Нови возачки дозволи

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.415
Поени од реакции
2.550
Извадив лекарско..сеа по ред што иде,прва помош,тестови бла бла ....кажувајте
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Денес дојдов до информација (се јавив во МВР) дека тие што поседуваат стара возачка дозвола (оноа глупото картонче), треба да ја сменат до Октомври 2012 година. Не знам дали оваа информација е проследена некаде по нет, ама еве ви пуштам абер. :)

Инаку, уште одма закажав за промена и ми одредија датум за Март, така да памет во глава.

пс. сигурен сум дека ќе го продолжат рокот, ама да не им текне и казни да одредат, закажете си на време. ;)
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Јас вчера поднесов(а прво закажав по телефон пред некаде еден месец), готова е за 15 дена!
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Денес дојдов до информација (се јавив во МВР) дека тие што поседуваат стара возачка дозвола (оноа глупото картонче), треба да ја сменат до Октомври 2012 година. Не знам дали оваа информација е проследена некаде по нет, ама еве ви пуштам абер. :)

Инаку, уште одма закажав за промена и ми одредија датум за Март, така да памет во глава.

пс. сигурен сум дека ќе го продолжат рокот, ама да не им текне и казни да одредат, закажете си на време. ;)
ако направиле возачките да бидат до октомври 2012 тогаш тоа е веке трето продолжување... не верувам дека ке има пак... исто како за личните карти... имате фора да ги смените уште 3 недели... после ке се пишуваат белешки и честитки пост новогодишни....
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514

Кажи на кој број закажа и која е процедурата за менување :)
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Кажи на кој број закажа и која е процедурата за менување :)
Закажав преку нет: http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabid=357

А процедурата не ја знам баш, се уплаќаше пари ово оно, треба да најдам на нет тоа. Башка и види прво коа ќе ти закажат.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 17:00 ---
ако направиле возачките да бидат до октомври 2012 тогаш тоа е веке трето продолжување... не верувам дека ке има пак... исто како за личните карти... имате фора да ги смените уште 3 недели... после ке се пишуваат белешки и честитки пост новогодишни....
Ова е трето продолжување !? Не знаев. Среќа што закажав.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
600 денари од прилика ме фати се сосе уплатници, такси и тн. за менување истечена возачка плус возачка книшка (која од сега е задолжителна). Не е ништо комплицирано во МВР се е нацртано, пополнето и објаснето. Кога ќе ви биде терминот за сликање одете саат-саат и пол порано и ќе средите се (5-10 мин да пополните две барања + 5-10 мин да купите уплатници пополнети + пошта да уплатите + на шалтер да ви удрат печат на барањата + да почекате да ви дојде ред за сликање).
 
Член од
18 мај 2011
Мислења
184
Поени од реакции
74
Извадив лекарско..сеа по ред што иде,прва помош,тестови бла бла ....кажувајте
Прво слушаш теоретска настава
Потоа решаваш пробен тест и почнуваш со практична обука
Во меѓувреме си полагаш прва помош
И на крај-откако ќе завршиш со обуката си пријавуваш испити.

Со среќа
 
СтрумичанецО

infinite harmonies...
Член од
21 март 2006
Мислења
506
Поени од реакции
46
Незнаев кај да го поставам прашањево, а не сакам да отварам нова тема за ситница..
Некој дали знае колку ќе ме чини преведување/вадење меѓународна возачка дозвола за Б категорија? Ја поседувам мојата возачка (од новите) веќе 2 години и 4 месеци. Има некои посебни процедури, сликања, апликации, листа на чекање?
Ќе ми треба некаде пред мај 2012
 
M

Mario Gómez

Гостин

Meѓународна се изваѓат одма немора до мај да чекаш, ама не у МВР туку у АМСМ.

Потребни документи.
Потребни документи
- 2 фотографии (45мм x 35 мм) - документ за идентификација (лична карта или пасош)
- национална возачка дозвола

Важност
3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

Цена
- 845,00 МКД

Продажни места
АМСМ СТП Центар (24 часа), АМСМ СТП Чаир и АМСМ СТП Велес,
Авто-Мото Друштва во Македонија,
Граничен премин Богородица (24 часа) и МТВ

И важит во америка секако.
http://www.iadc-world.com/UN_convention.htm

Секако постоит неразјаснета можност дали можит да се возит со новиве розевиве, ама 845 денари не се многу во однос на големината на ризикот.

Живеј.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Незнаев кај да го поставам прашањево, а не сакам да отварам нова тема за ситница..
Некој дали знае колку ќе ме чини преведување/вадење меѓународна возачка дозвола за Б категорија? Ја поседувам мојата возачка (од новите) веќе 2 години и 4 месеци. Има некои посебни процедури, сликања, апликации, листа на чекање?
Ќе ми треба некаде пред мај 2012
Со новите уствари и не мора да поседуваш меѓународна возачка... А вадење на лице место во АМСМ 800 денари беше изгледа.
А ја да прашам како неискусен возач дали во странство ќе можам да возам кола појака од 100 коња? Во кои држави постои тој ебан закон?
 
Незнам за странство ама овде немој да пробуваш за возиш... ја се спасив и само поминав со опомена коа ме запре републичка и имав среќа што беше фин македонец... незнам колкава казна и кривична за тато што беше до мене сакаше да пише...

Секако ти нема да стагнираш од возење, ќе се движиш на места каде нема републичка и гранична полиција туку каде има некој локални сообраќајци.

Инаку дај доказ дека веќе немора да се вади меѓународна, да не давам 800 денари за џабе.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Инаку дај доказ дека веќе немора да се вади меѓународна, да не давам 800 денари за џабе.
Па демек пишувало cè на англиски и биле валиден документ... Ама увек постои она „за секој случај“, па сите вадат меѓународни...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Со новите уствари и не мора да поседуваш меѓународна возачка... А вадење на лице место во АМСМ 800 денари беше изгледа.
А ја да прашам како неискусен возач дали во странство ќе можам да возам кола појака од 100 коња? Во кои држави постои тој ебан закон?
немојте да давате сопствени паушални заклујчоци... МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА... самото име ти кажува... а розевите возачки без оглед нова или стара е НАЦИОНАЛНА ВОЗАЧКА т.е. возачка која важи само во мк.... ако идеш во странство, потребна ти е меѓународна возачка дозвола... не заради именителот “секој случај“ туку затоа што законот така вели... во нај црн случај, доколкју немаш некој до тебе со меѓународна возачка да ти ја одвози колата до дома, може да ти се деси следново сценарио:

-притвор од 24 часа (заради загрозување на безбедноста)
-депортирање до домашна граница
-казна од 1000+ евра (зависи која држава)
-одзимање на возило и присилен шлеп и наплата за истото кое колку за компарација, од било каде во бугарија до мк кошта 1200 евра, од грција е 1350 од србија е околу 850... а словенија на пример е 2100 евра и тн...

е па сега видете дали ке верувате на овие муабети или не за 850 денари да ушпарате...
 
H

HoT IcE

Гостин
Дечки следната недела почнувам со обука, па најверојатно паралелно ќе ги учам и тестовите.
Има вистина во тоа дека само 7 теста од сите биле со различни прашања, другите биле само со изменет распоред на прашања.
И за колку време отрприлика биднува дозволата откако ќе се завршат сите испити?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom