Македонија покрена тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr_ViRuS
  • Време на започнување Време на започнување
Btw браво за владата што превзема конкретни чекори.
 
Го разбирам твојот и на Тикви4ка ентузијазам, но Македонија според спогодбата е обврзана да најде решение за името. Ова најдобро го потврдува со преговорите. Ако Македонија не бара „компромис“(барем така да изгледа работата) и ако не е вклучена во преговори, Гејците слободно ќе можат да не тужат, како што ние сега ги тужиме нив. Што значи ќе има размена на позициите.

Оваа позиција јас сметам дека е поволна за Македонија. Каде што ние навидум бараме решение а гејците кршат права. Затоа во овој момент (па дури и во иднина), ние неможеме да ги прекинеме преговорите, макар и 100години да се влечкаат.

Незнам дали ме разбравте.

А дали ти разбираш дека со привремената спогодба на преговори не е обврзана Македонија, туку некоја безимена држава (на која и се обраќаат со референца ФИРОМ).

Позицијата во која ти ги прифаќаш преговорите е: признаваш дека немаш историско, законско ниту наследно право на името Македонија. Ако тоа ти е поволно, аферим!
 
neznam samo na koj osnov ke tuzat grcite tolku dobro izigraa so nema za sto da tuzime nie ne dobivme pokana pa tie da stavija veto tuku si ja zavrsija rabotata odnapred dejsvuvajki iznudija nie da ne dobieme pokana
ova e samo izbrzana i ne osnovana odluka
 
А дали ти разбираш дека со привремената спогодба на преговори не е обврзана Македонија, туку некоја безимена држава (на која и се обраќаат со референца ФИРОМ).

Позицијата во која ти ги прифаќаш преговорите е: признаваш дека немаш историско, законско ниту наследно право на името Македонија. Ако тоа ти е поволно, аферим!

Значи секој договор со Финска не е валиден, бидејки финска е суоми (или како беше). Финтата е дека тој договор е склучен за нашата држава и од нашите политичари и Богами се однесува на нас и Македонија (дали таа била ФИРОМ, СИРОМ или Бог знае што).

Јас знам дека Македонија си е Македонија. Во право си за тоа дека таму пишува непостоечка држава, но најголема вистина е дека така можеш да се фалиш и да се поставуваш само кога си јак, а тоа брат ние не сме во моментов.

Ова ме доведува и до вистината дека Македонија мора да си го зачува името по секоја цена бидејки со една промена, ќе се смени значењето на се што е поврзано со ова парче земја и се што е во неа.

Јас theMac3donian не ги прифаќам преговорите. Ние Македонците не ги прифаќаме преговорите. Но јас знам дека морам да играм малку за да не покажуваат прст на нас 24/7 и да немаат слободен повод да ни го удрат шпицот. После оваа постапка на владата ние МОРА да глумиме преговори, бидејки после на нас ќе ни се завртат.

Затоа подобро ние да глумиме а они да одговараат за непочитување на договор, одколку ние да ги прекинеме преговорите и некој да каже „Еве ги лошите момци.“
 
Како и секогаш досега, неможам а да не се сложам со тебе. Едноставно ме фасцинираш со реалниот непристрасен и крајно објективен пристап.

До вчера обвинуваше дека Груевски бегал од одговорност, еве сега те демантира. Ја презема одговорноста,а Бранко се обидува што побрзо да избега. Заборавајќи дека секој негативен поен досега му останува запишан, без разлика што радосно си ја отфрли одговорноста. Сепак е обврзан да извршува определена функција до крајот на мандадот. А до тогаш има секаква одговорност.
Се' во име на реалноста и објективноста.
За пристрасноста не би коментирал.....барем не со тебе :)

Која иронија.
Кога се потпишувасе овој договор никој нити беше консултиран нити пак се бараше “концензус“. Договор кој ја трасираше нашата “стратегија“ цели 15 годнини.
Грешка си. При одлуката за потпишување на спогодбата, беа известени сите релевантни политички фактори во државата. Па дури и ДПМНЕ која во тогашно време во парламентот имаше...хммм, 0 пратеници. Некој тогаш и нив ги броел во релевантни политички фактори.
Ма дајте барем еднаш застанете од иста страна. И биди сигурен дека биле консултирани сите што претставуваат релевантен фактор.
Токму поради застанувањето на иста страна го критикувам дилетанскиот начин на кој е донесена.
Нели ќе беше и поубо и по сложно, доколку на час пред нејзиното предавање, наместо сите да бидат изненадени, свикаа еден прес на кој ќе присуствуваат Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи и Бранко Црвенковски, и речеа:
Македонија реши да го искористи едниот од двата правни механизми кои ни преостанаа во спорот со нашиот јужен сосед, и покрена тужба пред Меѓународниот суд на правдата против Грција.
Или Груевски рече:
Во консултација со сите политички фактори во државава, од кои некои и не се сложија со ова одлука, владата
реши да......итн итн.

Значи ако приметиш добро, зборувам токму за тоа единство на кое ти се повикуваш. Знам дека е тешко да се дојде до такво единство. Но во овие тешки моменти доволно би било барем да се проба.

Ај доста плачеш.

Прво, со месеци плачење дека власта била одговорна за се, опозицијата не носела одлуки. После плачење, зошто никој не ја прашал опозицијата, имало и други партии.
Прво, ДПМНЕ не е Македонија, за да се однесува како да само Груевски Милошов и компанијата околу нив, живее во ова држава.
Значи земи вака.
Работиме во компанија во која ти имаш 51% од акциите, Јас 29 а останатите 20 проценти ги имат малцинските акционери.
Дали тоа значи дека при некоја стратешка одлука донесена од твоја страна во врска со иднината на компанијата, не треба да го информираш преостанитиот дел од акционерите и да побараш мислење од нив ? И сепак доколку добиеш негативен одговор, пак имаш можност да ја спроведеш замислената одлука бидејќи си мнозински акционер

Не би знаел како по сликовито да ти го објаснам ова:toe:
Во културните и демократски држави претседателот не ги урива позициите на државата и не ги онади сите во здрав мозок. Секогаш кога прецедникот ќе го информираат за намерите тој смислува нова мангупарија. Ако бараш дилетанти, во неговата канцеларија треба да тропнеш.
Груевски сам си ги урива позициите, па потоа бара кривец. Гледам и ти си наседнал на неговата игра.

- Неговите позиции се од прилика вакви:
  • Не мениме име.
  • Ќе мениме ама само за со грција.
  • Не мениме.

  • Ќе мениме ама само доколку Бранко ја прифати цела одговорност.

  • Не мениме.

  • Ќе мениме, ама само доколку народот ја прифати сета одговорност.
  • Не мениме.

  • Смени име. Република Македонија (Скопје).Али касно Марко на Косово доџе, па никој не го свати сериозно.
  • Мениме, ама само за билатерална употреба со Грција.
  • Мениме, ама само каде што сме фиром.
Тоа се одприлика неговите цврсти ставови и црвени линии во последните 6/7 месеци.
Башка и тој имаше став за можно покренување судска постапка, само сега малце егото му е повредено што не го рецнаа.
Нерецкањето на институцијата Претседател на државата, само ја одсликува политичката сериозност во Македонија. Верувај истото ќе го напишев и доколку беше обратна ситуацијата.
Во една држава која стреми да биде демократска, МОРА взаемно да се почитуваат институциите на системот.
Одлуката си е на место без разлика дали ја донел Петко или Трајко. Тоа е она што е за поздравување во случајов. И голем дел критичари на Груевски на форумов ја поддржаа. Ама без разлика што и да се направи, задачата на Џон Кјусак е да најде мана...
Како што погоре напоменав. Не ја критикувам одлуката, дуку начинот на нејзиното донесување, a задачата на John Cusack не е да најде мана, туку да направи добар филм.....сличен како и претпоследниот 1408 :)

Македонија не е „условена“ како што ти си толкуваш. Македонија самоволно прифати такво „условување“ со тоа што потпиша ФИРОМ договор. Да те потсетам.
Грешка :)
Како што Македонија денес е условена за договор поради влегувањето во НАТО и ЕУ, така и 95-та беше условена заради влегувањето во ОН.
Е сеа друг е муабетот доколку некој смета дека една држава може да функционира без да стане членка на ОН.

Еве мало ретро за запознавање на ппомладите, и потсетување за постарите.

####################################################

"На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Резултатите од референдумот на кој му предходеше усвоената Декларација за независност во првиот повеќепартиски македонски парламент на 25 јануари 1991 година, беа еуфорично прославени вечерта со народен собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 17 септември 1991 во Собранито на Република Македонија.
На 17 ноември 1991 година усвоен е новиот Устав, кој десет години подоцна беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Меѓународно правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Поради несогласување со името и државното знаме на Република Македонија, Грција во 1993 година воведе целосно трговско ембарго кон Македонија. Трговската блокада беше во сила 18 месеци се до октомври 1995 година кога Македонија го промени државното знаме.
Македонија и Грција под покровителство на ОН почнаа преговори за надминување на спорот со името со посредство на американските дипломати Сајрус Венс и Метју Нимиц. Односите меѓу двете земји значително се подобрија по потпишувањето на привремената билатерална спогодба за соработка во 1995 година по укинувањето на едностраното ембарго.

Грција оспорувајќи го името на Република Македонија, досега имаше поддршка од сите земји-членки на НАТО освен од Република Турција, прва земја што ја призна Република Македонија под уставно име."

####################################################

Според проценките на економските експерти, штетите кои Македонија ги претрпе во 18 месечното ембарго од страна на Грција, изнесуваат дури 2 милијарди долари.
 
има ли реакции од рогоњите...новини, сајтови форуми...???
Има.

Официјална Атина ја оцени како „тактика за одолговлекување на преговорите за името“ одлуката на Македонија да поднесе апликација до Меѓународниот суд на правдата во Хаг со цел да и се наложи на Грција да го почитува членот 11 од Привремената спогодба од 1995 година и да не ја блокира македонската интеграција во меѓународните организации.

- Откако го отфрли пакетот-идеи на Нимиц, Скопје ја продолжува тактиката на одолговлекување со поднесување тужба во Хаг за наводно прекршување од страна на Грција на членот 11 од Привремената спогодба. Со ваквиот чекор Скопје уште еднаш потврдува дека не е заинтересиран за брзо решение на спорот за името, изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос.

Тој најави дека Атина ќе излезе пред Судот во Хаг со „самодоверба и одлучност“ и оти ќе претстави документи и докази дека Македонија, а не Грција била страната што ја прекршувала Привремената спогодба. Кумуцакос додаде дека Грција ќе продолжи да учествува во преговарачкиот процес што го водат ОН за постигнување заемно прифатливо решение за името.

Тука.
 
Прво, ДПМНЕ не е Македонија, за да се однесува како да само Груевски Милошов и компанијата околу нив, живее во ова држава.
Значи земи вака.
Работиме во компанија во која ти имаш 51% од акциите, Јас 29 а останатите 20 проценти ги имат малцинските акционери.
Дали тоа значи дека при некоја стратешка одлука донесена од твоја страна во врска со иднината на компанијата, не треба да го информираш преостанитиот дел од акционерите и да побараш мислење од нив ? И сепак доколку добиеш негативен одговор, пак имаш можност да ја спроведеш замислената одлука бидејќи си мнозински акционер.

Не би знаел како по сликовито да ти го објаснам ова:toe:
Груевски сам си ги урива позициите, па потоа бара кривец. Гледам и ти си наседнал на неговата игра.

- Неговите позиции се од прилика вакви:
  • Не мениме име.
  • Ќе мениме ама само за со грција.
  • Не мениме.

  • Ќе мениме ама само доколку Бранко ја прифати цела одговорност.

  • Не мениме.

  • Ќе мениме, ама само доколку народот ја прифати сета одговорност.
  • Не мениме.

  • Смени име. Република Македонија (Скопје).Али касно Марко на Косово доџе, па никој не го свати сериозно.
  • Мениме, ама само за билатерална употреба со Грција.
  • Мениме, ама само каде што сме фиром.
Тоа се одприлика неговите цврсти ставови и црвени линии во последните 6/7 месеци.
Нерецкањето на институцијата Претседател на државата, само ја одсликува политичката сериозност во Македонија. Верувај истото ќе го напишев и доколку беше обратна ситуацијата.
Во една држава која стреми да биде демократска, МОРА взаемно да се почитуваат институциите на системот.
Како што погоре напоменав. Не ја критикувам одлуката, дуку начинот на нејзиното донесување, a задачата на John Cusack не е да најде мана, туку да направи добар филм.....сличен како и претпоследниот 1408 :)

Ок по ред:

- ДПМНЕ не е Македонија ама е легитимно избрана власт во Македонија. Значи има легитимно право да донесе ваква одлука и не мора да праша никого. Има поддршка од мнозинството избирачи по ова прашање, доволно е да ги погледнеш коментарите секаде каде што вчера беше објавена веста. Незнам зошто од Груевски секогаш барате да покажел одговорност и да носел крупни одлуки, а кога ќе донесе некоја одлука веднаш се оди на остра критика.

- Аналогијата со А.Д. не е баш коректна, сепак се работи за држава.

- Позициите во преговорите со Грција дирекно ги уриваше претседателот. Ставот на Груевски воопшто не е таков шарен како што го опиша и се разликува од мојот. Сепак јас не сум политичар, а Груевски има моја поддршка по ова прашање затоа што другата опција е јасно спремна на потпишување срамен договор, не компромис. Да имаше саглам опција од другата страна Груевски одамна ќе изгубеше огромен дел од довербата.

- Се согласувам дека треба да се почитуваат институциите на системот, ама обострано. После изјавите на претседателот за “малите деца“ и слично и после упадот и правењето р'шум во преговорите, разбирливо е зошто не е почитуван. Неговите ставови се во спротивност со ставовите на огромното мнозинство од Македонците па нормално е да не е почитуван ни меѓу народот. Почитта е нешто што сепак треба да се заслужи.

- 1408, ѕверски добар филм.
 
kako podrska na boldiranoto a1 5.11

``
Претседателот вели дека не е наивен и дека за 17 години научил многу во политиката. Знае дека ќе изгуби од популарноста поради неговиот концепт, кој е спротивен на можеби 75 проценти од граѓаните кои не сакаат промена на ниту една буква од името.
Сепак се одлучил за овој чекор, со надеж дека за неколку години ќе биде јасно дека постапувал правилно.``
 
Еве и словенците не подржаваат во ова

http://24ur.com/novice/svet/makedonija-tozi-grcijo.html

доле има и коментари каде ни порачуваат да издржиме и не ословуваат со браќа македонци :helou:

Zote се знае дека ние имаме повеќе симпатии во спорот кај народите бидејќи водиме битка за идентитетот,проблемот е што сме им антипатични на политичарите
 
ДО СИТЕ СДСМОВСКИ ПИЧКИ НА ФОРУМОВ!!!
ПРЕКУ КУР ОД ИНАЕТЕЊЕ И КЕЊАЊЕ НА ФОРУМОВ!!! КАКВИ ПАТРИОТИ СТЕ ВИЕ БЕ?
ВИЕ НЕ СТЕ ЛУЃЕ, ВИЕ НЕ СТЕ МАКЕДОНЦИ, ВИЕ СТЕ ИЗРОДИ!

Зар има и такви на форумов?

Btw браво за владата што превзема конкретни чекори.

Само во кој правец,тоа е битно прашање,инаку сите чекори се конкретни.:toe:

Ок по ред:

- ДПМНЕ не е Македонија ама е легитимно избрана власт во Македонија. Значи има легитимно право да донесе ваква одлука и не мора да праша никого. Има поддршка од мнозинството избирачи по ова прашање, доволно е да ги погледнеш коментарите секаде каде што вчера беше објавена веста. Незнам зошто од Груевски секогаш барате да покажел одговорност и да носел крупни одлуки, а кога ќе донесе некоја одлука веднаш се оди на остра критика.

- Аналогијата со А.Д. не е баш коректна, сепак се работи за држава.

- Позициите во преговорите со Грција дирекно ги уриваше претседателот. Ставот на Груевски воопшто не е таков шарен како што го опиша и се разликува од мојот. Сепак јас не сум политичар, а Груевски има моја поддршка по ова прашање затоа што другата опција е јасно спремна на потпишување срамен договор, не компромис. Да имаше саглам опција од другата страна Груевски одамна ќе изгубеше огромен дел од довербата.

- Се согласувам дека треба да се почитуваат институциите на системот, ама обострано. После изјавите на претседателот за “малите деца“ и слично и после упадот и правењето р'шум во преговорите, разбирливо е зошто не е почитуван. Неговите ставови се во спротивност со ставовите на огромното мнозинство од Македонците па нормално е да не е почитуван ни меѓу народот. Почитта е нешто што сепак треба да се заслужи.

- 1408, ѕверски добар филм.

Сепак Бранко јавно ги образложи своите ставови,без разлика дали јас и ти се согласуваме со неговото мислење,Никола сеуште мрчи со црвени линии,жолти семафори,или портокалови рампи,всушност преговараме за да се рече дека преговараме,иако не знаеме со каква цел преговараме.Грците сега ќе мрчат дека Македонија со тужбата покажува неприврзаност кон преговорите знаејќи дека ваквиот суд како овој во Хаг нема ни да се произнесе по однос на ваква тужба уште најмалку 2 години,со што очигледно дека ДПМНЕ купува време кај народот кој наивно верува дека Македонија имаше избор под кое име да влезе во УН,заборавајќи при тоа дека Македонија имаше избор да влезе во УН само под референца или воопшто да не влезе.Значи референцата беше единствениот потег во моментот,а друга е работата што разговорите на кој бевме обврзани со самиот прием се претворија во преговори и што од билатерално се претворија во преговори со меѓународно значење,за што како држава единствено можевме да ја тужиме или да се жалиме на Грција но само во рамките на ОН а не во Хаг.:toe:
 
Грешка :)
Како што Македонија денес е условена за договор поради влегувањето во НАТО и ЕУ, така и 95-та беше условена заради влегувањето во ОН.
Е сеа друг е муабетот доколку некој смета дека една држава може да функционира без да стане членка на ОН.

E добро де ај, ние им помогнавме полесно да им е. Од преги само се вртиме во круг и се исто го зборуваме. За најситни детали во муабетите се фаќаме. Знаме што и како, зошто мора да се дополнуваме?!

Плус сега со тоа 95-та сакаш да кажеш дека СДС беа форсирани, додека сега кога Груевски прави „Не менуваме, менуваме со гејлада, не менуваме,...“ нема никаков притисок... така?

Море добри сте што да кажам немам зборови. Каде гледаш јас да ти зборувам со партиска ориентираност? Ма ај!

КОЈ Е СЛЕП НЕКА ПРОГЛЕДА! Зборуваме за Македонија а не за тоа колку СДС, ДПМНЕ постигнале/посерале. Дај еднаш непартиска да биде... ама тешко ви е тоа!

Во иднина не одговарај на моите постови, ако имаш во предвид да споменуваш партија.
 
kako podrska na boldiranoto a1 5.11

``
Претседателот вели дека не е наивен и дека за 17 години научил многу во политиката. Знае дека ќе изгуби од популарноста поради неговиот концепт, кој е спротивен на можеби 75 проценти од граѓаните кои не сакаат промена на ниту една буква од името.
Сепак се одлучил за овој чекор, со надеж дека за неколку години ќе биде јасно дека постапувал правилно.``

Тој е избран од граѓаните да ги застапува нивните интереси, т.е. да им биде Претседател, а не да биде мудрец кој најдобро знае и најдалеку гледа. Ни тој ни било кој друг политичар во моментов во Македонија нема интелектуален капацитет за да изведува салто мортале чекори кои може неповратно да ја избришат оваа нација од картата.

Сепак Бранко јавно ги образложи своите ставови,без разлика дали јас и ти се согласуваме со неговото мислење,Никола сеуште мрчи со црвени линии,жолти семафори,или портокалови рампи,всушност преговараме за да се рече дека преговараме,иако не знаеме со каква цел преговараме.Грците сега ќе мрчат дека Македонија со тужбата покажува неприврзаност кон преговорите знаејќи дека ваквиот суд како овој во Хаг нема ни да се произнесе по однос на ваква тужба уште најмалку 2 години,со што очигледно дека ДПМНЕ купува време кај народот кој наивно верува дека Македонија имаше избор под кое име да влезе во УН,заборавајќи при тоа дека Македонија имаше избор да влезе во УН само под референца или воопшто да не влезе.Значи референцата беше единствениот потег во моментот,а друга е работата што разговорите на кој бевме обврзани со самиот прием се претворија во преговори и што од билатерално се претворија во преговори со меѓународно значење,за што како држава единствено можевме да ја тужиме или да се жалиме на Грција но само во рамките на ОН а не во Хаг.:toe:

Точно е тоа, ги образложи своите ставови, затоа ја изгуби и она малку поддршка што ја имаше. Му останаа верни само партиските послушници на кои помила им е партијата од државата, па ќе го оправдаат секој негов став и секој негов потег, макар водел и до обезличување и понижување на нацијата. Никола е друга приказна. Неговите ставови и чекори може да се избрзани, задоцнети, правилни или погрешни... ама сепак резултираат во отпор кон прифаќање на што било што ќе дојде на маса и покажуваат решителност дека има цена за влезот во ЕУ и НАТО која не сме подготвени да ја платиме.

Јас само се прашувам кој е тој Македонец што во моментов би ја дал својата доверба во врска со името на СДСМ, без разлика што и како би ветиле тие за да ја преземат таа доверба? Таа политичка структура во многу наврати покажа дека кога е партијата и власта во прашање, не постои национален интерес. Тие се најголемата причината што Груевски има доверба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom