Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 септември 2008
Мислења
13.553
Поени од реакции
10.135

Реал Мадрид е шпанско спортско друштво, најголемо во таа држава, заедно со Барселона, а исто така и едно од најголемите и најпознатите во светот. Фудбалскиот клуб Реал Мадрид според ФИФА, е прогласен за најдобар клуб на 20 век. Во состав на тоа друштво се наоѓа и кошаркарскиот тим, со целосно име Реал Мадрид-Тека. Адресата на Реал Мадрид е Avenida de Concha Espina 1, 28036 Madrid.

Реал игра на еден од најубавите стадиони во Европа, Сантијаго Бернабе, кој името го добил по својот најголем претседател во историјата на тимот. Во својата историја, Реал Мадрид е рекордер по бројот на освоени титули во Лигата на шампионите, или поранешниот Куп на Европски шампиони. Тоа натпреварување од страна на Реал е освоено 9 пати, а домашното првенство 31 пат, што е најмногу од сите шпански тимови.

Во склоп на Реал Мадрид постои уште и резервниот тим Реал Мадрид Кастиља, за кој играат младите играчи од школата на Реал Мадрид.

Во текот на историјата мадридскиот клуб имаше многу прекари. Нашироко е познат како кралскиот тим, што за разлика од некои други прекари, ќе остане засекогаш, поради зборот Реал во името, кој го носат уште неколку шпански тимови, а и поради тоа што овој клуб имал сјајни односи со некогашниот крал Алфонсо XIII. Но, пред да станат кралеви, тие имаа неколку прекари. Најпрво ги нарекуваа Los Merengues, поради колачот mereinque, а подоцна и Los Blancos. И двата прекари се однесуваа на традиционалните бели дресови на клубот, кој и денеска се препознатливи за Реал Мадрид. Во 70тите години од 20 век е дозволено купување на играчи кои не потекнуваат од таа земја во која се натпреварува тимот. Реал во тој период највеќе купуваше играчи од Северна Европа, па затоа и почнаа да ги нарекуваат Los Vikingos. Откако претседател на тимот стана Флорентино Перез, во кралскиот тим почнаа да се донесуваат светските фудбалски ѕвезди. Во тој период тимот беше познат и како Los Galactios.

Историја

1895 година студентите и професорите од институтот de Enseranza го основаа клубот Football Sky. Играчите играа секое неделно утро во Moncloi. 5 години подоцна клубот се подели на New-Foot-Ball de Madrid и Espanol de Madrid

1902 година повторно се распадна тимот, а на 6 март 1902 година е основан фудбалскиот клуб Madrid FC. За претседател на тимот беше прогласен Juan Padrós Rubió. Него го наследи неговиот брат Carlos. Интересно е што и едниот и другиот потекнуваа од Каталонија. Прв тренер на тимот беше англичанецот Arthur Johnson. Истата таа година, управата на мадридскиот тим предложи да се основа натпреварување во често на кралот Алфонсо XIII. Тоа натпреварување и ден денес постои, а е познато по името Копа Дел Реј.




1904 година клубот се соедини со други мадридски клубови, Moderno Amicale и Moncloa. Првите поголеми резултати дојдоа во периодот од 1905 до 1908 година, кога го освојуваа новоформираниот Куп на кралевите.

1920 година е голема година во историјата на клубот, година кога клубот се преименуваше од Madrid FC, додавајќи го и кралското име, и од тогаш клубот почнува да делува како Реал Мадрид. Дури 26 години по основањето на купот, Шпанија доби и своја лига. При основањето таа се нарекуваше Ла Лига, сега се нарекува Примера, што во превод значи прва или основна лига. Реал е еден од основачите на таа лига. Од тогаш Реал никогаш не се натпреварувал во пониските дивизии. Но, името Реал повторно се трга од целосното име на тимот, и останува Madrid FC. Првите трофеи под тоа име доаѓаат во 1932 и 1933 година, кога за прв пат е освоено домашното првенство. Името Реал повторно се враќа, и од тогаш континуирано е дел од целосното име на тимот.


До 50тите години се чекаше да се освои некој голем трофеј. Примера после 1933 година беше недостижна, купот се освојуваше 2 пати во 10 години. Но чекањето на навивачите се исплати во средината на минатиот век. Реал Мадрид стана легендарен клуб, и гордост на целата област Кастиља, која беше во голема омраза со Каталонија. Беше тоа ера на владеењето на фудбалските легенди како Ференц Пушкаш, Алфредо ди Стефано, Рејмонд Коуп, и Хектор Риал. Во тие години, од страна на УЕФА е основан и Купот на шампионите, со идеја тоа да биде натпреварување на најдобрите тимови во Европа. Тогашниот Реал докажа дека не припаѓа на овој свет, затоа што ги освои првите 5 финалиња по ред, што на никој друг тим потоа тоа не му успеало. Запамтено ќе биде она финале во 1960 година кога Реал ја освои 5 титула по ред. Во финалето беше одигран еден од најубавите натпревари во историјата на фудбалот. Реал го победи германскиот Ајнтрахт Франкфурт со 7:3. Резултатите не изостанаа ни во Примера. После 19 годишниот пост, ја освоија првата титула во Шпанија под името Реал Мадрид. Таа титула беше само почеток. Реал растураше низ Шпанија, и во периодот од 1954 до 1969 освоија неверојатни 12 титули. Само, 1956/59 и 66 не успеаа да бидат први. Единствена, каква-таква закана за Реал беа сограѓаните Атлетико. Кралскиот куп, изненадувачки, во 50тите години не го освојуваа. Само 4 пати од 1937 до 1960 година.


Нешто послаби беа 70тите години. Титулите во Шпанија станаа рутина, и Реал од 1960 до 1971 година освоија 6 титули. Но, после ѕвездениот залет во Европа, во периодот од 1960 до 1998 година, само 1966 беше среќна година. Тогаш во финалето на Купот на Европските шампиони падна Партизан со 2:1.

Осумдесетите години кралскиот тим беше далеку од освојуваше на Европската титула, и единствена утеха беше купот на УЕФА кој беше освоено 2 пати. Шпанското првенство не беше освојувано од 1980 до 1986 година, а тогаш следеше серија од 5 последователни титули во лигата. Како главни играчи во тој период ќе се паметат Емилио Бутрагењо, Хуго Санчез, Маноло Санчис, Мартин Васкез, Мигел Пардеза, итн.


Почетокот на 90тите години не беше по посакуваното. До 1995 година се чекаше за освојување на Примера, а купот беше освоен само еднаш во цела деценија, суперкупот два пати во првите 5 години, а европскиот наслов, секако не беше освоен. Во 1998 година Реал стана шампион на Шпанија, го освои суперкупот, а во Лигата на шампионите конечно стигнаа до толкупосакуваното финале. Тимот беше составен од легендата Раул Гонзалес, Кристијан Панучи, Давор Шукер, Предраг Мијатович и Фернандо Иеро. Во финалето Реал играше со Јувентос, кој во својот состав го имаше брилијантниот Зинедин Зидан. Реал го доби тој меч со 1:0, со сомнителниот погодок на Мијатович, и со тоа ја прекинаа црната серија од 32 години без освоена титула во Лигата на шампионите. Тој трофеј повторно беше освоен и во 2000 година, со победата над Валенсија, со 3:0. Во меѓувреме беше освоен и првиот интерконтинентален куп.


Во месец Јули, 2000 година, започна новата ера на Реал Мадрид. За претседател беше избран Флорентино Перез, кој им ветуваше дека ќе направи клуб полн со играчи како Зидан и Павон, или во превод, клуб во кој ќе играат најдобрите странски играчи, и сјајните млади играчи од младинската школа. Следеа трансферите на светски познатите ѕвезди. Дојде ветуваниот Зидан, од најлутиот ривал Барселона беше одземен Луис Фиго, а од миланскиот Интер пристигна бразилецот Роналдо. Кралскиот клуб веднаш го доби прекарот Los Galacticos.



На прв поглед, овој тим на Реал правеше чуда. Во 2001 година клубот стана првак на Шпанија, а 2002 година првак на Европа, во меѓувреме беа освоени и Шпанскиот супер-куп, Европскиот супер-куп и Интерконтиненталниот куп. Клубот заработуваше астромонски цифри, главно преку маркетингот, посебно во Источна Азија, каде Реал претставуваше религија, и каде луѓето помеѓу себе водеа војни за да дојдат до дрес или некаков друг реквизит од Реал Мадрид. Можеби најзвучниот трансфер се случи кога ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, потпиша за кралевите, трансфер кој многу аналитичари го прогласија за најголем во целата историја на фудбалот.

Сепак, Перез не знаеше како да го гради тимот. Го продаде Самуел Ето, кој подоцна во Барселона стана еден од најдобрите светски напаѓачи. Продаден беше и Клод Макелеле кој беше срцето на тимот, но не доволно голема ѕвезда за да игра во ѕвездениот тим на Флорентино Перез. А после отказот на успешниот тренер Дел Боске, клубот го пратат лоши резултати, расправии помеѓу играчите, распад на целиот систем. Дејвид Бекам во дресот на Реал Мадрид можеби и не ги повтори одличните партии во Манчестер, Луис Фиго се раскара со сите околу себе, и го напушти тимот, само Роналдо и Зидан оставија белег од тие 4 екстра засилувања.

Во 2004 година во тимот пристигнаа Робињо, кој беше нарекуван новиот Пеле, Жулио Баптиста, Сисињо, и Серхио Рамос, кој требаше да бидат новите ѕвезди и главни предводници на тимот во наредните неколку години, но ниту еден од тие посебно не се докажа. Од 2003 година, клубот не освои ниту еден трофеј, а 27 февруари 2006 година Флорентино Перез поднесе оставка, и беше заменет со Фернандо Мартин Алварез, но само на 2 месеци, затоа што таков беше договорот.

На 1 јули 2006 година беше избран новиот претседател, 55 годишниот Рамон Калдерон, и набрзо по доаѓањето на таа функција, за тренер го донесе Фабио Капело. За сезоната 2006/07 Реал потрошија приближно околу 100 милиони евра. Први во тимот пристигнаа Фабио Канаваро и Емерсон од Јувентус, а подоцна и Руд Ван Нистелрој од Манчестер. Во текот на сезоната клубот се зајакна и со младите јужноамерикански таленти Гонзало Игуаин, Фернандо Гаго, и Марсело. Исто така, Капело тогаш го објави и списокот на 16 играчи кој се најдоа на трансфер-листата. Меѓу нив се најдоа и Дејвид Бекам, Роналдо и Раул. Најпрво Бекам отиде во Америка, подоцна и Роналдо во Милан. Меѓутоа, ни таа сезона не беше нешто посебно за кралскиот тим, и набрзо започнаа караниците во и надвор од тимот. Капело во текот на еден натпревар им покажа среден прст на навивачите, а претседателот Калдерон играчите ги нарече разгалени ѕвезди. По заминувањето во Италија, Роналдо изјави дека времето во Реал му беше ноќна мора, а Капело го нарече ѓавол. Сепак, со сјајната низа од победи на крајот на сезоната, Реал во возбудлива завршница ги претекна Барселона и Севиља, и се закити со титулата првак на Шпанија. И покрај освоената титула, славниот Капело доби отказ, а го замени тренерот на Гетафе, и бившиот играч на Реал, Бернд Шустер.


Сезоната 2007/08 под водство на Шустер беше сезона на Реал во Шпанија. Таму завршија на првата позиција, со убедливи 8 бодови предност пред Виљареал. Позвучни имиња кои беа донесени тогаш беа Робен и Снајдер, кој беа главните креатори на игра, и столбот во одбраната, Пепе. Но сепак, лошото искуство во Лигата на шампионите повторно продолжи, и Реал 4 сезона по ред не успеа да се пласира во четвртфиналето од тоа натпреварување, откако во осмина-финалето беа поразени од италијанската Рома. Мора да се напомене дека во групната фаза, Реал тогаш играше и со Лацио, во чии редови настапуваше и нашиот Горан Пандев, кој на 2 натпревари успеа да го надмудри Касиљас дури 3 пати.


 
Член од
21 септември 2008
Мислења
13.553
Поени од реакции
10.135
2008/09 не беше баш сјајна сезона на Реал. Единствено звучно засилување во летниот преоден рок беше Рафаел Ван Дер Варт, а во зимскиот период беа донесени Ласана Диара и Хунтелар. Во Јануари 2009 година, шпанскиот весник Марка спроведуваше една кампања против тогашниот претседател Рамон Калдерон, во која се зборуваше за сите нерегуларности кои тој ги правел. Се ширеа муабети дека таа кампања е дело на бившиот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Калдерон поднесе оставка, а за претседател беше поставен Висенте Балуда, кој имаше за работа да го води тимот до крајот на сезоната. Реал таа сезона заврши втор во Шпанија со 9 бодови заостанување зад Барселона, претрпувајќи го можеби најгоркиот пораз во последните 20 години, кога на домашен терен беа поразени од најлутиот ривал со 2 - 6. Во Лигата на шампиони, 5 година по ред испаѓаа во осминафиналето, овој пат од англискиот Ливерпул,

Јуни 2009 година. За нов претседател на Реал повторно е поставен Флорентино Перез, откако на изборите немаше конкурент. За тренер беше назначен искусниот чилеански стратег Мануел Пелегрини, а за само 10 дена успеа во тимот да донесе двајца од најдобрите тројца играчи во Европа, Кристијано Роналдо и Кака. Подоцна во тимот се преселија и Чаби Алонсо, Албиол, Алваро Арбелоа, Карим Бензема, а исто така од позајмица беа вратени и Гранеро, Гарај и Негредо кој подоцна беше продаден во Севиља. Позвучни имиња кои заминаа од тимот беа Весли Снајдер, Арјен Робен, Клас Јан Хунтелар, Фабио Канаваро и легендата Мичел Салгадо. Постоеше, а и сеуште постои лутина кај некои навивачи поради продавањето на овие играчи, воглавно на Арјен Робен и Весли Снајдер, кој некои ги сметаа за едни од најдобрите играчи во Реал изминатите сезони.


Грб​

Првиот грб на Реал Мадрид бил со едноставен дизајн. Тој се состоеше од декоративно поставените три иницијали “MCF“ од Мадрид Фудбалски клуб (Madrid Club de Futbol) со темно плава боја на бел дрес. Првата измена во грбот беше направена во 1908, кога на буквите им е дадена повеќе аеродиманичност и биле ставени во круг. Следната измена не беше направена се до 1920 година кога кралот Алфонсо XIII, давајќи му на клубот ројална заштита, а со тоа давајќи му титула Реал, грубо Ројал, додека претседател беше Педро Парагес . Тогаш беше додадена и круната на кралот Алфонсо и клубот сега се нарекуваше Реал Мадрид фудбалски клуб (Real Madrid Club de Futbol). Монархијата во 1931 година донесе одлука да се избришат сите знаци додадени од кралот, а со тоа и круната од кралот, а додека титулата Реал беше отстранета од името година подоцна. На нејзино место беше додадена темната дудинка на бандите од регионот КастиљаВо 1941, две години после завршувањето на Шпанската граѓанска војна „Круната на Реал Мадрид“("Real Corona" или "Royal Crown" ) беше повторно вратена на грбот на тимот, а дудинската лента од бандите беше оставена на знакот сметајќи се како добарВо додавањето, боите беа модифицирани и грбот беше во повеќе бои,а додека златната беше посебно истакната. А клубот повторно беше наречен Реал Мадрид Фудбалски Клуб.


Дрес​

Реал Мадрид секогаш носи бел дрес со бели шорцеви, иако во почетокот имало и плава коса линија на дресот ( дизајнот бил зачуавн од клубскиот грб, но за разлика отсега биле носени темно плави чорапи. Дресот со линија бил заменет со целосно бел дрес, кој бил направен после носењето на дресот од Коринтиан во 1902Во истата година плавите чорапи биле заменети со црни. Во раните 40ти тренерот извршил промена на дресот со додавање копчиња и клубскиот грб на левата страна ( што се нема случено никогаш поред тоа ). На 23 ноември 1947, на натпревариот против Атлетико Мадрид, Реал стана првиот шпански тим кој носел дрес со бројки

Традиционалниот гостински дрес на Реал е целосно црн или целосно виолетов. Производител на моменатлниот дрес на Реал е Адидас со кој има склучено договор уште од 1998. Првиот спонзор на Реал Зунуси го спонзорирасе од 1982 до 1985. После тоа беше спонзориаран од Пармалат и Отајса, после тоа следеше долгогодишниот договор со Тека склучен 1992. Во 2001 тие го прекинаа нивниот договор со Тека и една година го носеа логото Realmadrid.com за да го промовираат својот веб сајт. Во 2002 година склучија договор со Сименс, во 2006 година се појави логото на BenQ Siemens на дресот од Реал Моментален спонзор на Реал е bwin.com поради финансиските проблемите на BenQ Siemens.

Моментален дрес:


Стадиони​

После неговото создавање во 1902 година во првите години тимот се преселуваше помешу повеќе мали игралишта се додека не се пресели на Кампо ди О’Донел.Овој стадион беше домашен стадио за Реал дури 11 години. После ова тој се пресели на Кампо ди Суидад Линеал, мал стадион со капацитет од 8 000 гледачи. После ова Реал Мадрид домашните натпревари ги играше на Стадионот Чамартин, започнувајќи на 17 мај 1923 со натпреварот против Њукасл. На овај стадион кој имаше капацитет од 22 500 глењдачи Реал ја освои првата Шпанска титула. После неколку успеси на овај стадион преседателот на Реал Сантијаго Бернабеу одлучи дека Стадионот Чамартин не е доволен за амбициите на клубот. Новиот стадион беше изграден на 14 декември 1947 година. Ова беше денешниот Сантијаго Бернабеу, но така не беше познат се до 1955. Првиот натпревар на овај стадион беше натпреварот помеѓу Реал и португалскиот Белененсес со победа на Реал од 3-1, а првиот гол го постигна Сабино Баринага.

Капацитетот на стадионот се менуваше. Па така после проширувањето во 1953 капацитетот беше 120 000 гледачи После низата од неколку модернизации на УЕФА ( во 1998/99 беа забранети стоечките места и се замениа со седечки ) се намали капацитетот на околу 75 000 гледачи.[58] Последното проширување беше од 5 000 столчиња и капацитетот изнесува 80 000 гледачи, направено во 2003. Планот за додавање покрив сѐ уште не е завршен.

Сантијаго Бернабеу беше домаќин на финалето на Европското првенство во 1964, финалето на Светското првенство во 1982 и финалињата во 1957, 1969 и 1980 на Лигата на Шампиони. А треба да биде домаќин на финалето во 2010 година во Лига на шампиони. Стадионот има свое метро во 10та алеја и е наречено Сантијаго Бернабеу[62]. Сантијаго Бернабеу беше често надградуван според Фудбалските стандарди на УЕФА.


Приврзаници и ривалитет​

За време на домашните натпревари повеќе од седиштата се зафатено со купувањето сезонски карти. А просек е 68.670. За да се земе сезонска карта мора да си член на навивачкиот клуб. Не сите членови на навивачкиот клуб земаат сезонска карта. Клубот има повеќe од 1.800 peñas (здружени навивачки групи), не само во Шпанија,туку насекаде во светот.Реал Мадрид ја имаше прв честа да прими 65.000 гледачи на своите трибини, во Шпанската Премиера . Во 2004/05 Реал по просек имаш по 71.900 гледачи.

Ел Класико
Ривалитетот со Барселона предизвика некои политички тензии помеѓу Кастиљанците и Каталонците. Мадрид е седиште на парламентот и кралската фамилија. Особено за време на владеењето на генералот Франко, кога дојде до покажување на козервативните сили.

За време на 50-тите години од минатиот век, кои се расправаа за трансферот на Алфредо ди Стефано, кој конечно заигра за Реал Мадрид и беше клучен за наредните успеси во клубот. Ривалитетот стаса и во Европските лиги, кога два пати се сретнаа меѓу себе и Реал Мадрид победи во 1960,а Барса во 1961. Во 2000 ривалитетот повторно се појави поради сомневања во трансферот на Луис Фиго, кој ја напапушти Барселона и замина во Реал.. Овие два тима се сретнаа повторно во 2002 година во полуфиналето на Лигата на Шампиони. Реал победи и подоцна стана шампион а Шпанските медиуми ова го нарекоа Натпревар на Векот.
Ел Дерби Мадрилењо​

Најблискиот сосед на клубот е Атлетико Мадрид кој е исто така голем ривал гледан низ очите на навивачите на Реал. Атлетико е создаден од 3 Баскиски студенти во 1903, во 1904 година му се приклучиле исфрлените играчи од Реал Мадрид. Тогаш навивачките тензии почнале бидејќи навивачите на Реал биле од средната класа на луѓе, а на Атлетико билеод работниците. Денес овие контроверзи се многу заматени. Тие се сретнаа на 21 Фебруари 1929 година во третото коло на Шпанската дивизија на поранешниот Чамартин. Ова е првото официјално дерби помеѓу овие тима и Реал победи со 2-1. Ова дерби за прв пат доби интернационален карактер кога се сретнаа во Лигата на шампиони во 1959 година во полу-финалето. Во првиот натпревар победи со 2-1, а на вториот Атлетико со 1-0. Понатаму изиграа плеј-оф во кој Реал победи со 2-1. Како и да било Атлетико направи неколку одмазди, под водство на поранешниот тренер на Реал Мадрид Хозе Виљалонга, победувајќи ги два пати Реал Мадрид во финалињата на Копа дел Реј во 1960 и 1961

Помеѓу 1961 и 1989 кога Реал доминираше во Ла Лига, само Атлетико направи неколку сериозни предизвици освојувајќи ги титулите во 1966, 1970, 1973 и 1977. Во 1965 Атлетико стана првиот тим кој го победил Реал на Сантијаго Бернабеу во осум години. Натпреварите на Реал против Атлетико се многу поволни за него. [83] А кулминацијата доаѓа во 2003 кога Реал ја освои титулата во Ла лига во сезоната 2002/03 победувајќи убедливо на Висенте Калдерон со 4-0.

Навивачите на Реал Мадрид за време на Ел Дерби Мадрилењо​


Трофеи

Домашни

Ла Лига
Прваци (31 – рекорд): 1931–32, 1932–33, 1953–54], 1954–55, 1956–57, 1957–58, 1960–61, 1961–62, 1962–63, 1963–64, 1964–65, 1966–67, 1967–68, 1968–69, 1971–72, 1974–75, 1975–76, 1977–78, 1978–79, 1979–80, 1985–86, 1986–87, 1987–88, 1988–89, 1989–90, 1994–95, 1996–97, 2000–01, 2002–03, 2006–07, 2007–08

Вице-прваци (17): 1928–29, 1933–34, 1934–35, 1935–36, 1941–42, 1944–45, 1958–59, 1959–60, 1965–66, 1980–81, 1982–83, 1983–84, 1991–92, 1992–93, 1998–99, 2004–05, 2005–06

Копа дел Реј
Прваци (17): 1904–05, 1905–06, 1906–07, 1907–08, 1916–17, 1933–34, 1935–36, 1945–46, 1946–47, 1961–62, 1969–70, 1973–74, 1974–75, 1979–80, 1981–82, 1988–89, 1992–93

Вице-прваци (19): 1902–03, 1915–16, 1917–18, 1923–24, 1928–29, 1929–30, 1932–33, 1939–40, 1942–43, 1957–58, 1959–60, 1960–61, 1967–68, 1978–79, 1982–83, 1989–90, 1991–92, 2001–02, 2003–04

Суперкопа де Еспања
Прваци (8 – record): 1988, 1989*, 1990, 1993, 1997, 2001, 2003, 2008
Вице-прваци (3): 1982, 1995, 2007

Интернационални

УЕФА Лига на шампиони
Прваци (9 – record): 1955–56*, 1956–57, 1957–58, 1958–59, 1959–60, 1965–66, 1997–98, 1999–2000, 2001–02.
Вице-прваци (3): 1961–62, 1963–64, 1980–81

Интерконтинентал Куп
Прваци (3 – record): 1960, 1998, 2002
Вице-прваци (2): 1966, 2000

УЕФА Куп
Прваци (2): 1984–85, 1985–86

УЕФА Куп на победниците на куповите
Вице-прваци (2): 1970–71, 1982–83

УЕФА Супер Куп
Прваци (1): 2002
Вице-прваци (2): 1998, 2000

Моментален состав

Голмани:

1 - Икер Касиљас
25 - Јиржи Дудек
26 - Антонио Адан

Одбрана:

2 - Алваро Арбелоа
3 - Пепе
4 - Серхио Рамос
12 - Марсело
18 - Раул Албиол
19 - Езекил Гарај
21 - Кристоф Мецелдер

Средина:

5 - Фернандо Гаго
6 - Мамаду Диара
8 - Рикардо Кака
10 - Ласана Диара
14 - Гути
15 - Ројстон Дренте
22 - Чаби Алонсо
23 - Рафаел Ван Дер Варт
24 - Естебан Гранеро

Напад:

7 - Раул Гонзалес
9 - Кристијано Роналдо
11 - Карим Бензема
20 - Гонзало Игуаин

Тоа е тоа, нека ни е честито новата тема, да се надеваме дека во оваа ќе има многу повеќе радости од старата, затоа што во старата освен на трансфери, не се израдувавме на нешто поголемо. :tv:

Очекувам дека ќе има одлични дискусии, без провокации и вреѓања.

Старата тема можете да ја најдете тука, а онаа најстарата, првата, тука.

HALA MADRID !

 

VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Честитки честитки :smir:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.264
Поени од реакции
17.947
Епа ај комшии јас да ви ја честитам темава. Со здравје нека ви е и повеќе асални дискусии да има помеѓу нас и вас, а помалку провокации:)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.125
Супер вовед, честито нова тема :) Нека се полни само со добри работи, прославување на титули итн.
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Епа ај комшии јас да ви ја честитам темава. Со здравје нека ви е и повеќе асални дискусии да има помеѓу нас и вас, а помалку провокации:)
Ајде и од мене честитики за темава...па да пишиме уше 5 пати по тплку:wink:..И како шо кажа "комшијава" ајсбој.......помалку карања со други фан клубови...повеќе дискусии и ферски фудбалски расправии.:smir:
Манга,секоја чест за воведот!!!!
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.306
Хух, не си потрешил многу време :) Good job :smir:

As promised, другата страна на Реал.
Haters gonna hate





плус ова :tv:

Извинување до тие со поминат лимит :)
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Честито нова тема многу успеси да нижете.:smir::vozbud:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.399
Поени од реакции
54.586
Ај нека е со помин :pos:
 
Член од
14 март 2009
Мислења
276
Поени од реакции
10
4estita neka vi e pobedata a i novata tema i se nadevam na pobedi i na real i na barca vo slednoto kola pa da vidime so 4e se slu4i na el klasiko:smir:
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.559
Поени од реакции
10.033
Ај нека ви е честито :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom