Кошаркарска репрезентација на Македонија

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
A zasto se idioti? .... zatoa sto citaat Kajgana...ili zatoa sto pishale za Zafirovski?
Затоа што во текстот глумат како да се тие едни од ретките што знаеле за него. (гарантирам дека доколку не прочитаа на Кајгана немаше да знаат за него) Затоа што измислиле многу работи во текстот, за текстот да изгледа далеку попримамлив, како оние фантастични текстови за големиот феномен Славковски. Сите знаеме што се случи потоа. Јас се надевам дека Зафировски е добар играч, но тоа не може да се процени по сезона во која нема ниту еден настап. Нека заигра оваа сезона па после ќе ја думаме... а ако сакаат и од КФМ нека го повикаат, имаме неколку пријателски мечеви во кои можат да се испробаат неговите квалитети. По физичките карактеристики баш таков играч ни треба во тимот, тоа што е во составот на Дјук чиј тренер е селекторот на САД доволно говори дека кај Зафировски има некој квалитет, но нема да биде ништо доколку тој квалитет не го покаже на теренот.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
Затоа што во текстот глумат како да се тие едни од ретките што знаеле за него. (гарантирам дека доколку не прочитаа на Кајгана немаше да знаат за него) Затоа што измислиле многу работи во текстот, за текстот да изгледа далеку попримамлив, како оние фантастични текстови за големиот феномен Славковски. Сите знаеме што се случи потоа. Јас се надевам дека Зафировски е добар играч, но тоа не може да се процени по сезона во која нема ниту еден настап. Нека заигра оваа сезона па после ќе ја думаме... а ако сакаат и од КФМ нека го повикаат, имаме неколку пријателски мечеви во кои можат да се испробаат неговите квалитети. По физичките карактеристики баш таков играч ни треба во тимот, тоа што е во составот на Дјук чиј тренер е селекторот на САД доволно говори дека кај Зафировски има некој квалитет, но нема да биде ништо доколку тој квалитет не го покаже на теренот.
Ne sakam da izigruvam drven advokat nekomu, no vo princip me nerviraat vakvi samobendisani komentari kako tvojot. Vo nego vidov mnogu pausalni ocenki bez nitu eden argument.

Prvo, zosto si ubeden deka tie, ili koj bilo drug, prvpat slusnale za Tod otkako bilo napisano na Kajgana? I po sto primeti deka glumat?

Vtoro, sto e po tebe izmisleno vo tekstot? I jas go procitav, sekako na Kajgana, i ne primetiv nekoj isfiluvan detal.

Treto, kako garantirash deka ako ne procitale na Kajgana nemale da znaat za nego?

Mnogu e lesno da se kritikuva nekogo ili necij trud vrz osnova na pausalni ocenki i nejasni ili nepostoecki argumenti. Mnogu e lesno da se brbori na nekakov si forum ili blog, kade sto ne postoi nikakva odgovornost za kazanoto...za razlika od rabotata vo mediumite...

Vo opasnost da ne kazam nesto poloso, tuka ja prekinuvam diskusijata....
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Тод Зафировски од декември е во ростерот на Duke, уште во април ја освои титулата, а нив им текна да напишат во средина на мај, поточно една недела откако за него беше пишано тука :pos: Да, да... сигурно знаеле и пред тоа. Кај прочитале за него ако не на Кајгана. :pos: Патем ни мене не ми се сона за ова, за него прочитав уште пред два-три месеци на друг форум. Се согласувам за твоите зборови дека полесно е да се брбори на форум, но баш поради тоа треба да се пишува посериозен текст, а не текст полн со суперлативи за некој кој не почувствувал вистинска игра цела сезона. Патем во Америка игра пола младинска женска репрезентација на Македонија, па на ЕП кај нас не можеа да дадат кош. А за трудот... што да кажам, напиши на google Todd Zafirovski и првата слика што ќе ти излезе за него е онаа што ја имаат тие користено во текстот. Можеле да се потрудат да најдат барем нешто од Duke... но муабетов не е за тука, ако не се согласуваш со мене пиши ми на профил.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
Тод Зафировски од декември е во ростерот на Duke, уште во април ја освои титулата, а нив им текна да напишат во средина на мај, поточно една недела откако за него беше пишано тука :pos: Да, да... сигурно знаеле и пред тоа. Кај прочитале за него ако не на Кајгана. :pos: Патем ни мене не ми се сона за ова, за него прочитав уште пред два-три месеци на друг форум. Се согласувам за твоите зборови дека полесно е да се брбори на форум, но баш поради тоа треба да се пишува посериозен текст, а не текст полн со суперлативи за некој кој не почувствувал вистинска игра цела сезона. Патем во Америка игра пола младинска женска репрезентација на Македонија, па на ЕП кај нас не можеа да дадат кош. А за трудот... што да кажам, напиши на google Todd Zafirovski и првата слика што ќе ти излезе за него е онаа што ја имаат тие користено во текстот. Можеле да се потрудат да најдат барем нешто од Duke... но муабетов не е за тука, ако не се согласуваш со мене пиши ми на профил.
Apsolutno ne se soglasuvam so tebe....meshash babi i zabi vo sporedbata so kosarkarkite sto igraat vo SAD...tie igraat vo cetvrtoklasni univerziteti, a Tod vo Duke....ali da ne ja prodolzuvame raspravijata..ke premolcam z ostantite zabeleski....zivej so ubeduvanjata sto gi imas....
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Многу поедноставно ќе беше да признаеш дека си тој новинар од НМ... во иднина барем напиши извор, онака како што си ги промовираш своите текстови на Кајгана ;)
За Тод, јас сум сигурен дека е добар играч штом дошол до Duke... НО, си заборавил нешто многу битно. Тој не игра за нив, туку тренира со нив, до декември седел на клупа во обична облека, додека во ростерот е ставен во декември откако некој играч си заминал од Duke, но сеуште нема ниту една секунда играно за нив.
Поздрав и без нервози.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ај не се правете многу важни,самобендисани и самоуверени во изјавите освен ако за тоа немате веродостојна потврда.
Дали прочитале од тука или не е сосема небитно, битно е да се знае дека дечково може да биде на располагање.
Личните сатисфакции сочувајте ги за себе или за фејсбук.

Патем да спомнам дека во квалификациите за наредното ЕП сме во група со Британија за која најверојатно ќе играат Денг и Гордон, па ете солидна можност да гледаме вистински НБА ѕвезди во Скопје.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Ќе ги исплескаме бе каков Денг,каков Гордон :)
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Челните луѓе на меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА Европа) ја прифатија идејата на Македонската кошаркарска федерација и донесоa одлука за зголемување на бројот на екипите од 16 на 24 за Европското првенство кое ќе се игра 2013 година.


Евробаскетот во Литванија 2011 година е последниот со 16 репрезентации кои ќе се борат за насловот. Во трката за домаќин на првенството 2013 година се Хрватска, БиХ, Словенија, Чешка, Италија и Словенија.


Според новото правило селекторот ќе може да поведе 14 кошаркари, а на еден час пред стартот ќе именува 12 на кои ќе смета за дуелот.


