Serie A 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Serie A?


  • Вкупно гласачи
    417

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Serie A


Нова тема и за Сериа А.

Сериа А е професионалната фудбалска лига на Италија и е највисока по ранг. Се состои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига. Првите три екипи играат директно во Лигата на Шампиони, додека четвртиот игра квалификации. Петтопласираниот и шестопласираниот играат во Лига Европа (стар УЕФА Куп), додека третото место за во овој куп му припаѓа на победникот на Копа Италија. Ако победникот на Копа Италија е веќе квалификуван по друга основа, поразениот во финалето на купот го зазема неговото место. Ако пак и двете екипи се квалификувани по друга основа, седмиот во лигата го добива местото за Лига Европа. Сезоната трае од август до мај, период во кој се одигруваат вкупно 38 кола. Само Интер може да се пофали со фактот дека не играл ниту еднаш во Сериа Б.

Формирана е во 1929 година. Статистички, Италија има дадено најмногу финалисти во Лигата на Шампионите. Актуелен шампион е Интер, кој титулата ја освои петти пат по ред (сметајќи ја и административно доделената титула, одземена од Јувентус).

Во Италија тимовите се рангираат прво по бодови, па по меѓусебен дуел, и на крај по гол разлика.

Ете и анкета.

П.С. Ако мислите дека треба уште некој да биде вклучен во анкетата, пишете и ќе размислиме по предлог-прашањето. :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Прв сум на темава.
Се колнам дека и покрај двете леви нозе на Бонера, влечкањето на Бориело и "фантастичните" центар шутеви на Одо (0000) дека јас имам барем трошка надеж дека Милан ќе го видам на врвот оваа сезона. Многу луѓе ми велат да ја преспијам оваа сезона и тек да се разбудам другата.
Ама она што ме води кон тоа да го видам Милан пак онаму каде што припаѓа е надежта што ми ја влеваат Пато, Роналдињо и Пирло.
Форца Милан.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Се знае кој ке биде пак шампион и оваа година !:helou:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.201
Поени од реакции
4.049
Повторно ке се прошетаме до скудететото,се знае кој е најак!!!Ако сакате и со - бодови ке почнеме да биде поинтересно :tv:
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
И оваа сезона Интер нема да има некој посериозен противник за титулата.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Вечер во 20.30 е извлекувањето на распоредот за сезоната 2010/11.
Иначе шампион оваа година врска неам кој ќе биде :)
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Ако земиме некое квалитетно засилување гарант сме први.:)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Се знае,се знае... И Н Т Е Р ! :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Хмммм,мислам дека Интер ќе биде шампион.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Па Јувентус би требало ова година да освојат.

:pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom