Квалификации за Европско Првенство - Полска и Украина 2012

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Е ако оваа група не ни е погодена, не знам која би била поарна.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Е ако оваа група не ни е погодена, не знам која би била поарна.
Реално групата за светско беше убедливо најлесна :)
Имавме само 4. противници за разлика од моменталните 5.
Инаку за сегашнава група за ЕП останува да жалам што сепак наместо Ирска за очекување беше полесна репрезентација со оглед на тоа дека Ирците беа лидери во тој шешир.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
Значи пак нема да има некоја ѕвездена формација на градски, барем не овие квалификации:tapp:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.716
Поени од реакции
49.097
хаха после секоја ждрепка првобитниот есап ни е таман, после кога ќе ја изгубиме првата домашна почнува пиздењето.

Како и да е, од оваа перспектива на уште непочнато, мислам дека имаме шанси за први три, мали се ама имаме. Русија е преценета репрезентација, минативе квалификации се покажа тоа, стари им се играчите, стари беа и кога направија бум на минатово Европско, не па сега. од нив, Словачка и Ирска ќе мора да не се изгуби дома, а на гости да се изненади бар една од нив.
Ерменија ќе мора да се врзе со две победи а на Андора да им се наплати и да им се преседне таа победа од тогаш.
Ми дава надеж новата политика на Јонуз со тоа кој не игра за клубот стандардно нема да игра за репрезентација, не ме радува што Хари е тука и во моментов некој си кинески кладилничарски кланови трљаат раце за Македонија- Андора уште сега :)
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Ќе не уништат!

Несакам веќе да ги читам/слушам мислења од типот:Да ги тепаме Андора и дома и гости,Да ги тепаме Словачка дома таму да изненадиме....


Не сме ние некоја селекција за да би можеле да направиме некој подвиг.Немам надеж веќе во нив и воопшто не се надевам дека ќе се искачиме погоре од 4 место.

Русија ќе не тепа и дома и гости,Ирска и Словачка(едино што можеме е макс. на некои од овие три да им украдеме 2 бода)


Ерменија ќе ја тепаме дома,таму или нерешено или пораз(победа нема шанси),на Андора ќе и земеме 6 бодови.

2 од фаворитите + 3 или 4 од Ерменија и 6 од Андора.

Се на се ние ќе си имаме околу 11-12 бодови како и секој циклус,ама ќе ни остане надежта дека можеби некој друг пат ќе биде подобро:smir:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.321
Поени од реакции
8.315
Реално групата за светско беше убедливо најлесна :)
Имавме само 4. противници за разлика од моменталните 5.
Инаку за сегашнава група за ЕП останува да жалам што сепак наместо Ирска за очекување беше полесна репрезентација со оглед на тоа дека Ирците беа лидери во тој шешир.

можеби си во право за претходната група дека ни беше една од нај лесните до сега но и оваа е доста лесна ако играат смирено и ангажирано на секој натпревар а што викаш за ирска тоа е мораше некој да ни падни па и два пати ги заебавме до сега и ни одговарааат а за тоа со 5 реперзентации нема да с есметаат нели бодовите со најслабата со андора и д азагубиме нема да има некое посебно влијание важни ќе бидат утакмиците со словачка ирска и грузија
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.124
Поени од реакции
3.988
Ja stvarno nemozam da sfatam kako moze da vi izgleda grupva lesna??? Slovacka i Irska ne se toa sto bile do pred 2 godini, sega se u top forma neame sansi so niv... Batalete toa golot na Hristov pred 10 godini, toa e istorija, sega se vrvna ekipa. Za Slovacka nemam komentar, na kvalifikaciive za svetsko prvi zavrsija u grupa (partali ja napravija Ceska i Polska), toa ne vi zbori dovolno? Edino protiv Rusija bod ako izvadime, so ni toa ne veruvam, ali u sekoj slucaj nema sansi u top3 da zavrsime... Osven od Andora i Ermenija, od drugite mecevi ne ocekuvajte ni poen... Nie som protiv Skotska i Norveska ne uspeavme da se izvadime, so Slovacka i Irska mislite ke mozeme, kade be...

Ќе не уништат!

Несакам веќе да ги читам/слушам мислења од типот:Да ги тепаме Андора и дома и гости,Да ги тепаме Словачка дома таму да изненадиме....


Не сме ние некоја селекција за да би можеле да направиме некој подвиг.Немам надеж веќе во нив и воопшто не се надевам дека ќе се искачиме погоре од 4 место.

Русија ќе не тепа и дома и гости,Ирска и Словачка(едино што можеме е макс. на некои од овие три да им украдеме 2 бода)


Ерменија ќе ја тепаме дома,таму или нерешено или пораз(победа нема шанси),на Андора ќе и земеме 6 бодови.

