Малку сум изненаден со трансферот на Овен во Манчестер Јунајтед. Но мора да признам пријатно изненаден. Не дека не го одобрувам туку дека не го очекував. Не ми е јасно зошто толку многу фанови на предходните страници толку "плукаат" по Мајкл Овен. Дали е тоа поради тоа што се помлади членови, па не го познаваат доволно или незнам. Овен е одлична добивка на искуство и квалитет. Што сега, проблем е ако не може да изигра Сабота-Среда-Сабота? Па и Гигс не може да изигра, ни Сколс, ни Невил. Треба да плукаме и по нив, или можеби да ги избркаме? Какво е тоа ваше предвидување дека ќе се повредува, вие гатачи сте што знаете кој ќе се повредува, а кој не? Роналдо нели беше отсутен половина година лани. Ете гледате и тој се повреди, а нема 29 години. Ја критикувате и неговата последна форма (мислам на Овен). Па не ви е јасно дека не и исто да играш во Ливерпул или Реал наспроти играњето во Њу касл. Што очекувате вие од играч на Њу касл. Нормално е дека не може да блеска. Со кого ќе блеска? Кај нас е друго. Има со кого да блеска. Ќе игра покрај Руни и компанија, а тренер ќе му биде Ферги (зарем тоа ништо не ви значи?). Секоја чест за Ферги што се сети да земи таква звезда за без пари и да ја плаќа само 50,000 неделно. Парите му останаа, па ќе донеси уште некој друг. Што го критикувате Ферги дека наводно "пред нос му ги земаат играчите"? Зарем не ви е јасно дека Ферги не фрла големи суми по играчи. Ферги купува "суровини", а не "готови производи", затоа што е способен сам да произведе, затоа што не постои "поголем производител" од него во фудбалот. А формирањето на Овен во Манчестер сватете го како "рециклиран" производ

. Со Овен можеме само да добиеме, а во никој случај да изгубиме. Овен е квалитет, искуство и тоа ќе биде комбинирано со мотивација за нов предизвик, титула, и нови тандеми во играта. Овен е играч кој играл за големи екипи, и на Овен не му е потребно никакво прилагодување. Едноставно само му треба подсетување на стрите добри времиња, а се надевам дека одма ќе се подсети и дека не заборавил да игра фудбал

. Бил звезда во големи клубови, и ќе продолжи да биди звезда во најголемиот клуб, Манчестер Јунатед. А ќе трча и ќе се бори онолку колку што му дозволуваат годините. Не е млад, но немојте да го правите дека е престарен. Покрај Руни секој би се борел и играл како лав. Сите оние кои го паметат само од Њу Касл, ќе бидат почестени да го видат како игра и во голем клуб, и се надевам дека еден ден ќе се извинат тука за сите песимистички коментари за него. Манчестер Јунајтед е една комплетна целина која што Овен може само да ја засили, а во никој случај да ја ослабне. Затоа од мене до Мајкол Овен едно големо
Д О Б Р Е Д О Ј Д Е ! ! ! ! !