Фергусон: Судијата го реши натпреварот
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го обвини судијата Мартин Аткинсон дека неговите решенија го решиле натпреварот, откако црвените ѓаволи загубијас со 2:1 како гости кај Челси.
„Мислам дека ние не се браневме добро при првиот погодок. Пеналот сепак беше многу сомнителен“, прокоментира Ферги пред Скај Спортс. „Ние игравме многу добро и мислам дека беше фантастичен натпревар за нас, не заслуживме да изгубиме, три години по ред решенијата на судиите влијаат врз крајот на натпреварите со Челси“.
„Неверојатно е што Луис не беше избркан од игра. дури и пред тоа, тој направи фаул над Чичарито без топка, судијата беше блиску и не направи ништо. Потоа го фаулираше Руни, јасно како бел ден и судијата повторно беше на пет метри и пак ништо - ете тоа влијае врз натпреварот“, објасни шефот на Јунајтед.
Челси сега е 12 поени зад Јунајтед во борбата за титулата но има и натпревар помалце, токму поради тоа Фергусон одговори на прашањето дали Сините сеуште се претенденти за титулата.
„Со решенија на судиите како денешниве, се може да се случи. Доста голем број од одлуките беа во нивна корист оваа вечер. Чесно е да си признаам дека бев изненадн, дека вакви работи се случуваат на ова големо дерби. Многу сум изненаден“, заврши Сер Алекс.