2 од фаворитите + 3 или 4 од Ерменија и 6 од Андора.

Се на се ние ќе си имаме околу 11-12 бодови како и секој циклус,ама ќе ни остане надежта дека можеби некој друг пат ќе биде подобро:smir:
Kompletno se soglasuvam so komentarov!
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
poenite so posledno plasiranata grupa nema da se vazat pa taka da super bi bilo da se skoncentrirame na pojakite selekcii
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Добра група е и реална за сите. Може се да се случи се додека нашиве играат со срце и не очекуваат само од Пандев.
Русија е јака ептен. Но може да се победи.
Најнезгоден противник е Словачка. Имаме губено 100 пати од нив. Дури еднаш 5-0 на градски изгубивме. Со Ирска ќе биде налик ко со Шкотска. Имаме играно со ниб сме ги победиле и сме изгубиле.
Ерменија не смееме да ја потцениме. А ако видам барем едно реми или пораз со месарите и берберите од Андора се откажувам од репрезентација.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Со ваква игра како што имаме тешко барем да ја подобрат формата па да имаме некаква надеж вака овие се незгодни репрезентации а не се ни атрактивни така да ако сакаат нешто повеќе нека ја поправат играва ако не пак 4то место со не така јаки екипи.Словачка и Швајцарија се на СП ако тоа за вас се слаби екипи па и Русија хаха незнам на Јонуз останува
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Групава горе-доле не е кој знае колку тешка.Нај весело ке биде кога ке дојдат Русиве во Скопје,пак ке има
осеќам.
А и со Ирциве ке биде интересно,барем кафаниве ке видат пара,но искрено мене ме плаши Андора:smir:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.748
Поени од реакции
6.480
Добра група ни се падна затоа што нема толку јаки противници:toe:,русија и ирска се подобри од нас но може да паднат на градски,словачка не е толку добра и мозе да извадиме 4 бода со неа:toe:Сакав да дојде португалиа ама ништо
 
П

Паспарту

Гостин
Групава воопшто не е атрактивна, а 4 од 5 репрезентации се силни и незгодни + Андора.

Русија - Најмалку ја посакував од првиот шешир. Нивната игра воопшто не ни одговара, многу подобро ќе беше да играме со друга репрезентација, но нема плачење сега :) Во Скопје против нив не поминавме половина на терен, а во Москва не излеговме од шеснаесетник, очекувам нешто слично и во следните квалификации...

Ирска - Не се ништо посебно, сигурен сум дека доколку играме како што знаеме, би ги победиле на домашен терен без проблеми. Далеку послаба е оваа репрезентација на Ирска, од онаа што ја победивме пред 10тина години.

Словачка - Силна репрезентација, чија што игра исто така не ни одговара. Играат брз фудбал, немаат звезди во тимот, а многу трчаат. Против вакви репрезентации секогаш сме биле осудени на неуспех, па се надевам дека ќе се смени сето тоа во наредните квалификации. Последниот пат во Скопје без проблеми не победија 5-0.

Ерменија - Многу жилава репрезентација, на гостински терен не играат ама баш ништо, но затоа е многу тешко да се победат на домашен терен. Последните натпревари со нив завршија со резултат 3-0 (Скопје) и 1-1 или 2-2 (Ереван)?

Андора - Би требало без проблеми да ја победиме, но бидејќи не се прашуваме ние, тогаш се е можно...
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Сите знаеме како играме на гости па и од Ерменија би изгубиле треба малце на гости да научат да играат не само на Филип 2ри
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
На прв поглед имаме ни лесна ни тешка група.

Значи нема некоја ѕвездена селекција, носител е Русија, репрезентација на која и е поминат зенитот, и која следниве две години кога ќе ги играме кфалификацииве ќе има смена на генерации така да можеме да го искористиме тоа.

Словачка (после Грција) ми се чини дека е најлесната од втор шешир што можеше да ни се падне. Иако се кфалификуваа за СП, не верувам дека ќе играат во оваа форма и понатака. Е сеа можат да бидат незгодни, а и гледајќи го фактот што нас не ни иде баш со овие средно-силни репрезентации, нема да ни биде ни малце лесно на нас со нив.

Од третиот шешир ја добивме најсилната репрезентација, која заслужува да игра и на СП, не толку поради нивната игра, туку за катастрофалната игра на Франција.
Но ние пак неможеме да се пожалиме од дуелите со островските селекции, таквиот фудбал ни одговара и очекувам да ги изненадиме барем со победа дома.

Ерменија ни се падна несакајќи... требаше Казакстан да го добиеме но сепак не треба да биде голем проблем ако се е во ред со ФФМ

И за Андора истото важи.

Се на се, доколку не ја измрсат од ФФМ, имаме какви такви шанси за второ место. Отцена за ждребот 7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom