Што читате во моментов? (со краток коментар)

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
"Престиж" - Кристофер Прист
Супер е книгава, али мислам дека ова е прв случај филм да ми се допадне повеќе од книга.
Интересен е начинот на раскажување. Книгата всушност претставува збирка од неколку дневника. Се чита брзо, има неколку пресврти. Ја препорачувам.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
ќе одговорам само на прашањето во насловот на темата:
Херман Хесе - Степски волк и Е.Хемингвеј - За кого бијат камбаните
подетална анализа оставам за кога ќе ги прочитам
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Многу сегменти кои што ме фрапираа... неможе тоа да се објасни преку тастатура бидејќи би требало да пишувам со часови.....
Прво ги кажува своите таленти, школските денови, потоа следи периодот кога е на дното, кога му умираат родителите, кога останува без пари, не го примаат на факултет, гладува и тоа не е доволно за да се разочара и да ,,се откаже од себе‘‘!
Делот кој најмногу ми се допадна е оној најголемиот, политиколошкиот труд, кога го опишува животот на евреите, германците и австрииците! и секој со доследна детална, прецизна и совршена анализа врз секој важен политичар, политичка паритија, цела држава или некој влијателен човек! Со факти објаснува кој работел прецизно а кој погрешно! Како влијаел ,,австрискиот‘‘ печат под еврејска управа и како чешката црква работела против германците! Анализата за тоа како евреинот од обичен трговец влегувал во највисоките општествени слоеви!
Приказната за многудетното семејство кои живеат во еднособен стан, што ја опишува состојбата во Германија!
Потоа делот во кои ги нагласува ораторските вештини во кои повеќето се сомневале....
Овде повеќе ги набројав само кратки елементи, ако те заинтересира прочитај ја по-сконцентрирано и ќе видиш за што ти зборам
Дај бе не ме заебавај. Книгата е екстремно досадна, а типот е психопат. Полна е со расизам, национализам и идиотски тези дека ариевците се супериорна раса, а сите ние останати сме ѓубре што треба да се збрише. Можам да разберам некој да ја чита од чисто историско/биографски побуди, ама да поверува во глупостите што се пишувани.. немам коментар...

Он топик: Tractatus Logico Philosophicus - Ludwig Wittgenstein
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Дај бе не ме заебавај. Книгата е екстремно досадна, а типот е психопат. Полна е со расизам, национализам и идиотски тези дека ариевците се супериорна раса, а сите ние останати сме ѓубре што треба да се збрише. Можам да разберам некој да ја чита од чисто историско/биографски побуди, ама да поверува во глупостите што се пишувани.. немам коментар...
Да се разбереме, поголемиот дел од книгата е преглед од политиколошки аспект! очигледно тебе баш тој дел не те интересирал, а интересни ти биле оние приказни за ариевците во рајот! Штета што си потрошил толку време за нешто за што не те бива:toe:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.395
Gleam nekoj pogore go spomna Gijom Miso.
Pa letovo dosta slobodno vreme posvetiv na knigive na ovoj pisatel. Sto da kazam...
Zatoa sto te ljubam bese prvata. Lesna kniga (vo stil mislam) i ubavo ja opisuva covekovata psiha vo sostojba na golema bolka. Spored mene, tipov go stavam vednas do Nikolas Sparks i kako literatura koja opusta.

Et apres (Samo budi ovde) ili A potoa... Ubava kniga, ne bi se slozil deka e za frlanje, no mozebi toa sto citatelite ocekuvala nesto slicno na gorenavedenata pa ostanale razocarani. KAko i da e, knigava ima druga konotacija - nesto slicno kako vo filmot The city of angels so Nicholas Cage. Lesna za citanje, odvlekuvanje na umot za moment vo imaginarnite sloevi na eden romanticar. I krajot poebuva kao i uvek.

Kako bih ovde bez tebe. Most pomegju prvata i vtorata, za toa kolku ljubovta e silna, za zagubenoto vreme i za toa deka vo zivotot imame samo po eden obid. Ili dva... Zosto da ne... Vredi da se obideme.
I ovaa kako prethodnite bi ja ocenil kako prekrasna, lesna za citanje, dovolno za moment da ve odvede vo svetot kade pogledite kazuvaat se`.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Да се разбереме, поголемиот дел од книгата е преглед од политиколошки аспект! очигледно тебе баш тој дел не те интересирал, а интересни ти биле оние приказни за ариевците во рајот! Штета што си потрошил толку време за нешто за што не те бива:toe:
Не е ни најмалку важно што ми е интересно мене. Трагично е на што се восхитуваат младите во државава, несомнено социо-политичкиот, а особено економскиот елемент поттикнат од одредени субјекти придонесува до развивање на овие абнормални погледи на светот и општо животот. Но тоа е тоа...
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Не е ни најмалку важно што ми е интересно мене. Трагично е на што се восхитуваат младите во државава, несомнено социо-политичкиот, а особено економскиот елемент поттикнат од одредени субјекти придонесува до развивање на овие абнормални погледи на светот и општо животот. Но тоа е тоа...
Нензам ти колку години имаш, и на колку години си ја прочитал книгата, ниту каква струка имаш! Кога ќе видиш, некој со лошо средно образование, 2 години гимназија, 2 години некакво си уметничко училиште може да опише, претстави и анализира една комплексна целина наречена политички живот во Германија, Австрија, Балканските народи, и секој нивен потег со реална оценка, тоа е богами за восхит. Пак се фаќаш за некои поситни теми, и избегнуваш од главната. Еден историски факт вика дека пред да се појави Хитлер во герфманската јавност, едно јајце од кокошка можело да се купи по енормни цени, тоа е абнормална економска појава, и неможеш во таква фаза да дадеш норамален поглед. Ако више навлагаме длабоко во оваа книга, дај да излеземе од темава и ќе ја анализираме во детални црти....
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
"Престиж" - Кристофер Прист
Супер е книгава, али мислам дека ова е прв случај филм да ми се допадне повеќе од книга.
Интересен е начинот на раскажување. Книгата всушност претставува збирка од неколку дневника. Се чита брзо, има неколку пресврти. Ја препорачувам.
Филмот е феноменален особено зошто е снимен со добри актери Хју Џекмен и Кристијан Бејл, содржината е таква што изгледа добро кога ке се прикаже визуелно.. што за разлика од некои романи со психолошка и филозофска содржина тешко е да се долови преку филм во секој случај книгата е изворот сите ја црпат идејата од таму и сосема е поинаку кога во главата си ги создаваме сликите...

инаку јас читав пред некое време Маркес- сто години самотија но искрено не ми се допадна толку зошто не е стилот кој ме привлекува или пак зошто содржината беше таква поврзана со војна а очекував нешто сосема друго според насловот, накрај многу се изнервирав и ја фрлив зошто секое поколение во семејството во кое се случува главното дејство го крстеа со едни исти имиња Хозе Аркадио и Аурелијано хозе и сеа 5-6 души има такви ај сега разбери за кој прави муабет :))) донекаде е јасно ама потоа кога ке се испреплетат работите и читателот почнува да се буни :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
инаку јас читав пред некое време Маркес- сто години самотија но искрено не ми се допадна толку зошто не е стилот кој ме привлекува или пак зошто содржината беше таква поврзана со војна а очекував нешто сосема друго според насловот, накрај многу се изнервирав и ја фрлив зошто секое поколение во семејството во кое се случува главното дејство го крстеа со едни исти имиња Хозе Аркадио и Аурелијано хозе и сеа 5-6 души има такви ај сега разбери за кој прави муабет :))) донекаде е јасно ама потоа кога ке се испреплетат работите и читателот почнува да се буни :)
Aу за оваа книга треба да има предупредување - да се чита со еден лист хартија на кој ќе ги запишуваш имињата на ликовите и по нешто за нив, за да знаеш да се снајдеш понатаму.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Сто години самотија има подлабоко значење. Не е само површна приказна за шест-седум поколенија на едно семејство. Нема кој не се збунил со ликовите барем еднаш во текот на романот, но тоа не е страшно. =))

On topic, јас вчера ја почнав Љубов во време на колера, исто од Маркес. Сличен стил како во Сто години самотија, секоја нова реченица откриваш нешто ново. =)) Ми се допадна почетокот и ветува дека докрај ќе биде интересна.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Aу за оваа книга треба да има предупредување - да се чита со еден лист хартија на кој ќе ги запишуваш имињата на ликовите и по нешто за нив, за да знаеш да се снајдеш понатаму.
А насловот на листот да биде: лозата на фамилијата Буендија, протагонисти на најдобрата книга некогаш напишана! :)
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Идиот - Достоевски.
Големи пред-очекувања имам за книгава, се надевам ќе бидат оправдани :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Девојката со тетоважа на змеј (трилер, состојбите и криминалот во модерното шведско општество) - Стиг Ларсон

Паване (алтернативна историја поврзана со црквата) - Кејт Робертс
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Владетелот од Николо Макијавели.

Оваа книга претставува своевиден водич за начинот на кој би требало да се владее со една држава. Со лесен и разбирлив стил, Макијавели ги опишува работите што ја сочинуваат внатрешната политика и предусловите што се потребни за еден владетел да биде моќен. За него државата е резултат од интересите и потребите на граѓаните. Но, пред сè, таа е резултат од волјата на самиот владетел, за да се зголемат неговата моќ и неговата хегемонија.

Одлична книга за идните политичари и државници, бидејќи дава одговор на многу прашања околу начинот на водењето на државата и опасностите кои треба да се премостат. Инаку омилена лектира на многумина светски лидери: Фридрих Велики, Бонапарта, Сталин, Мусолини...
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Ана Каренина 2 дел...Првиот дел ги исполни моите очекувања:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom