А чекај бе, гледам сте запнале Игуаин како играл, а Бензема како играл. Па се сеќавате ли како играше Игуаин првите 2 сезони бе? По дрво играч немаше од него, и шо требаше да го продадат одма? Е сеа што Игуаин беше донесен за помала сума а Бензема за поголема, не е крив Бензема, Перез и управата на Лион си се договориле за таа цена и готово. Ај не дрвите со Бензема пак, ќе видите што играчиште е од наредна сезона. Игуаин дефинитивно заслужува нов договор и ќе го добие, бидите сигурни у тоа. Ама стварно претеравте, Бензема ова Бензема тоа, ако не му се свиѓа на некого немора у секој пост да го потенцира тоа. Кака многу повеќе покажа од Бензема, да...па нека го продадат и него ако е за тоа, зошто Кака да остане а Бензема да биде продаден? Ама Кака си е Кака, а Бензема нека се продаде па нека дава за друга екипа голови, нас не ни треба зошто изиграл лоша сезона. Затоа сме ние Реал и затоа титула нема да видиме уште долго со вакво размислување. Може Руни блескаше у Манчестер првите сезони а? Може даваше по 20 гола во сезона? Ама тоа е, како што кажав од такви размислувања како од навивачи така до управа, ние не уште 6, уште 10 год. нема да пројдеме 1/8 финале.