Проширувањето на бројот на патниците ќе биде добредојден за Македонија, која летово преку групата Б ќе се обиде да стигне до Литванија. Покрај Македонија во групата се Велика Британија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Украина. Првопласираната екипа по 8 кола се пласира директно во Литванија, додека место за директен пат на Балтикот ќе имаат и двете најдобри второпласирани селекции од трите групи.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Ова е повеќе од одлично за нас, мислам дека отсега ќе настапуваме на повеќе ЕП :)
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Без Пеџа кон Евробаскетот?
Поради едно скршено и едно напукнато ребро Предраг Самарџиски ќе мора да паузира шест-седум недели, по што е доведен под знак прашалник и неговиот настап за националниот тим во августовските квалификации за ЕП...
"Добро го познавам Пеѓа. Знам дека е голем борец и дека ќе го издржи сето ова што му се случи. А тоа значи дека ќе се врати и порано и посилен од кога било"- смета директорот на националниот тим, Врбица Стефанов.
Многу извесна е варијантата во следниот квалификациски циклус Македонија да влезе без една мошне битна карика во "системот на функционирање".
Односно, августовскиот цикоус "црвено-жолтите" да го одработат без помошта на еден од нашите најстандардни репрезентативци во последните неколку сезони.
Станува збор за Предраг Самарџиски, кој место на заслужен одмор, деновиве мораше да ги помине сите можни специјализирани установи за да го утврди степенот на повредата добиена на последниот дуел од Супер-лигата на Србија, против Хемофарм.
На таа средба, нашиот висок центар "заработил" сериозна повреда, а според првичните снимки, се работи за едно скршено и едно напукнато ребро.
"Јасно е дека ме чека долга пауза, колкава, останува да видиме во наредниот период"- констатира разочарано Самарџиски."Но сигурно е и тоа дека уште отсега сакам да кажам дека поради тоа нема да играм во квалификациите. Ќе видам како ќе се одвива целата оваа ситуација, односно заздравувањето, за што ќе го информирам и стручниот штаб на националниот тим, со кој и ќе донесеме одлука што и како. Лично сакам сето ова да трае многу помалку од лекарските предвидувања и да се вратам таму каде што сите ме очекуваат" - додава популарниот Пеџа.
Голема и пред с$ искрена поддршка за што побрзо оздравување на 24-годишниот центар на "црвено-жолтите" и на ФМП од Железник, доаѓа и од директорот на нашиот национален тим, Врбица Стефанов.
"Добро го познавам Пеѓа. Знам дека е голем борец и дека ќе го издржи сето ова што му се случи. А тоа значи дека ќе се врати и порано и посилен од кога било"- смета директорот на националниот тим."Поточно дека паузата ќе биде многу пократка од оние шест-седум седмици за кои чув во разговорот со директорот Мерџановски. Можеби ќе го немаме за оној прв дел од подготовките, но се надевам дека ќе биде со нас кога ќе ни биде најпотребно"- смета Стефанов.
Б. Радуловиќ
ЕДНА ОД РЕАЛНИТЕ ОПЦИИ Е НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ВО ЛИГАТА
Тони Симиќ како прва помош?
Повредата, и тоа сериозна, на Предраг Самарџиски сигурно ќе донесе "нарушување" во плановите на нашиот национален тим. Особено ако се знае дека сме и тоа како дефицитарни на таа центарска позиција.
Во овој момент стручниот штаб во центарската линија ги има на располагање, односно покрај Предраг Самарџиски ги планира(ше) и Тодор Гечевски, Перо Антиќ и Ѓорѓи Чековски, кој и не е центар.
По сето ова и, секако, очекување добри вести од Белград, јасно е дека ќе имаме голема "дупка" во ростерот, која евидентно е дека мора да биде пополнета.
Едно од оние решенија во овој момент кои "висат во воздухот" во секој случај е повик до најдобриот играч во домашниот шампионат, Тони Симиќ.
Иако и претходно имаше такви идеи во стручниот штаб, повредата на Самарџиски "предизвикува" едно вакво решение крстено како прва помош.
Зад себе Симиќ ја има веројатно и најдобрата сезона во кариерата, но бројот на годините го тера високиот центар да не размислува во правец и на репрезентативен ангажман (лани го одби повикот на селекторот Јовица Арсиќ пред стартот на подготовките).
Сепак, по оваа немила случка шансите за "враќање" на Симиќ во националниот состав стануваат и реални и издржани, макар и до оној момент во кој посакуваме Самарџиски да има успешна рехабилитација, и да се врати што е можно побрзо таму каде што и му е местото.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.263
Поени од реакции
6.904
Без Илиевски и без Вашингтон.................у ку*ац,мораше сега на сред подготовки да кажат дека нема да играат
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Плус без Мејси,Самарџиски се опоравува,Гечевски калкулира .... Од екипата од ланското ЕП не се тука ни Блажевски, ни Тасовски...

Пласманот на ЕП е СФ филм со овој состав.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
А од каде тоа дека нема да играат Илиевски, Мејси, Вашингтон? Знам дека беа одбрани во составот, а немам на официјалниот сајт прочитано дека откажале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom