Па тоа и сакав да ти кажам,дека никој не може тоа да го гарантира освен самите тие што се вмешани во сето ова...затоа и реков дека и околу Интер не може никој да гарантира па лесно може да им ги лапнат титулите
Титулите освоени по Калчополи никој не може да им ги земе на Интер, најлошото изводливо сценарио за Интер е онаа титула што ја доби на зелена маса да им ја повлечат и истата слично ко и онаа пред таа сезона да нема свој сопственик ( UEFA притискаше за брзо решение за сезоната 05-06 ).
Ова поупатен у целиов случај го знае, а таквите неупатени ко тебе фантазираат и зборат глупости ко сега оваа, дека постои веројатност да им се земат овие титули на Интер, нешто што никогаш нит били нит ќе биде предмет на расправа.
Предмет на рапсрава се само оние муабети од 2005-2006, со кои одбраната на Моџи сакаше да го избутка оноа, или сите се виновни или никој не е виновен, но проблемот нивни беше што си дадоа неколку автоголови ко што пренесоа и најголемите медиуми во Италија.
Првиот им беше оној нивни најважен доказ кој беше наречен '' мајка на сите разговори '', каде нештата требаше да добијат поинаква насока но за нивна жал се испостави дека индиректно си наштетија бидејќи тој муабет помеѓу Факети - Бергамо се испостави дека не е онаков каков што они тврдеа дека е, односно дека Факети делел наредби да суди Колина на меч од Интер, нешто што во муабетот никаде го немаше, напротив, Бергамо бил тој кој инсистирал на него. ( што значи дека Факети не прекршил некој од тогашните закони )
Вториот доказ кој го буткаа било наводното делење на подароци од Интер, уште еден автогол бидејќи тој период сите клубови делеле подароци во одредени периоди до федерацијата ( нешто што било нормално и вообичаено ), со тоа што Интер давале ракавици и шалови, а Сенси од Рома златни ролекси и тоа у Септември, а тврдел дека се божиќни подароци ( барај логика ).
Самиот Морати 2006 имал интервју каде јавно кажува што тој подарил, и на шала додал дека давал и месни производи бидејќи тие се јадат па докази нема да има.
Третиот автогол беше уште на стартот даден, кога тврдеа дека Морати секогаш негирал телефонски повици до луѓе во федерацијата ( пред Калчополи иначе ова не било незаконски ), со што веднаш излезе интервју на Морати, дадено во 2006 каде тој самиот изјавува дека такви телефонски повици постоеле.
И тн и тн, да не набројувам пак што и како, иначе, и Рома е инволвирана во тие нови разговори, односно Спалети кој беше нивни тренер, али проблемот е што во нив нема ништо незаконски бидејќи до Калчополи немало забрани за вакви контакти, после Калчополи истите се забранија.
Ајт