Ова ако се грешки, јас сум авион.
Тоа што Раул го прикажа оваа сезона може да го прикаже секој напаѓач од младинската школа, помина времето на Раул, само зафаќа место, не можам да го замислам во друг дрес, најдобро за мене ќе биде да си се пензионира.
Гути има 34, догодина 35 години, и ако оваа сезона беше спремен да одигра некои си 60 минути, догодина нема да може ни пола од тоа што го одигра оваа сезона да го одигра. И него времето му одминува, за мене е подобро уште наредната сезона да им се дава шанса на помладите, Каналес и Парехо, и тие да го поклопат местото на Гути, за вас не знам.
Огромна грешка ќе биде ако се продаде некој од сегашниов прв состав, прв е Игуаин, потоа Кака, Бензема, Лас, итн...