Мартин$
Модератор
- Член од
- 2 март 2007
- Мислења
- 5.234
- Поени од реакции
- 148
Напишав! Кажете шо да попрам x)
Темно е. Времето беснееше. А, човекот уплашен во својата пештера, седи, размислува. Се грижи за денот што му следи. Се плаши. Како ли ќе тргне, како ли ќе трча по безкрајните простори да го улови брзиот и мудар елен? Ќе се повреди ли? Низ главата му шетаа разни мисли, што да прави? Не! – рече тој; Не се плашам! Треперливо зеде парче јаглен и реши да црта по ѕидовите на пештерата. Му дојде мисла, се нацрта себеси, како храбро трча со копје во раката да го улови еленот. Убеден дека тоа ќе му помогне, реши да ги нацрта сите свои мисли во една голема уметничка целина. Уметничка целина која ќе спие и ќе реши да се разбуди кога современите луѓе ќе наминат и ќе ја забележат нивната едноставност. Да, тоа ќе биде едноставно, тие веќе ги разбираат. Цртежите добија и име, наречени се Пиктографски цртежи, а од тоа произлезе дека цртежите се најстарото писмо, начин на кој визуелно е претставен човековиот говор. Времето поминуваше, а луѓето откриваа уште писма, многу поусовршени, им даваа имиња. Се појави идеографското, следеше слоговното, па фонетското и полека писмото се видоизмени во гласовно, најусовршено. До ден денес писмата опстанаа, тие не се изгубија. Но, кога ја почуствувавте последната болка? Кога плачевте, кога се смеевте за последен пат? Каде се луѓето кои порано беа тука, но сега ги нема? Сите се заборавени, изгубени. Зар мора писмата да останат? Старите цивилизации ги користеле, нив ги нема. Но нивното писмо е тука, останува. Како ќе дознаевме за многубројните митови, за тоа како живееле луѓето.Како сеуште ќе дознаваме? Да оставиме времето да покаже. А, писмото да остане.:kesa:
Писмото го победува времето