Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ќерката на партизанот
Англиски писател кој низ роман - приказна, убави стилски изразни средства и љубовен преплет раскажува дел од југословенската историја.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
"Последната кашмирска роза" од Барбара Клеверли. Интересно детективско романче. Во Англиска Индија пет години по ред во март умираат жените на британски офицери од нивниот најголем страв. Една девојка ќе се посомнева дека тоа не е случајност и заедно со детективот Џо (ептен глупо име за детектив) ќе почнат да истражуваат.

Романов е деби на писателкава и со оглед на тоа е изненадувачки добар. Тоа што мене не ми се бендиса е тоа што умирачката на петтата жена е опишана многу детално. А таа умрела од сечење вени. Ептен ми беше грозно да го читам тој дел.
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Дневникот на лагите -М.Џ.Хајленд.........зафркната и чудан книга:):)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Му ги гледав некои клипови на Yotube па решив да прочитам нешто што има напишано:

David Icke-Tales from the Time Loop.
 
Член од
1 октомври 2009
Мислења
109
Поени од реакции
18
Палп- Буковски..лесно четиво..два сати потебни да се прочита
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
399 од Фредерик Бегбеде.

На почеток сум од книгава, едвај 21 страница. Досега разбрав дека авторот на книгата сака да прикаже колку рекламата и маркетингот во денешниот свет имаат улога и до каде може да стигне оној чија врвна цел се парите, славата и моќта.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Музика и тишина - Роуз Тремејн
... иако е премногу голем романот, приказната која ја обработува е одлична. Историска приказна за данскиот крал Кристијан IV кој ја губи својата моќ поради сплетките кои му ги приредуваат луѓето кои се околу него. Ретроспективни навраќања воминатото, паралелно одвивање на повеќе дејствија на различниместа, разработка на повеќе животни приказни кои се вклопуваат во една совршена целина. Главно тоа е приказна за прељубата, изневерените очекувања, страдањето, валканите игри но и за страста, невината љубов на двајца млади, упорноста да се стигне до успехот... На моменти комична, на моменти трогателна, а на моменти еротска... Совршено!
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Затоа што те љубам. - Гијам Мисо.
Преубава книга.

Се работи за губењето на едно петгодишно девојче во еден трговски центар во Лос Анџелес и нејзиното наоѓање пет години подоцна,на истиот ден,23 Април кога и исчезнала.
Значи таа е жива,но од некоја причина воопшто не зборува. Сите се среќни поради нејзиното враќање,но се поставуваат одредени неизбежни прашања..Каде била таа цело време? Со кого? И пред се`,зошто се вратила.
 
H

HITCH

Гостин
Затоа што те љубам. - Гијам Мисо.
Преубава книга.

Се работи за губењето на едно петгодишно девојче во еден трговски центар во Лос Анџелес и нејзиното наоѓање пет години подоцна,на истиот ден,23 Април кога и исчезнала.
Значи таа е жива,но од некоја причина воопшто не зборува. Сите се среќни поради нејзиното враќање,но се поставуваат одредени неизбежни прашања..Каде била таа цело време? Со кого? И пред се`,зошто се вратила.
Јас ја прочитав пред некое време ПРЕКРАСНА книга! Мене многу ми се допадна. Има уште една од тој автор, не знам како се вика, ќе идам деновиве да си ја земам, па ќе ти кажам. Прекрасен писател. Интересен стил, не е нешто да развлекува, баш напротив едноставно се изразува.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас ја прочитав пред некое време ПРЕКРАСНА книга! Мене многу ми се допадна. Има уште една од тој автор, не знам како се вика, ќе идам деновиве да си ја земам, па ќе ти кажам. Прекрасен писател. Интересен стил, не е нешто да развлекува, баш напротив едноставно се изразува.
Сосема се согласувам за "Затоа што те љубам". Веднаш штом ја дочитав отидов да ја купам и другата - "A потоа". Али у споредба со првата, другата е разочарување. Баш има многу развлекување, ептен. Има и филм според неа, со Џон Малкович и Кејт од Лост е.
 
H

HITCH

Гостин
Сосема се согласувам за "Затоа што те љубам". Веднаш штом ја дочитав отидов да ја купам и другата - "A потоа". Али у споредба со првата, другата е разочарување. Баш има многу развлекување, ептен. Има и филм според неа, со Џон Малкович и Кејт од Лост е.
Неколку луѓе ми ја кажаа истата забелешка, но интересно е да ја видиш трансформацијата на писателот. До некаде сите сме такви во животот на моменти имаме потреба премногу да ги развлекуваме работите, а пак некогаш мислите ние се средени и функционираме баш како што треба. Значи мене не ми смета што „А потоа“ е толку различна од првата книга.

Ја зедов да ја читам ВЕНЧАВКА СО БУДА од Веј Хуј. Ја немав прочитано досега. За кратко време стигнав некаде до половина, брзо се чита. Многу ми се допаѓаат јапонските писатели, многу лесно можам да се опуштам додека читам. Има љубов и има смеа. Венчавка со Буда е уште една приказна за копнежот и страстниот живот, полуавтобиографски роман и своевидно продолжение на најзиниот прв роман Шангај бејби, бестселер кој своевремено беше забранет во Кина заради провокативните еротски содржини.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Пошто ја имам прочитано, баш ме интересира што толку генијално виде во неа...
Многу сегменти кои што ме фрапираа... неможе тоа да се објасни преку тастатура бидејќи би требало да пишувам со часови.....
Прво ги кажува своите таленти, школските денови, потоа следи периодот кога е на дното, кога му умираат родителите, кога останува без пари, не го примаат на факултет, гладува и тоа не е доволно за да се разочара и да ,,се откаже од себе‘‘!
Делот кој најмногу ми се допадна е оној најголемиот, политиколошкиот труд, кога го опишува животот на евреите, германците и австрииците! и секој со доследна детална, прецизна и совршена анализа врз секој важен политичар, политичка паритија, цела држава или некој влијателен човек! Со факти објаснува кој работел прецизно а кој погрешно! Како влијаел ,,австрискиот‘‘ печат под еврејска управа и како чешката црква работела против германците! Анализата за тоа како евреинот од обичен трговец влегувал во највисоките општествени слоеви!
Приказната за многудетното семејство кои живеат во еднособен стан, што ја опишува состојбата во Германија!
Потоа делот во кои ги нагласува ораторските вештини во кои повеќето се сомневале....
Овде повеќе ги набројав само кратки елементи, ако те заинтересира прочитај ја по-сконцентрирано и ќе видиш за што ти зборам

--- надополнето ---

Му ги гледав некои клипови на Yotube па решив да прочитам нешто што има напишано:

David Icke-Tales from the Time Loop.
Овој си води посебна филозофија, доста заебано типче е..... сум го гледал документарецот со него, коај ќе ја прочиташ да ми даде препорака:wink:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Лавиринт - Кејт Мос (ама не манекенката)

700 страни. Aма ок е, се читаат. Би рекла дека оваа е една од бранот книги кои се појавија после Кодот на Да Винчи со намера да ја искористат заинтересираноста на читателите за религијата. Али не може да му се фати на Ден Браун. Не зборам дека Ден Браун е нај писател на денешницава. туку дека оваа е многу подолу и од него.
Испреплетени се приказните за Aлаис која живее во некој од дамнешните векови, и за Алис која наоѓа пештера со два човечки скелети кои предизвикуваат интерес меѓу полицијата...
Добра е книгава, се труди да биде трилер ама што знам некако.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Изгубената роза - Сердар Оскан
... лесен разбирлив стил, многу брзо се чита. Приказна која покажува дека не треба животот да го живееме онака како што другите не гледаат, туку дека треба да го правиме само она што нас не прави среќни...

Бидејќи снемувам модерна литература, се враќам на руска класика. Ќе ја почнам Капетановата ќерка - Александар С. Пушкин :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom