Честитки за пласманот во Литванија , но тоа е единственото позитивно нешто што го постигнавме на овие квалификации...и понатаму останува лузерскиот македонски менталитет кога се игра во гости ( без разлика за кој спорт да се работи ) кој е уште повеќе изразен кога знаеме дека се е готово во врска со пласманот на некое светско или европско првенство. И јас до вчера не очекував да ја победиме Босна вечерва , но кога слушнав дека В. Британија изгубила од Украина и плус кога видов дека Скендерија е скоро празна помислив дека можеби нашиве ќе имаат поттик да изиграат нешто слично како што изиграа со В. Британија пред неколку дена во Скопје , и со тоа да бидат први во групата и автоматски да имаат полесни противници за групата на Европското во Литванија. Но за жал вечерва видовме апсолутно немотивирана игра од наша страна ( освен во првата четвртина ), поготово во одбраната која беше катастрофална за разлика од другите мечеви кои ги игравме досега. Мала вина има и Докузовски со ставањето и упорното држење во игра на дрвото Чековски ( без разлика дека на крај беше наш трет стрелец ) . Како и да е уште еднаш честито за пласманот , но ако се продолжи со ваков пристап кон играта кога не се игра на домашен терен , тогаш нема што да очекуваме од нашиве на Европското во Литванија.
П.С. Се да им ебам на А1...навистина не се нормални со рекламите кои ги пуштаа на сред активна игра.