Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Напишав! Кажете шо да попрам :icon_lol: x)


Писмото го победува времето


Темно е. Времето беснееше. А, човекот уплашен во својата пештера, седи, размислува. Се грижи за денот што му следи. Се плаши. Како ли ќе тргне, како ли ќе трча по безкрајните простори да го улови брзиот и мудар елен? Ќе се повреди ли? Низ главата му шетаа разни мисли, што да прави? Не! – рече тој; Не се плашам! Треперливо зеде парче јаглен и реши да црта по ѕидовите на пештерата. Му дојде мисла, се нацрта себеси, како храбро трча со копје во раката да го улови еленот. Убеден дека тоа ќе му помогне, реши да ги нацрта сите свои мисли во една голема уметничка целина. Уметничка целина која ќе спие и ќе реши да се разбуди кога современите луѓе ќе наминат и ќе ја забележат нивната едноставност. Да, тоа ќе биде едноставно, тие веќе ги разбираат. Цртежите добија и име, наречени се Пиктографски цртежи, а од тоа произлезе дека цртежите се најстарото писмо, начин на кој визуелно е претставен човековиот говор. Времето поминуваше, а луѓето откриваа уште писма, многу поусовршени, им даваа имиња. Се појави идеографското, следеше слоговното, па фонетското и полека писмото се видоизмени во гласовно, најусовршено. До ден денес писмата опстанаа, тие не се изгубија. Но, кога ја почуствувавте последната болка? Кога плачевте, кога се смеевте за последен пат? Каде се луѓето кои порано беа тука, но сега ги нема? Сите се заборавени, изгубени. Зар мора писмата да останат? Старите цивилизации ги користеле, нив ги нема. Но нивното писмо е тука, останува. Како ќе дознаевме за многубројните митови, за тоа како живееле луѓето.Како сеуште ќе дознаваме? Да оставиме времето да покаже. А, писмото да остане.:kesa:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
беЗкрајните = беСкрајните

Убеден дека тоа ќе му помогне, реши да ги нацрта сите свои мисли во една голема уметничка целина. Уметничка целина која ќе спие и ќе реши да се разбуди кога современите луѓе ќе наминат и ќе ја забележат нивната едноставност
Ми се допаѓа преодот само малку на прво читање ми се виде нејасен. После болдираното на пример... Уметничка целина која без тој да знае ќе ЗАспие...
Инаку ми се допаѓа, школски... со уметнички момент, океј е за мој вкус. Дури и без мојот додаток (замерка, забелешка сеедно) добро мислам дека ќе пројде.

п.с. Само смени тоа најпво шо ти напишав. Едначење по звучност... у основно се учи :)
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
беЗкрајните = беСкрајните


Ми се допаѓа преодот само малку на прво читање ми се виде нејасен. После болдираното на пример... Уметничка целина која без тој да знае ќе ЗАспие...
Инаку ми се допаѓа, школски... со уметнички момент, океј е за мој вкус. Дури и без мојот додаток (замерка, забелешка сеедно) добро мислам дека ќе пројде.

п.с. Само смени тоа најпво шо ти напишав. Едначење по звучност... у основно се учи :)
Их, фалиминдерит многу :D го попрајв сега, а то за основното, шо ако убо пишев ко наставничката ми беше трагадигихгсцсв :icon_lol: Ништо не научив од то шо требаше и стварн ми е криво, а си го сакав предметот:toe:
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Напишав! Кажете шо да попрам :icon_lol: x)


Писмото го победува времето


Темно е. Времето беснееше. А, човекот уплашен во својата пештера, седи, размислува. Се грижи за денот што му следи. Се плаши. Како ли ќе тргне, како ли ќе трча по безкрајните простори да го улови брзиот и мудар елен? Ќе се повреди ли? Низ главата му шетаа разни мисли, што да прави? Не! – рече тој; Не се плашам! Треперливо зеде парче јаглен и реши да црта по ѕидовите на пештерата. Му дојде мисла, се нацрта себеси, како храбро трча со копје во раката да го улови еленот. Убеден дека тоа ќе му помогне, реши да ги нацрта сите свои мисли во една голема уметничка целина. Уметничка целина која ќе спие и ќе реши да се разбуди кога современите луѓе ќе наминат и ќе ја забележат нивната едноставност. Да, тоа ќе биде едноставно, тие веќе ги разбираат. Цртежите добија и име, наречени се Пиктографски цртежи, а од тоа произлезе дека цртежите се најстарото писмо, начин на кој визуелно е претставен човековиот говор. Времето поминуваше, а луѓето откриваа уште писма, многу поусовршени, им даваа имиња. Се појави идеографското, следеше слоговното, па фонетското и полека писмото се видоизмени во гласовно, најусовршено. До ден денес писмата опстанаа, тие не се изгубија. Но, кога ја почуствувавте последната болка? Кога плачевте, кога се смеевте за последен пат? Каде се луѓето кои порано беа тука, но сега ги нема? Сите се заборавени, изгубени. Зар мора писмата да останат? Старите цивилизации ги користеле, нив ги нема. Но нивното писмо е тука, останува. Како ќе дознаевме за многубројните митови, за тоа како живееле луѓето.Како сеуште ќе дознаваме? Да оставиме времето да покаже. А, писмото да остане.:kesa:
Убаво е, ама не е кратко?
Дај малку повеќе кулминација, нека се случи нешто со човекот, нешто интересно. И после заврши со веќе пишаниот заклучок. Пробај, види. Инаку еве ти 5 од мене :helou:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Требаше до 150 збора а јас имам негде 270. Туку и го однесов и . . . Ми рече почетокот нејќеја поетски да е сакала научен :toe: И денес ќе и речам дека и почетокот е научен и стварно гледав да е научен, ете им го опишуват нели животот, и се ‘‘наљутив‘‘ и викат ај сеа Мартин да не ни се љутит ќе го станиме за една лекција да разкажи. И Мартин :nesvest:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Боже каков дебил:pop:, професор по македонски, и било премногу уметнички... кажи и да дојде на странава, да се разбереме ние како форумџии со неа... озбилно, спомни и... да ја видам!!!!!!! :nerv:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Криво ми беше шо толку време го пишев. Сега имам прв час и ќе и кажам...:icon_lol:
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Самиот наслов дозволува да се експериментира, може да се пишува од најразлични аспекти, но во прва година средно, првата тема за есеј се однесува на јазикот/писмото како средство за комуникација.

150 зборови за есеј се МАЛКУ. За понатаму кога ќе ви даде вака, да си знаеш... Што е можно поекономично пишувај. Штом имаш 120 - 150 збора, треба многу да внимаваш на композицијата. Кратките реченици имаат далеку посилен ефект. Неколку подолги, 4 - 5, се` останато кратко. Целата тежина на текстот - во главниот дел. Воведот што е можно покус, 2 - 3 реченици, крајот исто. Метафори колку можеш повеќе. Вистинското решение кога си ограничен со мал број на зборови.

Лично, го мразам овој технички дел од пишувањето, но се учи.
Друго, не ме чуди што си напишал прво 270 зборови. :) Ама да ти рече премногу уметничко, стварно нема смисла.
Од секогаш сум го ценела повеќе авторот што внесува дел од себе во текстот, или се осмелува да оди подалеку, во однос на уметничкиот дел. Научниот дел ми пречи, се обидувам да го сведам на минимум, ама никогаш не ми се бунел ниту еден професор. Ако твојава е незгодна, тоа е друга работа.

Јас го пишувам насловот на крај. Секогаш. Не може секој да пишува така, и погрешно е според сите професори кои ми предавале, но не можам поинаку. Особено кога во иднина ќе ви дава и клучни зборови. Тогаш па ич не можам да одредам наслов, сосема на крајот го дефинирам. Немој да те ограничува темата, никогаш. Убаво ти рекоа, седи, мисли и пишувај. :)
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Денес го читаше ‘‘најубавиот‘‘. Просто тој ми се виде ко да беше напишан за 2 минути, се беше од лекцијата, скоро се препишано. А, јас глуп пробвам да смислам нешто, еееее од сега само лекцијата, без маки . . .
п.с. Еми фала :)
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
e so takvi matori drolji na coveka skolo da ne mu se odi.. imav u 3ta god edna takva.. ali odma ja resivme so crvena reputacija:D za takvi samo ortomata...
 
С

Сатори

Гостин
Денес го читаше ‘‘најубавиот‘‘. Просто тој ми се виде ко да беше напишан за 2 минути, се беше од лекцијата, скоро се препишано. А, јас глуп пробвам да смислам нешто, еееее од сега само лекцијата, без маки . . . мамето нејзино

п.с. Еми фала :)
Постојат луѓе кои се само фолиранти а мислат дека се професори, не се нервирај, оргиналноста се цени во реалниот свет.:wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Добро е штом не ти предавам јас, ама ќе се видиме кога ќе имам Методика на наставата по македонскиот јазик и Методика на наставата по книжевност. Да видиш што е најстрога во Охрид и пошироко:pos:


Добро бе, да му се сневиди, како не ја видов темава порано???:tapp:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Леле професорката. Ова во мое време немаше. =)

Еве мој есеј како требало да пишуваш на темата за да ги победиш идиотите од школскиот систем и гордо да застанеш напред и да го поведеш образованието во ренесанса.

За Лидија која тврдеше дека Хамлет немал Едипов комплекс -- идиот!

Писмото го поведува времето

[FONT=&quot]Некојпат, многу одамна, пред измислувањето на сапунот луѓето мислеле дека[/FONT][FONT=&quot] идејата за остaвање белег [/FONT][FONT=&quot]на [/FONT][FONT=&quot]светот лежи во прераскажувањето – познатото колено на колено. Гутенберг конечно ја пробил втората бариера, човечкиот живот, за прв пат правејќи машина за масовно печатење на книги кои траеле повеќе од просечниот животен век. Ако добро се чуваат, се разбира. Ах, тој лукав Гутенберг. Книгите се извор на знаење, велеле учените. Останатите биле зафатени бегајќи од чумата и од старата, добра Шпанска Инквизиција. Во книгата Фаренхајт 451 на Реј Бродбери, издадена 1953 некои теории за вечноста на писмото се побиваат, имено одредена температура е фатална за истите.

[/FONT]
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
[/i][FONT=&quot]Некојпат, многу одамна, пред измислувањето на сапунот луѓето мислеле дека[/FONT][FONT=&quot] идејата за остaвање белег [/FONT][FONT=&quot]на [/FONT][FONT=&quot]светот лежи во прераскажувањето – познатото колено на колено. Гутенберг конечно ја пробил втората бариера, човечкиот живот, за прв пат правејќи машина за масовно печатење на книги кои траеле повеќе од просечниот животен век. Ако добро се чуваат, се разбира. Ах, тој лукав Гутенберг. Книгите се извор на знаење, велеле учените. Останатите биле зафатени бегајќи од чумата и од старата, добра Шпанска Инквизиција. Во книгата Фаренхајт 451 на Реј Бродбери, издадена 1953 некои теории за вечноста на писмото се побиваат, имено одредена температура е фатална за истите.[/FONT]
Коментарот на ... според моја лична проценка на текстов би бил... “Момче, кај педагогот да те спречи да мислиш“ Ах Бада, никогаш не се вклопи во школскиот систем, па нели гледаш дека треба да си препишеш, како ќе бидеме браќа со Америка ако сме паметни? :tapp:
 
Член од
18 февруари 2007
Мислења
31
Поени од реакции
1
може малку помош за состав за есента за 4 одд.благодарам:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom