Групава воопшто не е атрактивна, а 4 од 5 репрезентации се силни и незгодни + Андора.
Русија - Најмалку ја посакував од првиот шешир. Нивната игра воопшто не ни одговара, многу подобро ќе беше да играме со друга репрезентација, но нема плачење сега
Во Скопје против нив не поминавме половина на терен, а во Москва не излеговме од шеснаесетник, очекувам нешто слично и во следните квалификации...
Ирска - Не се ништо посебно, сигурен сум дека доколку играме како што знаеме, би ги победиле на домашен терен без проблеми. Далеку послаба е оваа репрезентација на Ирска, од онаа што ја победивме пред 10тина години.
Словачка - Силна репрезентација, чија што игра исто така не ни одговара. Играат брз фудбал, немаат звезди во тимот, а многу трчаат. Против вакви репрезентации секогаш сме биле осудени на неуспех, па се надевам дека ќе се смени сето тоа во наредните квалификации. Последниот пат во Скопје без проблеми не победија 5-0.
Ерменија - Многу жилава репрезентација, на гостински терен не играат ама баш ништо, но затоа е многу тешко да се победат на домашен терен. Последните натпревари со нив завршија со резултат 3-0 (Скопје) и 1-1 или 2-2 (Ереван)?
Андора - Би требало без проблеми да ја победиме, но бидејќи не се прашуваме ние, тогаш се е можно...