Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
29.259
Поени од реакции
34.030
После испишувањето на 4 теми и вкупно 4000 страни од навивачите на Манчестер Јунајтед на форумов, време е да се отвори новата, петта тема за најдобриот и најголемиот тим во светот.

Манчестер Јунајтед е најуспешниот англиски тим кој моментално се натпреварува во Англиската Премиер Лига, ФА Купот и Лигата на Шампионите. Го држи рекордот со освоени 19 лигашки круни, најмногу од сите англиски клубови, како и рекордот со најмногу освоени ФА купови (11).

Историја
Клубот најпрвин е оформен како Њутон Хит, во 1878, работнички клуб на вработените во железницата во Њутон Хит. Нивните дресови биле зелени со златно. Наредната година, клубот влегува во првата лига и полека се оформува како посебен клуб. На почетокот од 1902 година, Њутон Хит почнува полека финансиски да тоне и кога се наоѓа на работ на банкрот, капитенот на клубот Хери Стефорд изјавува дека има контакти со неколку бизнисмени кои сакаат да инвестираат во клубот. Еден од инвеститорите во клубот е Ј.Х. Дејвис, сопственик на Манчестер Бреверис. На наредниот состанок на бордот на раководители, Дејвис дава идеја за промена на името на клубот, со цел да се даде целосен нов почеток. Едни од понудените имиња се Манчестер Централ и Манчестер Селтик, но Луис Рока, иселеник од Италија, доаѓа до идеја клубот да се вика Манчестер Јунајтед. Името е прифатено, клубот се раѓа одново како Манчестер Јунајтед на 26.4.1902 година, со сменети клупски бои – црвена, црна и бела.
Преродениот клуб започнува со поставување на константни играчи во својот тим и правење напори за доаѓање до првата шампионска титула во домашното првенство. Титулата беше најпрвин освоена во 1908 година. До таа титула се дојде откако Манчестер Сити беа дисквалификувани по обвинението дека ги плаќале играчите повеќе отколку што дозволувала ФА и дури 17 нивни играчи биле казнети никогаш да не заиграат за Сити. Од тие 11 играчи, Били Мередит и Сенди Трнбал се приклучија на Манчестер Јунајтед и помогнаа за 10 натпревари без пораз за Јунајтед на почетокот на сезоната и освојување на првенството.
Следната сезона започна со освојување на Комјунити Шилдот и заврши со освојување на ФА купот, а Трнбал и Мередит заслужија нивните имиња да бидат испишани со златни букви во историјата на Манчестер Јунајтед како најзаслужни за освојување на овие титули. Клубот мораше да почека две години до освојување на наредната титула во домашното првенство, но во меѓувреме, се пресели на сега добро познатиот Олд Трафорд. Потоа, Јунајтед почна полека да пропаѓа и следеше сушен период за овој клуб, неосвојуваќи ништо долго време. Следеа падови на клубот, Втората светска војна. Како светло на крајот од тунелот, за Јунајтед започна нова ера, ерата на Сер Мет Базби и познатите “Busby babes”, 1945-1969.
Олд Трафорд
Олд Трафорд е стадион на Манчестер Јунајтед, со капацитет од 75,957 места за седење, што го прави втор најголем стадион во Англија по Вембли, трет стадион во Обединетото Кралство и 11ти стадион по големина во Европа. Сепак, по неговата планирана реконструкција што би требало да се оддржи, Олд Трафорд би требало според проценките да собира и до 96,000 гледачи, при што би го надминал и Вембли. Заедно со Вембли, Олд Трафорд е единствениот стадион во Англија кој има рејтинг од 5 ѕвездички од УЕФА.
Овој стадион, познат и како “The Theatre of Dreams” е „дом“ на Манчестер Јунајтед од 1910 година, со исклучок на годините додека траела Втората светска војна и годините што биле потребни за стадиониот да се реновира по бомбардирањето кое го уништило. Стадионот неколкупати досега има подлегнувано на реконструкции (последната во 2006 година), главно со цел да се зголеми неговиот капацитет и да се стигне до капацитетот кој го имал пред војната (80.000 гледачи). Рекордната посетеност на стадионот е забележана во 1939, кога 76.932 гледачи го следеле натпреварот од полуфиналето на ФА купот на Волверхемптон против Гризби Таун. Највисока просечна посетеност по сезона е забележана во сезоната 2006/07, од 75,286 гледачи просечно по меч. Највисока посетеност севкупно е забележана во сезоната 2008/09, кога вкупно 2,197,429 фанови видоа барем дел од сезоната кога Јунајтед стана шампион трет пат по ред.
Стадионот константно е избор за полуфиналиња од ФА купот како неутрален стадион, како и натпревари на англиската репрезентација (додека Вемби беше во изградба). Олд Трафорд беше стадион на кој се одигра финалето на ЛШ во 2003 година.



Oфицијални обележја на клубот


Дресови

Додека клубот беше познат под името Њутон Хит, негови главни бои беа зелената и златно жолтата во периодот од 1878 до 1892, додека во раните години од 20от век, оваа комбинација била преместена како резервна. Други бои кои биле вметнати во комбинација за дрес на Њутон Хит биле црвена со бела, како и целосно бел дрес носен со сини шорцеви. Во 1902 година, кога името на клубот се смени во она денешното, Манчестер Јунајтед, еднаш и засекогаш се смени официјалниот дрес на овој тим – црвена маичка, бели шорцеви и црни чорапи, комбинација по која и до ден денес низ целиот свет е препознатлив тимот на „Црвените ѓаволи“. Најистакната измена на овој препознатлив дрес на Јунајтед, поточно исклучок, се забележува на финалето на ФА купот во 1909 година, кога дресовите што ги носеа фудбалерите беа бели маички со црвено V на предната страна.
Гостинските дресови се обично бели маички со црни шорцеви и црни чорапи, но се случувале и промени, како на пример, сина маичка со бели линии, цел црн дрес, како и дрес во светло сина боја со сиви обележја.
Третиот дрес на Манчестер Јунајтед секогаш е во комбинација во која мора да ја има сината боја во чест на првата титула во ЛШ на Јунајтед во 1968, затоа што во финалниот натпревар, син дрес бил носен од страна на играчите. Во сезоната 2008/09, третата комбинација на Јунајтед беше токму овој дрес, сини шорцеви и маичка, како и чорапи.
Овосезонскиот дрес:
(домашен)
(гостински)
Логоа
Логото на клубот е менувано неколкупати, но основата воглавно е останата иста. Се состои од грбот на градот Манчестер (лого користено до крајот на 60те), додека ѓаволчето со вила во раката е вметнато по добивањето на прекарот „Црвените ѓаволи“, по иницијатива на Сер Мет Базби и конечно е вметнато во 1970тите години. Последната измена на логото на Јунајтед била во 1998, кога од логото се отстранети зборовите “Football Club”.
Манчестер Јунајтед 10/11
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
10.855
Поени од реакции
6.570
Базби бејбс


Почетокот на втората светска војна значеше големи проблеми секаде во светот, па и во Англија. Поради честите бомбардирања, фудбалот во Англија беше прекинат.На 11 Март 1941 година, Германски авион го бомбардираше Олд Трафорд со што го уништи поголемиот дел од главната трибина, соблекувалните и некои останати простории на стадионот. Кога се изгледаше црно и лошо, еден човек го донесе оптимизмот во Јунајтед и се смени се – Мет Базби.

Тој потпиша 5 годишен договор во 1945 година и излезе како една од најголемите легенди на Манчестер Јунајтед, и на негово чело остана дури 25 години по тоа.

Новиот менаџер не трошеше време за да го воскресне Јунајтед. Заедно го донесе најверојатно најдобриот напад којшто играл на Олд Трафорд до сега, познати како The Famous Five и ги сочинуваа Jimmy Delaney, Stan Pearson,Jack Rowley,Charlie Mitten и Johnny Morris.
Исто, го донесе и Џими Марфи којшто му беше асистент менаџер целата негова кариера и одлично работеа заедно, самите резултати го кажуваат тоа.

Целта на Базби беше да изгради тим способен да се натпреварува за домашната лига и купови. Малку фалеше да успее уште на почетокот, во втората сезона откога стана менаџер, откако завршија втори позади Ливерпул во првата лига по војната. Тоа беше најдобриот резултат којшто го имал Манчестер Јунајтед во последните 36 години.

Миксот на искуство и млада крв му помогна на Базби да дојде до својот прв трофеј во ФА Купот против Блекпул. Дури 39 години пред тоа Јунајтед неможеа да го освојат ФА Купот, поточно од 1909 година.

Во 50тите почнаа првите вистински проблеми за Мет Базби откако Џони Морис замина за Дерби а Чарли Митен за Колумбија.

Сепак, ова пак го натера Базби да извади нови тактики и методи кои го направија многу поуспешен. Уште од 40тите беше фокусиран на академијата и сега реши дека е вистинско време да ги извади младите играчи на сцена, Jakie Blanchflower и Roger Byrne, коишто имено беа и првите што беа наречени “Babes” од англиските весници. Во таа иста сезона(1951/52) Јунајтед ја освоија лигата по 40 години, поточно од 1911.Byrne стана капитен на тимот следната сезона. 1955/56 и 56/57 беа исто трофејни сезони за Јунајтед, кадешто академијата на Базби беше дојдена до израз и освен двете лигашки титули, 5 години по ред го освојуваа ФА Купот во младинските редови.

Не беа сите “Babes” од академијата, Јунајтед потроши тогаш огромни 30.000 фунти за Томи Тејлор од Барнсли и голманот Хери Грег од Донкастер за 23.000 фунти. Најголемиот талент во земјата уште еднаш излезе од академијата на Јунајтед, неговото име беше Данкан Едвардс и Базби беше толку многу воодшувен од него, што неможеше да дочека да го смести во првиот тим.Така, во Април 1953та, тој стана најмладиот играч што играл во Англија со само 16 години и 185 дена.

Во Февруари 1958 тимот одлета за Белград кадешто требаше да го игра вториот натпревар против Црвена Ѕвезда. За жал, ова е последниот натпревар на којшто овие момци играат заедно, и заврши со 5-4 победа за Јунајтед, земени головите од двата натпревара.

Несреќата се случи на патот кон дома. На 6 Февруари 1958ма, авионот на Јунајтед неможеше на 2 пати да полета од пистата во Минхен, каде што застана за да се наполни со гориво.За помалку од час, пилотот објави дека авионот е спремен за полетување и дека нема да има повеќе проблеми. По полетувањето, авионот скоро веднаш се срушува, убивајќи 22 луѓе вклучувајќи 7 играчи, Byrne,Colman,Jones,Pegg,Taylor,Bent и Whelan.По 15 дена поминати во болница во Германија, почина и Duncan Edwards.

Манчестер,Англија и Светот останаа запрепастени од оваа несреќа и никој не очекуваше дека Манчестер ќе се врати од вакво нешто. Надежите ги изгубија уште повеќе откога им беше соопштено од Германската болница дека раните на Мет Базби биле многу тешки и дека многу мали биле шансите за негово опоравување. Но, Базби се опорави од повредите и неверојатно ги однесе Јунајтед до финалето на ФА Купот, со, може да се каже, резервниот состав.

Бесмртните на Сир Мат Безби


После градењето на еден од најдобрите тимови во Англија, мат Безби мораше да почне повторно од почеток, на почетокот на 60-тите. Минхенската авио несреќа му ги украде, нему и на фудбалот воопшто, некои од најдобрите играчи на ерата. Сепак, Безби почна со градењето на друг одличен тим на Манчестер Јунајтед.

Претходниот тим на Безби беше изграден низ млади системи, сепак овој вклучуваше неколку нови имиња кои беа донесени во клубот. Денис Лоу кој дојде од Торино за 115,000 фунти, беше секкао најдобриот од тие нови регрути.

И покрај слабиот почеток, новите играчи набрзо валегоа внатре и по пет години од Минхенската авионска несреќа, тимот на Безби стигна до финалето на ФА Купот во 1963 година, победувајќи го Лечестер Сити со 3-1 на Вембли, со двата гола на Дејвид Херд и еден на Денис Лоу. Како и да е, најдоброто допрва доаѓаше од новиот енергичен тим на Јунајтед.

Јунајтед се градеше по нивниот триумф по ФА Купот, продолжувајќи со добри серии на резултати и натпреварувајќи се за насловот во лигата, каде што заврши на второ место, со само четири поени помалку од освојувачот Ливерпул, од кој Јунајтед загуби и на домашен терен и на гости. Како и да е оваа сезона повеќе ќе се памети поради пристигнувањето на еден нов играч кои се викаше Џорџ Бест. Бест дебитираше во сезоната 1962/63 година, но неговиот целосен потенцијал допрва требаше да биде искористен.

Во 1964/65 година, познатото трио Бест-Лоу-Чарлтон го дигнаа Јунајтед во нови височини. Тие ја освоија Лигата, победувајќи го Лидс Јунајтед во гол разлика и се пласираа во полуфиналето на Купот на Европските Саеми и во ФА Купот.

И покрај тоа што изгледаше како тим способен да победи во Лигата повторно, Јунајтед заврши на четвртото место во сезоната 1965/66, губејќи повторно од Ливерпул. Јунајтед сепак покажа импресивни резултати, губејќи во полуфиналето на ФА Купот и на Европскиот Куп. Победата од 5-1 против Еузебиовата Бенфика беше најсветлиот дел од сезоната, но тоа сепак не беше единствениот триумф над Бенфика.

Во 1966/67, Јунајтед беше крунисан во Лигата повторно, каде што Денис Лоу постигна 23 голови на 36 натпревари. Насловот им обезбеди друга сезона на највисоко ниво во Европскиот фудбал во 1967/68 година. Како што Црвените маршираа кон финалето на Европскиот Куп на Вембли, така на страна беа оставани Хиберниан, ФК Сараево, Горник Забрзе и Реал Мадрид.

Во сезоната 1967/68 беше 13-тото издание на Купот на Шампионите, најквалитетното европско клупско фудбалско натпреварување. Финалето се одигра на Вембли во Лондон, на 29 Мај 1968 година. Во Финалето се сретнаа Манчестер Јунајтед - Бенфика, а на крајот пехарот го подигна екипата на Манчестер Јунајтед која победи со резултат 4-1. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1, а Манчестер Јунајтед славеше дури во продолжението. Прв во водство дојде Манчестер Јунатед со голот на Боби Чарлтон во 53-тата минута, а во 75-тата минута Бенфика израмни со голот на Граса. Во продолжението Манчестер Јунатед постигна три гола. Џорџ Бест во 93-тата, Кинг во 94-тата и Боби Чарлтон во 99-тата, со неговиот втор гол во финалето му го донесоа првиот трофеј на Манчестер Јунатед во ова натпреварување. Овој трофеј беше освоен точно 10 години после Минхенската авионска несреќа во која загинаа осум фудбалери на Манчестер Јунајтед.


Тројната Круна



Почеток на 90тите години и новата ера во фудбалската историја започна со именувањето на Шкотот Алекс Фергусон на клупата на Јунајтед, со што сите фанови беа сведоци на неверојатни успеси од тогаш па се до денес.Тогаш Јунајтед станаа првиот тим кој успеал да го освои “the double”(Премиер лигата и ФА Купот) и кога сите мислеа дека ова ќе биде најголемиот успех на Фергусон како тренер, сезоната 98-99 го демантираше целиот фудбалски свет.

Тимот на Јунајтед мина низ многу транзиции во овој период, пред ‘99тата, и старите играчи беа заменети со свежа крв и потпишување на играчи како Марк Хјуз,Канчелскис и Кантона и тоа се во една сезона, каде што Јунајтед успеа да го крене Купот на Победниците на Куповите.

За време на средината од 90тите години, Јунајтед почнаа повторно да ја користат политиката на Сер Мет Базби што му помогна на Јунајтед да направи големи успеси во минатото, а тоа е развој на младинската школа т.е академијата и токму во тој период излегоа едни од најголемите играчи во историјата на Јунајтед.

Дејвид Бекам,Ники Бат,Рајан Гигс,Пол Сколс,Гери и Фил Невил сите се придружија во првиот тим на Јунајтед во 1996 и од тогаш сите тие играа многу значајни улоги во, најверојатно, најуспешниот период во историјата на Јунајтед, до сега.

Влијанието коешто го имаа овие златни момчиња излезени од нашата школа најмногу се покажа во сезоната 1998/99.Јунајтед стигнаа до нивното петто финале на ФА Купот само во 90тите години, и и овој пат го освоија, со победата над Њукасл со 2-0 со головите на Пол Сколс и резервата Теди Шерингам.

Со тој резултат, Јунајтед го освоија нивното трето Double, откако пред точно 6 дена од тој натпревар, со голот на Енди Кол против Тотенхем на Олд Трафорд, Јунајтед го дигнаа Премиерлигашкиот трофеј.Но тоа не беше крајот.

По едно неверојатно полуфинале со Јувентус, откако капитенот Рој Кин го инспирираше тимот да се врати од негативен резултат од 2-0 од Торино, Јунајтед заедно со Сер Алекс и златната генерација не беа свесни што ги очекува на Ноу Камп во Барселона, каде што ги пречекуваа германските шампиони, Баерн Минхен.

Шансите на Јунајтед за освојување на титула во Лигата на Шампионите по 1998 беа скоро уништени откако Баерн дадоа гол во почетните минути преку Марио Баслер и се бранија буквално до крајот на натпреварот.Но, потоа во продолженијата, фановите на Јунајтед, всушност целиот фудбалски свет беше сведок на еден од најневеројатните,најфеноменалните пресврти во историјата.Судијата покажа 3 минути продолжение токму во моментот кога Јунајтед има корнер од каде што Дејвид Бекам со нафрлување ја донесе топката до нозете на Рајан Гигс, кој шутираше и Теди Шерингам се најде во петерецот и ја смести топката во голот на Баерн со што Јунајтед израмнија и се имаа обезбедено продолженија.Потоа, по уште еден корнер на Бекам, повторно топката дојде до Шерингам кој со глава стрелаше непрецизно, но за радост на секој фан на Јунајтед во светот, супер-резервата Оле Гунар Солскјаер се најде на вистинското место и смести топката во голот, и со тоа Јунајтед ја освоија Лигата на Шампионите и го освоија првото Treble во нивната историја и Алекс Фергусон беше обколен од фановите и играчите и заедно со херојот Солскјаер беше на устите на сите фанови на Јунајтед.

Тројната круна попозната како Treble, потоа беше дополнета откако Јунајтед отпатуваа во Токио кадешто се натпреваруваа за Интер-Континенталниот куп и голот на Рој Кин против Палмериас од Бразил му ја донесе титулата на Јунајтед.Официјалано, на крајот на милениумот, најголемиот фудбалски клуб на светот стана и најдобар на свет!



 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
29.259
Поени од реакции
34.030
Успешната 2000-09 декада




По освоениот требл, Јунајтед започнаа нова декада во која мораа да го докажат својот квалитет во фудбалскиот свет, иако дел по дел, тој тим кој го освои треблот започна да заминува во пензија и да остава место за нови фудбалери. Така, првиот што го напушти Јунајтед беше Питер Шмајхел, но и без негова помош Јунајтед ја освои Премиерлигата следната сезона дури и прерано, во април . Се разбира, тешко беше да се најде константна замена за Шмајхел. Неколку голмани меѓу кои и Марк Боснич пробаа да се етикетираат како новиот Шмајхел, но титулата стандарден, на крајот му припадна на Фабијан Бартез, кој пристигна во Јунајтед во јули, 2000 година.

Наредната сезона, Јунајтед пак ја освои титулата, трет пат по ред, со што Сер Алекс Фергусон стана првиот менаџер во Англија кој со еден тим успеал да освои титула три сезони по ред. По овој успех, Сер Алекс го најави своето пензионирање од менаџерската позиција, но сепак, реши да остане.
Негово прво големо засилување е англискиот дефанзивец Рио Фердинанд кој во 2002г. Пристигна во Манчестер за 30 милиони фунти и ја пополни празнината што се направи по заминувањето на Јап Стам во Лацио. Фердинанд помогна во освојувањето на премиерлигашката титула во 2003 година, но се соочи со казна поради отсуство од допинг контрола во траење од 8 месеци. Во периодот кога отсуствуваше Рио, Јунајтед ја изгубија титулата од Арсенал, но го освоија ФА Купот по рекорден 11 пат.
Наредната година, на Јунајтед му одеше послабо, но две момчиња почнаа да најавуваат дека за некоја сезона ќе бидат главни ѕвезди во Европа – Вејн Руни и Кристијано Роналдо, кој можеби немаше да биде купен од Манчестер Јунајтед ако Сер Алекс го реализираше трансферот на Роналдињо. Кристијано Роналдо, во сезоната 2006/07 успеа да наниже 13 лични награди, меѓу кои и наградата за најдобар играч во ПЛ и најдобар млад играч во ПЛ.

Кога се чинеше невозможно Роналдо да ја повтори својата 2006/07 сезона, тој одигра уште една од сништата. Постигна 42 гола во сите натпреварувања и со Манчестер Јунајтед го освои Дабл-от, состав засилен со Овен Харгривс, Карлос Тевез, Нани и Андерсон.
Титулата во ЛШ беше крената по трилер финале меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи – Јунајтед поведе со 1-0 со голот на Роналдо, Челзи изедначи преку Лампард, но ван дер Сар беше херојот кој успеа да го фати шутот на Николас Анелка и да ја потврди третата круна во ЛШ.


Трилер завршницата:


Потоа следуваше титулата во Светското клупско првенство, уште една титула на Јунајтед, 18та, во Премиерлигата, уште едно финале но овојпат загубено од Барселона, продажбата на Роналдо во Реал Мадрид и преселбата на Тевез во Манчестер Сити.

Минатата сезона тимот на Манчестер Јунајтед освои само една титула (Карлинг Купот), стигна до 1/4 финалето на ЛШ и го освои второто место во Премиер Лигата, заостанувајќи само еден поен зад Шампионот Челзи.

 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
10.855
Поени од реакции
6.570
Легенди​




Сер Алекс Фергусон


Сер Алекс Фергусон, е еминентен и ненадминат фудбалски менаџер, роден на 31ви Декември 1941 во Глазгов Шкотска како син на Александар и Елизабет Фергусон. Неговата сопруга се вика Кети и со неа имаат три синови, Марк и близнаците Дарен и Џејсон. Од нив само Дарен ја наследи професијата на неговиот татко и моментално е менаџер на Петерборг Јунајтед.

Фергусон во својата кариера краток период го предводеше и Шкотскиот национален тим во 1986та пред да го превземе Абердин.

Во периодот од 1957 и 1974та, Сер Алекс Фергусон ја помина неговата играчка кариера во Квинс Парк (1957-60), Сејнт Џонстон (1960-64), Данфлермин Атлетик (1964-67), Рејнџерс (1967-69), Фалкирк (1969-73) и Еур Јунајтед (1973-74). Како талентиран напаѓач им помогнал на “Светците” да ја освојат Шкотската прва дивизија во 1962-63 и на “Бернси” да ја осигураат Шкотската прва дивизија во 1969-70. До крајот на сезоната 1973-74, Сер Алекс Фергусон во улога на играч постигнува 167 голови во 327 настапи за разни клубови.

Со полни 32, Сер Алекс Фергусон ја започнува неговата менаџерска кариера како алтернативна, привремена работа во Јуни 1974та со Ист Стирлингшајер. И како таков останал се до преминот во Сејнт Мирен каде што добива постојана работа како менаџер на истиот клуб, од таму и почнува неговата официјална менаџерска кариера. Со него на чело “Светците” ја освојуваат Шкотската прва дивизија во 1976-77. За време на престојот во Сејнт Мирен, Сер Алекс Фергусон го тренира тимот и донесува низа млади таленти како Били Старк, Тони Фицпатрик, Лекс Ричардсон, Френк МекГарви, Боби Рејд и Питер Вир.

Во Јуни 1978 кога преминува во Абердин, бил помлад од неколкумина од првотимците. Сер Алекс Фергусон ја стекнува довербата и високата почит во клубот по победата од 5-0 над противникот на неговиот тим, на последниот ден од Шкотската лига во сезоната (1979-80). Со строга дисциплина и брилијантни менаџерски способности им помогнал на “Донс” да бидат во постојана трка за титулата две сезони по ред 1978-80, и да ја освојат во сезоната (1979-80). Неверојатниот талент за создавање на тим на Сер Алекс Фергусон ги однесе “Донс” во купот на УЕФА во сезоната 1982-83 кога и го освоија и потоа ја птврдија титулата во сезоната 1983-84. Под неговото водство Абердин три сезони по ред го освојува Шкотскиот куп 1981-84 и во периодот од 1985-86. После ефикасните тренинг програми “Донс” двапати ја освојуваат Шкотската премиер дивизија 1983-85 и Шкотскиот лига куп во 1985-86.

На 6ти Ноември, 1986, Сер Алекс Фергусон станува менаџер на Манчестер Јунајтед. После почетните разочарувања од играчите од кои очекувал најмногу, се враќа во игра кога неговиот тим го освојува лига купот во 1991-92 и Премиер лигата во 1992-93. Неговата тактика за создавање тимови покажа извонредни резултати со Црвените Ѓаволи. Сер Алекс Фергусон работел со таленти како Двајт Јорк, Рајан Гигс, Теди Шерингам, Пол Сколс и Оле Гунар и на волшебен начин го освојува ФА купот во финалето против Њукасл со (2-0) во сезоната 1998-99. Тоа е само вовед во тоа што следи во таа сезона кога Јунајтед освојува се што му е на патот, Лигата на Шампионите и Интерконтиненталниот Куп. Под ефективното водство на Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед ја освоил Премиер Лигата (11 пати), Фа купот (5 пати), Лига Купот (4 пати), Фа Черити/Комјунити Шилд (9 пати), Лигата на Шампионите (2 пати), Купот на победниците на куповите (еднаш), УЕФА супер купот (еднаш), Интерконтиненталниот Куп (еднаш), Светскиот Куп на ФИФА (еднаш).

Во 1983та Сер Алекс Фергусон ја добива почеста – Офицер на Редот на Британската Империја (OBE), за неговите фудбалски заслуги. Станува Командир на Редот на Британската Империја (CBE) во 1995 и Витез Ерген во 1999. Во име на заслугите за постигнатите резултати со Манчестер Јунајтед, Сер Алекс фергусон во 2002 станува дел од Англиската Куќа на Славните од фудбалот.

Како најуспешен менаџер во лигата Сер Алекс Фергусон 9 пати го добива признанието на ФА за менаџер на годината (1993–94, 1995–96, 1996–97, 1998–99, 1999–00, 2002–03, 2006–07, 2007–08, 2008–09). Во 1996, ја добива наградата од Асоцијацијата на спортските новинари (FWA). Со освјувањата на наградата за најдобар менаџер на месецот дури 24 пати Сер Алекс Фергусон станува единствениот менаџер во историјата на Англискиот Фудбал кој постигнал таков успех.. Два пати ја добива наградата за менаџер на годината од Асоцијацијата на менаџери во лигата (LMA) во сезоните 1998-99, 2007-08 и наградата за менаџер на деценијата за 90-тите. Во сезоната 1998-99 кога победи на сите фронтови ја доби наградата за менаџер на годината од УЕФА.


Оле Гунар "Baby Face" Солскјаер


Кога Сер Алекс Фергусон не успеа да дојде до потпис со Алан Ширер, се одлучи да потпише со тогаш непознатиот норвежанец. Солскјер имаше постигнато 31 гол во 42 натпревари за Молде и беше доволен индикатор за феноменалниот менаџер дека има скриен бисер во норвежанецот. Оле не разочара на стартот од неговата кариера во Јунајтед постигнувајки гол против Блекбурн на неговото деби за Црвените Ѓаволи.
Солскјер постигна 18 гола за Јунајтед во неговата дебитантска сезона помагајќи им да ја освојат титулата во едно од последните кола. Англичаните му го дадоа прекарот "Baby-Faced Assassin" поради неговиот младолик изглед и завршницата од светска класа. Можеби најдобро ке биде запаметен како златниот џокер кај кој секогаш можеш да бидеш сигурен дека имаш загарантирано гол во последни моменти од утакмицата. Таа репутација ја доби влегувајки од клупата и секогаш наоѓајки се на вистинско место и во вистинско време за да помогне во тешки моменти на својот тим. Една од неговите најимпресивни партии одкако влегол од клупата е постигнување на феноменални 4 гола за само 18 минути против Нотингем Форест. Интересно Јунајтед тогаш забележа победа од 8-1.

Солскјер бил премногу задоволен од животот на Олд Трафорд дури и како резерва и кога понуда од 5.5 мил фунти била добиена од Тотенхем тој без размислување ја одбил. Ова наидува на скандирања кај фановите бидејки е еден од најомилените фудбалски ликови во историјата на Манчестер Јунајтед. Интересно е што токму Оле е тој што го носи на Театарот на Соништата еден од најпосакуваните трофеи- Лига на Шампиони. Таа фамозна победа во 1990 на Ноу Камп заслужено го смести Оле кај што заслужува - меѓу легендите на овој прекрасен клуб. Фановите благодарни за неговите достигнувања почнаа да пеат песни за него Who Put the Ball in the Germans' Net? и You Are My Solskjaer една од најпознатите, песни кои сеуште се пеат во знак на благодарност спрема легендата. Само Ерик Кантона и Рој Кин имаат таков статус меѓу фановите. Бесмртен.

Солскјер конечно почнува да игра во првиот тим во сезоната 2001/2002 покрај новото засилување Руд Ван Нистелрој притоа седнувајки ги на клупа Енди Кол и Двајт Јорк.
Кога следната сезона Кол и Јорк заминаа од клубот единствена конкуренција на Норвежанецот му беше Диего Форлан навидум непознат уругваец со доста голем квалитет но никако да го наметне истиот. Но упорноста на Фергусон да игра со Руд напред значеше и се повеќе минење време на клупа, иако во ниеден момент тоа на Солскјер не делувало депресивно. Кога Бекам ке заработи тешка повреда во повеќето натпревари Оле е форсиран токму на местото на англичанецот и тоа кажува каков играч е уствари. Секогаш подготвен за тимот, секогаш жртва но никогаш слабата точка во тимот. Покрај брилијантните асистенции кои ги имаше таа сезона, постигнувањето и на клучни голови го натера Фергусон да го игра почесто на десната крилна позиција дури и пред Бекам во доста клични натпревари како оној против Арсенал и четврт финалето од ЛШ против Реал Мадрид.

Но како и во секоја бајка има и недостатоци. Впрочем Солскер во 2003/2004 сезона доби тешка повреда која го оддалечи од терените цела сезона притоа присилувајки го Алекс да го купи Луис Саха од Фулам. Константните проблеми со коленото беа доволни за медиумите во секоја можна комбинација го преселат надвор од Манчестер, дали како доплата за Руни или сосема трет играч. Но Фергусон знаеше дека таков скапоцен фудбалер и амбасадор не треба да се фрла. Дури и по доаѓањето на Алан Смит и Вејн Руни на Олд Трафорд, Сер Алекс Фергусон изјави дека вратите во првиот тим за Оле секогаш ке бидат отворени. Впрочем тоа е доволен индикатор за квалитетите негови.После долгоочекуваното враќање во 2006/2007 сезона го постигнува и првиот гол по 2 години во победата над Чарлтон од 3-0. Фановите славеа како да освоиле ЛШ. Постигнува значајни погодоци во целата сезона притоа постигнувајки го победничкиот гол против Астон Вила во ФА купот, нешто што Фергусон го окарактеризира како пресвртница на сезоната на позитивен план. Дава огромна помош на својот тим и освојува титула со Јунајтед по пауза од 4 години, нешто некарактеристично за овој тим.
Веќе следна сезона има лимитиран настап во првиот тим притоа обновување на старата повреда што го присилува да се пензионира. Како и за секоја легенда, Црвените Ѓаволи на крај на сезона му приредија проштална утакмица против Еспањол. Ке беше премногу добро да постигнеше гол пред Стретфорд Енд за последен пат но таа чест ја доби Фрејзер Кемпбел. Премногу емоции имаше тој ден и останува фактот дека никогаш легендата нема да биде заборавена. 20LEGEND!!!

 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
29.259
Поени од реакции
34.030
Рој "Captain Fantastic" Кин


“Failure to prepare. Prepare to fail"

“I just shut my eyes, hit it and hoped! [постигнувајќи го првиот гол за Јунајтед во 2005 по 2 годишна пауза].”

"I'll see you out there!" - за Патрик Виера

Ова се само дел цитатите на еден од најголемите капитени на Манчестер Јунајтед и моментален менаџер на Ипсвич Таун, ирската легенда Рој Кин, познат како Keano. Доминантен фудбалер од средината на теренот, кој со својата агресивност и натпреварувачки дух, се избори за капитенската лента на Манчестер Јунајтед од 1997 до неговото заминување во Селтик во 2005 година.
По неговиот потпис за Манчестер Јунајтед, пред Кин претстоеше сезона за паметење. Иако со незагарантирано место во стартните 11 поради големите Брајан Робсон и Пол Инс во средината, Кин успеа да се пробие и да се докаже себеси по серија на успешни настапи. На своето деби на Олд Трафорд, Кин постигнува два гола во победата на Јунајтед против Шефилд а по два месеца подоцна, со пресврт од 2-0, Јунајтед ги победува Сити со 3-2, каде стрелец на победничкиот гол е токму Рој Кин. На крајот од сезоната, Кин го освојува својот прв Дабл во кариерата.

Во 1997 година по заминувањето на Ерик Кантона, токму Рој Кин ја наследува капитенската лента на Манчестер Јунајтед, но истата година, се здобива со лоша повреда на лигаментите која можеше и вечно да го оддалечи од терените, но Кин успешно се враќа следната сезона. Следната сезона, 1998/99, е сезона од соништата за секој фудбалер. Манчестер Јунајтед го освојува Требл-от а Кин докажува дека повредата не оставила никакви траги во неговата игра. Една од неговите најдобри игри е натпреварот против Јувентус во 1999, полуфинале од ЛШ, кога од негатива од два гола успева да му помогне на Јунајтед да направи пресврт со 3-2. Постигна гол со глава и го водеше секој напад на својот тим што резултираше со позитивен исход. Овој натпревар е прогласен за еден од најубавите во модерната ера на фудбалот во Европа.

„Тоа беше најемпатичното и најсебичното издание што го имам видено од еден фудбалер во целиот мој живот. Се бореше за секој центиметар од тревата, се натпреваруваше како да е натпревар за живот или смрт, ги инспирираше сите околу него. Чувствувам голема чест што сум менаџер на таков фудбалер“, Сер Алекс Фергусон, по натпреварот против Јувентус, 1999г.

Се` на се`, Кин за време на неговиот престој во Манчестер Јунајтед го одведе тимот до 9 големи трофеи, што го прави најуспешен капитен во историјата на клубот. Во 200 година беше прогласен за најдобар играч за сезоната во ПЛ. Својот 50 гол за Манчестер Јунајтед го постигна на 5.2.2005 против Бирмингем. Кин исто така го држи рекордот за најнедисциплиниран играч во англискиот фудбал, со 13 црвени картони во неговата кариера. Во 2004, Кин влезе во Алејата на славните на англискиот фудбал и е единствен ирски фудбалер во ФИФА 100 најдобри живи играчи, избор направен од Пеле.



Ryan "Welsh Wizard" Giggs


Постои ли збор со кој што ќе се опише овој играч?Легенда е премалку за играч како што е Рајан Џозеф Гигс, вистински идол и пример за секој фудбалер на светот, како во фудбалот така и во однесувањето и персоналниот живот.

120 фунти беше платата за којашто играше Гигси во неговата прва сезона во првиот тим и одтогаш натаму поминаа повеќе од 20 години и сезони, и во секоја од нив Велшанецот имаше своја улога.Својата прва титула ја освои на само 18 години и тоа во сезоната 92-93.Освен тоа, Јунајтед го освои Лига купот, Гигси беше избран за Најдобар млад играч за таа сезона од ПФА, и со неговите 4 гола во 38 настапи беше повикан, и дебитираше за националниот тим на Велс.

Потоа, околу Гигс беше создаден еден од најдобрите, ако не и најдобриот состав што играл во Јунајтед, со Гигс на левото крило,Канчелскис на десното, Инс,Брус,Кин и Хјуз истотака беа во тимот, па таа сезона (93-94) тимот остана непобеден од Септември 1993 до Март 1994 каде што беше освоен и Лига купот со победа од 4-0 над Челзи истотака и лигата.

Рајан исто спаѓа во златниот тим на Јунајтед од Шамопионската 1999 година, тимот којшто ја освои тројната круна, Лигата на Шампиони,Премиер лигата и ФА Купот.Иако во сезоната 94-95 беа продадени Пол Инс,Марк Хјуз и Андреи Канчелскис, Сер Алекс донесе нов подем на играчи од школата, како Дејвид Бекам,Пол Сколс,Ники Бат, Гери и Фил Невил.Гигс ја смета оваа сезона како најдобра во неговата кариера.


На само 17 години го игра своето деби против Евертон

Во 2002 година Денис Ирвин го напушти тимот и со тоа Рајан Гигс стана играчот којшто најдолго останал во Јунајтед и тоа на само 29 години.За ова дури се изигра натпревар против Селтик за да се одбележи неговата 10-годишнина.

Својот 600 натпревар го одигра против Ливерпул во 2004та на само 31 година а својот 100ти гол против Челзи во 2002.Во 2004тата година истотака стана единствениот играч заедно со Рој Кин коишто го освоиле ФА Купот 4 пати.

Тој се пензионираше од репрезентативен фудбал во Јуни 2007, и за Велс тој изигра вкупно 64 натпревари а постигна 12 гола.Подоцна во истата година, тој беше награден со OBE(Order of the British Empire) за неговиот придонес во англискиот фудбал.


Најмладиот играч што дебитирал за Велс, пак на само 17 години

Како поминуваа годините, Гигс сеуште беше прв избор во Манчестер и освојуваше титула по титула, Јунајтед стануваа се подобри и подобри, и денеска Гигс претставува најдекорираниот играч во историјата на Манчестер Јунајтед.Тој го надмина рекордот на Сер Боби Чарлтон од 758 изиграни натпревари во финалето во Лигата на Шампионите против Челзи во 2008ма, кадешто Јунајтед победија и ја освоија својата трета шампионска круна.

Рајан ја круниса таа сезона со освојување на неговата 10та титула во Премиер лигата од вкупно 18 сезони, со што го постигна победоносниот гол против Виган во последното коло и погодувајќи го одлучувачкиот пенал против Челзи на Лужњики.

Следната сезона тој имаше поцентрална улога во тимот и ја замени неговата природна позиција на лево крило со позиција позади единствениот напаѓач и во таа сезона освен што ја освои својата 11та титула во Премиер лигата ја освои наградата за најдобар играч во Премиер лигата и за најдобар спортист според ББС.

Гигс сеуште настапува за Манчестер Јунајтед и е рекордер по број на настапи, број кој, расте и расте. Договорот му истекува за една ипол сезона и најверојатно тогаш ќе се повлече од фудбалот. Тој е единствениот фудбалер што има постигнато гол во секоја сезона од формирањето на ПЛ.

Рајан Гигс ќе остане познат по голот којшто им го даде на Арсенал во ФА Купот во 1999та година, кога помина 5 играчи на Арсенал заедно со голманот и ја смести топката во мрежата.


На неговото име денеска 30 титули само со Манчестер Јунајтед, од кои 11 се од Премиер лигата, 4 од Фа купот и 2 од Лигата на Шампионите.Денеска Гигс претставува симбол за перфектност, најдобар од најдобрите, идол на децата, херој за Јунатјед и легенда за фановите на тимот.Ги надмина сите епитети и суперлативи што му беа наметнати, нема збор што може да го опише човекот по име Рајан Гигс.

All hail Sir Ryan Giggs.


Legend is not enough


 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
10.855
Поени од реакции
6.570
Ерик "The King" Кантона


Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, однесувањето на Ерик Кантона надвор од теренот често изгледаше дека ќе ја засени неговата брилијантност на зелениот терен. Кариерата на Ерик Кантона започна во малиот француски клуб Оксер, а од таму се пресели во прволигашот Марсеј за цена од 2,3 милиони фунти.

Токму во Марсеј почна неговиот темперамент да излегува на површина. Во пријателски натпревар против Торпедо Москва, Ерик бил повлечен од игра, поради што тој го искинал дресот и го фрлил на земјата. Поради овој инцидент Ерик бил на кратко суспендиран од страна на Марсеј. Во истиот тој период, Кантона бил суспендиран од националниот тим поради навредување на селекторот на националната телевизија. Одкога Платини ја презеде репрезентацијата Ерик беше повторно повикан во националната репрезентација.

Кратко после тоа Ерик бил позајмен во Бордо на 6 месеци, а потоа и во Монпеље на сезонска позајмица каде што ја одигра една од најдобрите свои сезони, помагајќи му на тимот да стигне до Францускиот Куп. Наредната сезона се врати во Марсеј, но се мачеше со повреди. И уште еднаш успеа да се најде во нов клуб, овој пат во Нимс. Невољите го следеа каде и да оди, и додека беше во Нимс Ерик се најде пред нови казни од Француската Фудбалска Асоцијација, поради фрлање на топката по судијата во текот на натпреварот. Кога ФФА го казни со 1 месец надвор од терените, тој ги нарече идиоти, и казната му беше зголемена на 2 месеци. Оваа казна не влијаеше добро врз фрустрираниот Кантона, кој реши рано да се пензионира од играта која ја сакаше.

Пензијата не траеше долго, Ерик беше убеден да се врати на теренот и да игра во Англија. Одбивајќи ги Шефилд Вендсдеј, тој се приклучи на тимот на Лидс, и во втората сезона со оваа екипа помогна во освојувањето на лигашката титула. Иронично, Ерик тешко стигнуваше до првиот тим на Лидс и наскоро се најде во тимот на Манчестер Јунајтед, каде што неговиот статус на легенда продолжи да расте. Тој го водеше Манчестер Јунајтед од една титула во друга. Но токму во дресот на Манчестер Јунајтед ја направи и својата најголема грешка, легендарниот „Кунг Фу“ удар.

Во 1995 година, во натпревар против Кристал Палас, Ерик се затрчка кон трибините и удри еден навивач поради расистички навреди упатени кон Ерик. Кантона доби тешка парична казна и обврска да одслужи 120 часа општествена работа плус и 9 месечна суспензија од фудбалските терени. Конечно Ерик се приклучи на Манчестер Јунајтед и помогна на тимот во освојуванњето на уште неколку лигашки титули, но неговото пензионирање во сезоната 96-97 ги изненади сите. Многу луѓе мислеа дека Ерик може да игра уште неколку сезони.


Во 2001 Кантона беше изгласан за играч на векот за Манчестер Јунајтед, и до денеска навивачите на Јунајтед го нарекуваат „Кралот Ерик“.

После фудбаската кариера тој навлезе во актерството, учествувајќи во филмови, како на пример филмот Елизабет. Тој моментално е тренер/играч на Француската репрезентација во фудбал на плажа.


 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
29.259
Поени од реакции
34.030
И за крај неколку видеа и линкчиња..

Прво најголемите пресврти на нашиот тим:

[video=dailymotion;xgqvaf]http://www.dailymotion.com/video/xgqvaf_mbhd_creation#from=embed&start=0[/video]


И линкови до:
-официјалната страна
-првата тема
-втората тема
-третата тема
-четвртата тема


MUSC Macedonia


*Поголем дел од воведот е копиран од воведот на претходната тема.. Нормално, благодарност до GavolRulz што се сложи заедно да ја отвориме темата и Џену што ја отклучуваше/заклучуваше на неколку пати. :)


 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
77.782
Поени од реакции
163.434
Ајмо, честито нека ни е новава тема и за многу успеси :pehar: И една сликичка од мене :)

 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
747
Се надевам во новата тема ќе пишуваме помалце критики,а ќе пишуваме повеќе пофалби,ќе си честитаме повеќе титули.
Се надевам дека и во позитивни и во негативни времиња на клубот ќе останеме врзани за него и ќе ги споделуваме чуствата во новата тема.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
10.855
Поени од реакции
6.570
Ај честито нова тема, и да ни тргне со победа против Шајзето во сабота.

 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
972
Ај честито нова тема и со оваа тема повеќе успеси, и секако победа против Сити во Сабота. :)

 

ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.232
Поени од реакции
6.458
Ај со среќа нека ни биде темава...Да прославиме многу трофеи на истата :) :) :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.136
Поени од реакции
5.423
Со здравје коландисвање на темава, и многу успеси во иднина... Можеби, овој пост го имаше некој објавено на старата, но еве, еден мал придонес од мене !

Успесите на Барселона во последните години го променија стилот на игра на многу светски клубови. Сè повеќе тренери инсистираат на формации со фокус по средишниот дел на игралиштето, но еден од нив никогаш нема да промени. Сер Алекс Фергусон секогаш инсистирал на квалитетни крилни позиции и рака на срце, секогаш продуцирал крилни играчи кои биле вбројувани меѓу најдобрите во светот. Ги имаме Нани, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Гигс меѓу другите, но се поставува прашањето: кој од нив е најдоброто крило на денешницата? Ќе се обидеме да ги споредиме...

4. Нани

Да се вратиме само 12 месеци назад, повеќе од сомнително би било вклучувањето на Нани во оваа листа на великани. Португалецот оваа година покажува карактер на победник, токму таков каков што му треба на Јунајтед, послушен на теренот и без многу врева надвор од него. Способен е да игра на двете крила, а одличната комбинација на трикови и дриблинзи со нафрлувањата и клинички точната реализација, го прави еден од најдобрите во Премиерлигата. Моментално е прв асистент во шампионатот и од него се очекува лидерство и предводење на тимот до подоцните фази во Лигата на шампионите годинава. Ако го направи тоа, искуството кажува дека му претстои фантастична кариера и добра позиција во групата на најдобрите.

3. Дејвид Бекам

„Не знае да шутира со лева, не знае да игра со глава, не игра одбрана и не постигнува многу голови. Освен ова, тој е одличен фудбалер“, кажа Џорџ Бест за Дејвид Бекам. Чудното е што Бест е апсолутно во право. Точно е дека Бекам има многу недостатоци, но го имаше убедливо најпрецизниот шут (нафрлување) во доцните деведесетти и почетокот на новиот век. Партнерството со Кол и Јорк во тие години носеше фантастични резултати и беше идеален во широката формација на Фергусон. И покрај честото полнење на медиумите со активностите надвор од фудбалските терени, Бекам важи за голем професионалец во спортот и е еден од најидолизираните играчи во историјата на Манчестер Јунајтед.

2. Кристијано Роналдо

На Јунајтед му требаше замена за Бекам во 2003 година и имаше проблеми во пронаоѓањето. Случајно или не, се погоди пријателски натпревар со Спортинг Лисабон кога Сер Алекс го најде овој редок талент. Момчето со 18 години кое ја напати одбраната на Јунајтед на тој меч, многу бргу стана најдобриот играч во клубот од „Олд Трафорд“. Тандемот со Ван Нистелрој го промовираше во најдобар во светот, а сезоната 2007-2008 го потврди тоа. Постигнатите 42 гола и титулата во Лигата на шампионите не беа случајни. И покрај многуте проблеми и инфантилното однесување надвор од терените, Роналдо го заслужува високото место кај најдобрите крилни играчи во историјата. Еднакво квалитетен со двете нозе, со одличен баланс и моќна игра со глава, ги присили и оние што со право го мразат, да потврдат дека е редок фудбалски познавач.

1. Рајан Гигс

Две константи постојат во Манчестер Јунајтед: Алекс Фергусон и Рајан Гигс. Само посветеноста и љубовта на клубот на двајцата заедно, ги одржува сè уште активни нивните кариери. Пред точно 20 години талентот на Гигс беше очигледен, но ова што тој го остварува во кариерата ги надминува сите очекувања на фановите на Јунајтед. Одигра преку 800 натпревари, постигна 158 гола и огромен број асистенции и заслужено го закити неговото присуство во фудбалот со бројни награди. И денес, на 37 години, зрачи со позитивната аура кон сите останати фудбалери, сите навивачи на Јунајтед и уште поопшто, сите кои некогаш следеле и следат фудбал. Вистински совршен примерок на идол за бројни генерации млади. На листата на великани на крилните позиции, не ни помислуваме да го ставиме на друга позиција освен на првата.

Благодарност до Иван Ивановиќ, спортски новинар !
 
На врв Bottom