Им фуфка Тони да не го добие гласот од публиката на крај.... Мене ме изнервира водителов потенцираше неколку пати дека Тони знаел српски а зборел на македонски.
Чудно им е, пошто сите наши досегашни преставници на било што збореле на српски и чудно им е сега зашто типов збори на македонски јазик... што е глупост невидена, апсолутно го поддржувам Тони, како сака ќе збори, негов избор дали на македонски или српски, на крај краева иако навистина не гледам, од некои клипчиња што успеав да ги фатам а и од тоа што ве читам на темава, не гледам дека има некој проблем со неговото зборење на македонски, очигледно се разбира со нив. На кој јазик не треба ич да им е гајле. Посебно на водителот, не е негова работа. Пропаганда се праи како што успеав да сфатам од коментарите, а тоа не е во ред. Публиката треба да одлучи за тоа...
Во секој случај навистина никој не очекуваше ваква популарност на Тони и во Србија. Гледам и на јутуб на негови песни претежно позитивни коментари има и никој не искоментирал за тоа што он збори на македонски...