П
Паспарту
Гостин
И тоа може: Ирски навивач украде естонска тренерка и седеше до селекторот!
И тоа веројатно може, кога се сака националниот тим. Не се бираат средства за да се гледа натпреварот на својата селекција.
Генијалниот ирски навивач, Конор Канингам на првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на ЕП 2012 меѓу Естонија и Ирска во Талин стигнал со десетмина свои пријатели. Немале билети за натпреварот, а на црно им биле прескапи... Неговите пријатели се помириле со фактот дека нема да го следат натпреварот од трибините, но Конор не.
„До Талин патувавме 24 часа преку Лондон, Стокхолм и Рига. По сите тие маки, ни во лудило не сакав да го пропуштам натпреварот“ - ја раскажува својата авантура Ирецот.
Тогаш приметил дека една од вратите на стадионот е подотворена, а официјалните лица не контролираат баш кој влегува.
„Влегов внатре и забележав една јакна од естонската селекција. Ја облеков, зедов вреќа со топки и влегов на теренот. Искрено не знаев што понатаму и само чекав да почне натпреварот“ - вели Конор, кој за неколку секунди онака несвесно завршил на клупата на естонската репрезентација.
„Никој ништо не ми рече. Мирно си седев на клупата додека стартуваше натпреварот. Дури подоцна сфатив дека седам покрај естонскиот селектор“ - раскажува ирскиот навивач, дополнувајќи дека дури по 15 минути до него дошол службеник на УЕФА кој го замолил да ја напушти клупата.
“Тогаш се повлеков, но по натпреварот повторно влегов на теренот честитајќи им на моите идоли за големата победа од 0-4“ - додава Канингам, кој преку оваа приказна стана омилен лик изминативе денови и меѓу репрезентативците на Ирска, но и во фудбалската јавност на островската земја.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2720