FlashForward

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Heroes на прво место, па и Spartacus го имаш на листава, добар избор. :pos2:
 
Најдобри сериски филмови според мене кои досега ги имам гледано,

1. Heroes
2. Prison Break
3. Criminal Minds
4. Spartacus
5. 24 / CSI

Ќе ја прегледам и оваа и ќе пишам коментар. ;):helou:

Ај баш да видиме дали ќе влезе во топ 5 :)
 
Еее све хејтери на Heroes:angry1:

А FlashForward ја немам гледано, а и мислам дека и нема да ја гледам. Многу падна во рејтинзи и гледаност кај американците и по се изгледа ќе ја скинат во Мај месец.
 
Еее све хејтери на Heroes:angry1:

А FlashForward ја немам гледано, а и мислам дека и нема да ја гледам. Многу падна во рејтинзи и гледаност кај американците и по се изгледа ќе ја скинат во Мај месец.

Направи инает и кажи ми оти не ја усраа серијата ајде. Ја гледав со полн ќеф, цела, до последна епизода, ама мака ми е шо ја заебаа.
 
Направи инает и кажи ми оти не ја усраа серијата ајде. Ја гледав со полн ќеф, цела, до последна епизода, ама мака ми е шо ја заебаа.

Го заебаја делот со Sylar, кога во финалната епизода од трета сезона го напраја позитивен лик т.е го напраја да е Nathan. Од тогаш сите сцени со Sylar се тешко срање, шо и ја изгрди цела 4-та сезона. Ама да речиш дека ја заебаа цела серија е премногу. Знајш како одат работите во Heroes, премногу ликови, сезоните не се ни толку поврзани па и од таму штетата не е нешто непоправлива. Ако им тргни добро во 5-та сезона ( ако се решат NBC да му дадат шанса ) лесно можи да си ја врати старата слава. Ама ај можи и пристрасен да сум, јас обожавам ваков тип на серии и со голем ќеф ги гледам, замене лично нема промашена епизода. Само прашај за колку време the 4400 ги изгледав:tv:
 
Значи има патување во иднината... минатото... ваму-таму :) Станува интересно, во глобала ми се допадна последната епизода... :)
 
Муабети за Хироус во Хироус. Овде муабети за оваа каша-попара од серија...
 
Последниве епизоди и не се толку лоши. Напротив баш уживав во 11,12 и 14-тата. Напротив навистина се добри. Штета што го утнаа првиот дел од серјата па со сегашните рејтинзи нема ни минимални шанси да се врати догодина.
 
Значи има патување во иднината... минатото... ваму-таму :) Станува интересно, во глобала ми се допадна последната епизода... :)

Баш ме интересира како D.Gibbons патувал 20 години во иднината, а тест субјектите од селото патувале само 2 недели...навистина е чудно. :)

Сепак, со ова сега се отвара сосем ново игралиште, секој потег кои би го направиле CIA и FBI ќе биде познат на негативциве, интересно...и Vogler е ѕвер бе, не е како другите патетични ликови...

Кога ќе го видам Bryce со таа девојката или Olivia едноставно ми се иде до веце за да пуштам вода...:)
Катастрофа, многу ми се бедни такви фини еднодимензионални ликови...
 
Оваа серија, и серијата V го имаат тоа проклетие да ги споредуваме со Лост. Ми се чини да не ја гледав Лост, баеги појше ќе ме бендисаше Flash Forward.

Настаниве во серијава се одвиваат многу, многу споро. Освен во првата епизода, и во последниве неколку, ми имаат остевено впечаток само краевите од епизодите, и чат-пат некој почеток. Се измеѓу, ми било прилично досадно.
Друго, има и многу неинтересни ликови. На пример, што ме интересира мене муабетот меѓу дадилката и тој лекарот, кога таа му кажуваше дека сака психологија. И Оливија (ми се чини дека така се викаше жена му на Марк) ми е прилично досадна (а како Пени во Лост ја обожавам). Агентката е неинтересна. Другите се така-така. Едино Сајмон е неверојатен, закон. А Димитри некако не ми личи на FBI агент, многу е млад и ситен, што знам. Инаку, тој како глумец го имам видено на два пати до сега и симпатичен ми бил. Марк ми е еденод најубавите луѓе у свет, уште кога го гледав во Killing me softly и во Shakespeare in love. Али со оглед на тоа што ја гледам серијава без превод, некад стварно ме нервира неговоно шепотење.

Кога првпат чув за концептов на серијава, си реков дека идејава е прекрасна, може боље е сценариото и од Лост. Ама откако изгледав, не може со Лост. Можеле да ја направат поинтересна, дефинитивно. На таа идеја, греота е серијава да нема втора сезона.

Споредено со V, оваа помалку ми се допаѓа. А никогаш не ми се допаѓале филмови со вонземјани, отсекогаш сум била фасцинирана од патување/предвидување на минато/иднина.

Е сега имам нешто нејасно, ако можете да ми помогнете. Ги имам симнато првите 12 епизоди, и 15 епизода. После симнав една во која што овие идат во Сомалија. Јас ја симнав како 13, али на википедија пишува дека е 14 епизода. И кога сакам да ја симнам 14, оние торенти кои ги наоѓам имаат коментари дека е иста како 13 епизода. Значи ми фали една епизода која не можам да ја најдам. По можност да ми пратите торент.
 
Едната епизода е дупла, 11-12, така да мора да ги имаш сите види убаво.

Инаку 15та епизода т.е. последнава беше една од најинтересните ако не и најинтересна досега. Крајот богами беше неочекуван и доста интересно се одвиваа работите и посакав уште да трае што не ми се случило претходно за оваа серија. :)
 
Најдобра епизода досега, многу работи се открија. Негативно е тоа што не покажаа кој го возеше моторот. Плус, Марси испадна ептен Џејмс Бонд ебате, ги спотепа сите тамо. Интересно во секој случај.

Dyson Frost ѕвериште!
 
Интересно, али не и епик. Коа ќе ги исечат Bryce, девојка му, другата девојка и Olivia, ќе биде ѕверско.
Кој кур ми е мене гајле дали Bryce ќе ја упознае Јапонката или не, антипатичен лик е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom