Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Помош во врска со Писмената работа по Македонски јазик

Оваа тема ја отворам за кратки и јасни прашања, со кратки и јасни одговори во врска со Писмените Работи. Значи, тука не се бара цела Писмена Работа туку се бара накратко како би требало да изгледа писмената. Мислења од членови коишто се стварно добри во пишување по Македонски јазик.


Значи прашањето ми беше поврзано со:
Сега сум прва година и за Понеделник ми требат да напишам ЕСЕЈ по македонски со наслов: Писмото го победува времето.
Имам една мнооогу проблематична професорка и сакам добар впечаток да и дадам од прва :P Ама, јас и македонски сме малку скарани и не ми текнува како да го започнам есејот, што да има во него? т.е. не го разбирам насловот. Ве молам помагајте :)
 

Jukka

chili
Член од
16 мај 2007
Мислења
537
Поени од реакции
2
sto tema ke bese ova :nesvest: martin nemozam da ti pomognam jas i makedonski sme dva razlicni poima. Profesorot po makedonski mi vikase citanje i samo citanje :vozbud: ajde na clenceto mu treba pomos
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Епа пробај нешто во овој стил:
Значи, имаш дедо кој бескрајно го сакаш кој починал млад. Тој бил СТРАШЕН човек, интелегентен, едноставно човек на кој цело село му се покорувал, неописливо силен и мудар. Да речеме починал кога си имал ти 3-4 години и он многу те сакал. Сакајќи да ти остави нешто, свесен за болеста ти остава купче книги и едно долгоооо писмо. Писмото го забуткуваат некаде и ти случајно од љубопитост барајќи по селските креденци го наоѓаш. И така ќе продолжиш како нешто мудро внатре имало напишано, нешто што ти посочил, нешто што те советувал, нешто паметно кое го замислил за ти да го оствариш. Како времето воопшто не ги прегазило неговите сфаќања, неговите мудрини и ....
Пробај па ако ми текне уште ќе допишам. :helou:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Е сега работата е дека незнам за какво писмо се работи :\ Се мислам дека е Писмо (азбуката, јазикот) зошто за то учиме. И спред мене од то би произлегло дека времето брзо поминува, се се мени, но писмото останува исто. Така го тумачам јас, иначе ја имам најстрогата во Охрид и пошироко по македонски. Од Валандово е, е доста стара и бара многу работа, абе уплав :\ Маринке грешно ме разбра зошто јас глуп не објаснав добро. Иначе до негде и од тоа ќе искористам, има нешто.

Ozbilno mislis ova da go napisе?
Не гледам ништо глупаво и бесмислено, со вакви поста уф испаѓате многу глупи. А ако беше толку паметен ќе видеше дека неубо и објаснав
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Па незнам баш како да сфатам, ама веројатно се мисли на тоа дека пишаниот збор победува се. Не би рекла дека е за азбуката, Незнам види што како па може ќе ти помогнам ако ми текне нешто. Размисли убаво што ви зборела, што и е поентата за да ја погодиш темата. Сепак мислам дека е за пишаниот збор, не за азбуката. Распрашај се по другарчињата, па ке смислиме нешто.

п.с. а тти Центарско и да не кажаме многу писмено дете пред да јадеш ..... можеш да дадеш идеа, а не да се истакнуваш со твојот умствен капацитет. Извини ако те навредив :pos2:
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Темава што ти ја дала професоркава најверојатно е инспирирана од материјалот што го изучуваш во прва година, односно Говор и Писмо. Колку и да сакаш есејот не може да биде целосно уметнички, ама барем задржи ја целосно есеитичката форма. Воведот нека почнува поуметнички, општо за Писмото, неговото значење, па подоцна веќе можеш да вметнеш и мала хронологија на развојот на Писмото, споредба меѓу Говорот и Писмото од каде ќе испадне и самата идеја на есејот дека Говорот е моментален, значи врзан за моментот на зборувањето, додека Писмото од друга страна е статично т.е. го победува времето. И запази на стилот и јазикот, немој да биде многу учебникарски. Ете ваљда ова е малку од помош.
 

Jukka

chili
Член од
16 мај 2007
Мислења
537
Поени од реакции
2
martin eve dobro objasni morisonka ...... temata za esejot valjda e od materijalot, kolku sto pametam vo prva se ucese za jazikot, govorot ...... takvi stvari .... sledi go primerot na morisonka nema da pogresis
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Морисонке фала ти :) Ќе гледам што подобро да напишам, барав и по Кајганава, во темиве некои идеи ми дојдоа ама никако да се изкажат :icon_lol:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Секогаш викам, насловот не значи ништо. Писател кој пишува песна (на пример) насловот го пишува последен. Она што треба да ти даде патоказ само е насловот, ништо повеќе, да ти помогне да напишеш. Опушти се, кој го ее насловот.
Инаку школски знаеш како сме учеле сите... едно дело мора да има увод, кулминација и заклучок.
Уводот е не многу долг, куминацијата или главниот дел на делото е најдолг и заклучокот е најмал.
Во уводот ќе покажеш за што се работи, да не дојде наеднаш целата приказна па читателот да се збуни.
Главниот дел, е најубавиот за тебе, опушти се и кажи што ти лежи на душа.
Заклучокот е можеби најважен.(Знаеш крајот делото го краси, велат) Ако оставиш добар впечаток на крај, одлично е. На крајот мора да имаш поента, да имаш буквално заклучок, со него ти осигурана добрата оценка.

Е сега, мене ако ме прашаш, не ти требаат правила, ти треба да сфатиш дека можеш да напишеш убаво, само опушти се чоече и тропај по хартијата. Размислувај и пишувај што размислуваш.

Еве ти краток еден од мене на тема “Писмото го победува времето“

Кога се градеше куќата на КараПетрови, соседите на баба Радмила, ископаа голема дупка. Во неа најдоа остатоци од се` и сешто, а меѓу нив имаше и едно мало ковчеже кое наликуваше на Пандорината кутија. Целото маало се преплаши кога виде што имало под крушата стара стотина години. Никој не се осмелуваше да го отвори.
Го извадија внимателно и со страв. Веднаш со милициска придружба го испратија во Скопје, а таму веднаш го препратија дури во Белград. Триста попови го чатеа местото и темелите и на крајот почна градбата.
Кога куќата стигна речиси до половина, стигна абер за ковчежето. Го вратија назад, и го поставија во музејот како најголема атракција. Некој големец успеал да издејствува да се врати назад целиот пакет кој отпатува на север, па отидовме да го видиме. Отвореното ковчеже беше благо осветлено од еден сноп од обична електрична светилка, а во него внатре стоеше одвај зачувано парче хартија. Од страна објаснувањето велеше дека најважниот дел од писмото, пратено од големиот крал на Македонија, Самуил до Византиските началници вели:
“... Ние Македонците, со престолнина во најубавиот град на светот, Охрид, никогаш нема да се предадеме на такви мивки како што сте вие“
Воскликнав, тоа беше крај на сите обвинувања кои деновите кружеа по телевизиите од страна на бугарските власти.
Затоа, денес седам осамен покрај прозорецот кој гледа директно кон полјаната каде играме фудбал и кон онаа втората круша. Којзнае дали под неа се крие нешто слично. Можеби времето ќе покаже...

Значи ова е само пример, немој ова да го препишуваш, мора барем да биде реално, или на крајот напиши, “и тогаш се разбудив“ :) или некако укажи на тоа дека е само производ на твојата фантазија.
 

Black Swan

With Chelsea Forever
Член од
19 јули 2006
Мислења
101
Поени од реакции
0
Нас не учеа дека есеј се пишува во сооднос 1:5:1 (вовед:главен дел:завршен).Така ке биде и за матура,па навикни се уште од сега. Мој совет чим не си баш по есеите:кратки реченици,не употребувај многу метафори,не препишувај од нигде,и пази од уметнички текст да не прејде во патетика. Можеш во воведот да пишеш нешто за историјата на писмата(од пиктографско па до модерното писмо)

Па кажи што си направил :smir:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Зависи каков стил и лежи на професорката, зашто сите имаат различни критериуми ама обиди се да биде нешто оригинално, уникатно. Може да го осмислиш како приказна, уметнички, а не да делуваш како критичар или да зборуваш само од историски аспект за азбуката и слични работи односно да не биде учебникарски како што веќе ти кажаа погоре.
Играј си со зборовите и дозволи спонтано да ти доаѓа идејата, не го усложнувај тоа што сакаш да го објасниш, нека биде просто, кратко а сепак доволно силно за да и остави впечаток.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Општа е темата можеш да експериментираш ехеее, не се врзувај многу за насловот, да не е даден за некое дело кое ќе го обработувате? Тоа е нешто друго. А писмо, писмо може да биде некое оставено од твој роднина, посмо како азбука мада не е тоа не верувам, или писмото како опстанува со текот на времето зашто сме 21 век и писмата и такви ствари се забораваат. Кажи ни во понеделник или помина тоа?:helou:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Леле луѓе фала ви стварно, без вас само шо ќе праев. За ова гајби пиво :icon_lol: Биктор, тебе посебно фала :D
п.с. Јас пак си реков да го препишвам текстот, ама накрај то шо си напишал, по се изгледа ќе требат нешто слично :Р Зошто сепак, одлично е :wink:
А иначе ни рече сега во тетратките, па нив ќе ги прегледала, а после ќе сме пишувале во тие тетратки за Писмени. Требало 150 збора да содржи. Фала ви уште еднаш, без вас . . . :nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom