Излишен е секој коментар за судијата денеска, лошо е што во најдобрата лига на светот судат судии кој прават кардинални грешки на натпревари кој одлучуваат, било тоа за шампионска титула, било за место кое води во ЛШ
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ајде прво стартот над Чикарито, прва опомена, ама неможеше а да не покаже црвен картон за стартот над Руни, па и на 5 метра беше од настанот, според мене тој момент и тие ебани 3-4 минути подоцна беа пресудни за денешниот меч... како само лагано си досуди пенал, без некое си двоумење мислиш го застрелаа Русинот, а буквално тој се удри во нозете на Крис... идемо даље, сме се враќале од пораз далеку посилни, така ќе биде и сега :wink:
Него овие Челзи бе, кога го гледав натпреварот како да ги гледав Вулвси или Фулам или некој таков тим... против тимовите од нивен ранг како гореспоненативе играат онака да кажеме лежерно, но против нас како да играат за титула, а не за место кое води во ЛШ
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Очекувам исто вакво сценарио и на дуелот со лузерите, само разликата е во тоа што тоа ќе биде дерби, а ова денеска беше обичен премиерлигашки натпревар во кој едниот тим победи поради големите грешки на судијата, а не онака фудбалски...
Околу фудбалскиот дел, првиот дел бевме далеку подоминантни, додека во вториот дел се повлековме што е и до некаде нормално, бидејќи Челзи беше екипата која губи и која требаше да напаѓа... одлично се браневме, а нивните напаѓачи имаа дури два шута кон голот... јебига, оваа година високите топки во нашиот шеснаесетник ни задаваат големи проблеми, а така беше и денеска, Бане го надрипа Немања, топката како-така дојде до Луиз кој беше подзаборавен од Евра... за вториот примен гол несакам ни да коментирам, кажав и во првата реченица, излишен е секој коментар...
Во Недела со прикрпена одбрана идеме да го освоиме Енфилд, верувам дека ќе успееме, бидејќи ние не сме било каков и било кој тим... GGMU
--- надополнето ---
Предност остај тогаш, уште бевте во напад.
Ах бре фантоме, предност за пенал нема, ако е пенал се досудува, не се работи за обичен фаул па да пушти предност... значи тоа е правило кое не сум го јас измислил...
Ако мислиш за предност, за фаулот на Луиз над Руни, предност да, тука беше исправен судијата, но на првиот прекин требаше да се наврати на Луиз и да му го покаже патот кон соблекувалната... друго правило кое исто така јас не сум го измислил
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)