маса и другите нема да паднат на газ дека имате xperia x8, така да ако не вие за кочоперење тогаш телефонот долго ќе ви брка работа