Кошаркарска репрезентација на Македонија

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Браво ,сеа паметен си што пиша така???
Таков си е човекот,се лаже,за тоа викам јас ,не мора одма да се правиш паметен!
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Дечко, ти прв се правиш паметен со муабети кои немаат врска.
Посочи што е лагата во постот т.е. во неговиот одговор на мојот мејл, па после ќе збориме.
Клевети кон луѓе кои не го заслужуваат тоа не се потребни. Тебе ако ти сторил нешто, реши го тоа со него а не тука да ни збориш како он лажел за све, вклучително и за ова за кое дискутиравме на минатата страница.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Не знаеш каква е ситуацијата у КФМ изгледа ти,не се знае кој пие кој плаќа ама буквално,овој каков смреж е тоа е чудо...
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Доволно добра ја знам ситуацијата у МКФ за да можам да оценам дека у случајов Дејан Лекиќ никого не лаже или пак праи будала. Да сакаше да ја заташка работата немаше да ми врати на мејлот, а камоли да напише опширно објаснување за целиот случај.
 

aleknamajkot

Gospodin
Член од
27 март 2010
Мислења
13
Поени од реакции
2
PG-Врбица
SG-Илиевски
SF-Тасовски
PF-Гоцевски
C-Гечевски

Ова е Дреам Теам СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
И Tасовски... :pos:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Дали некој слушнал за Todd Zafirovski? Син е на бизнисменот Мајк Зафировски, игра на позиција крило за екипата на Duke (на екипата е тренер американскиот селектор Mike Krzyzewski) која оваа сезона беше шампион на NCAA лигата. Од она што го најдов на интернет висок е 203 см, тежок 108 кг, изгледа не играл воопшто, обично бил на клупа и на загревањата, но има време, бруцош е :) Со оглед на тоа што може да се каже дека немаме класично крило, може да пуштиме некој на извидување.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.127
Поени од реакции
7.793
Дали некој слушнал за Todd Zafirovski? Син е на бизнисменот Мајк Зафировски, игра на позиција крило за екипата на Duke (на екипата е тренер американскиот селектор Mike Krzyzewski) која оваа сезона беше шампион на NCAA лигата. Од она што го најдов на интернет висок е 203 см, тежок 108 кг, изгледа не играл воопшто, обично бил на клупа и на загревањата, но има време, бруцош е :) Со оглед на тоа што може да се каже дека немаме класично крило, може да пуштиме некој на извидување.
Македонија добива кошаркарски војвода



Малкумина знаат дека во екипата на американскиот универзитетски шампион Дјук (војводи) настапува 20-годишниот син на бизнисменот Мајк Зафировски, кому тренерот, кој воедно е и селектор на репрезентацијата на САД, му предвидува убава иднина, а кој наскоро би можел да добие покана да игра за Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација наскоро би можела да добие неочекувано, но исклучително квалитетно засилување и тоа од аматерската НЦАА-лига, од САД. Тоа е 20-годишниот Тод Зафировски (204 сантиметри, 120 килограми), член на универзитетот Дјук, кој пред еден месец стана нов универзитетски шампион на САД и тоа на завршниот турнир што традиционално се одржува во Индијанаполис. Тод е син на македонскиот бизнисмен Мајк Зафировски, кој е поранешен претседател на фирми, како „Моторола“ и „Нортел“, а бил и советник на поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

Крилниот кошаркар со македонско потекло беше во составот на „војводите“ на најголемиот дел од средбите сезонава, но со оглед на својот статус на дебитант (фрешмен), тој не доби шанса да се појави на паркетот. Но и покрај тоа што не одигра ниту една минута сезонава, тренерот на Дјук, Мајк Крижевски, кој воедно е и селектор на кошаркарската селекција на САД, има само пофални зборови за помладиот Зафировски.

- Пред Тод е убава иднина. Тој има одлични физички предиспозиции на кои, сепак, треба напорно да работи за да ги доведе во функција на ефектот на паркетот. Тој годинава не доби шанса, но тоа не значи дека во иднина ќе биде исто. Ако продолжи да тренира како што треба, ако дава сé од себе на тренинзите, тогаш и неговата минутажа ќе се подобрува - вели легендарниот тренер Крижевски, кој секое лето работи со ѕвезди како Леброн Џејмс, Коби Брајант, Двејн Вејд...

Веќе изминатата сезона главна задача на помладиот Зафировски беше да даде сé од себе на тренинзите и да им помогне на главните играчи на Дјук да дојдат до посакуваната форма. Шампионската титула освоена од „војводите“ говори дека Тод одлично ја завршил својата задача, а воедно доби и шампионски прстен како награда за вложениот труд. Но во претходните четири години, кошаркарот со македонско потекло покажа дека е одличен кошаркар настапувајќи за средношколската екипа на Лејк Форест академи, каде што беше еден од лидерите на теренот постигнувајќи најчесто повеќе од 20 поена на одиграните мечеви.

На луѓето во Македонската кошаркарска федерација (МКФ) не им е непознато името на Тод Зафировски. Тие не го следеле во живо настапот на ова 19-годишно момче, но добиваат позитивни информации за неговиот настап во САД. Според Даниел Димевски, првиот човек на МКФ, Тод веќе бил во игра за настап за јуниорската репрезентација минатата година, но поради тоа што селекцијата до 18 години преклани немаше настап на европска сцена пропадна и можноста македонската кошаркарска јавност да се запознае со квалитетите на помладиот Зафировски.

- Со Мајк Зафировски, таткото на Тод, се познавам лично, а за игрите на младиот кошаркар добивав позитивни информации и од други луѓе од САД. Доброто во оваа ситуација е што кај Мајк и кај Тод нема дилема околу нивната македонска националност и околу желбата да се игра за репрезентацијата на Македонија. Пред две години постоеше опција тој да игра за јуниорската селекција, но таа пропадна. Ќе видиме што ќе биде летово. Планирам да стапам во контакт со Мајк, а преку него и со Тод и да видиме дали тој ќе може да дојде летово во Скопје. Тој со своите години е перспектива на македонската кошарка и ако продолжи да се развива на вистински начин, тогаш од него може многу да се очекува во иднина - вели Димевски.

Летово ниту една младинска селекција нема настап на европска сцена поради што единствена шанса за да се видат можностите на 20-годишниот Тод е тој да биде повикан во сениорската репрезентација од страна на селекторот Марин Докузовски. Самото негово присуство во НЦАА-шампионот на САД е доволен доказ за неговиот квалитет. Со малку поголема ангажираност на луѓето во МКФ, Македонија би можела да добие извонредно квалитетен кошаркар и тоа на крилната позиција на која сме крајно дефицитарни.




Спортскиот ген наследен од таткото Мајк

Мајк, таткото на Тод Зафировски, е светски познат бизнисмен, чие семејство пред четириесетина години се иселило во САД. Постариот Зафировски не ги има заборавено своите корени и постојано е на располагање за помош на македонските политички и економски структури. Тој е член на бордот на директори на организацијата „Македонија 2025“, чија цел е помош околу доведувањето странски инвестиции во нашата држава.

Но малкумина знаат дека Мајк е и поранешен спортист и вљубеник во спортот, страст која успешно ја пренел кон своите три сина, Мет, Кирк и Тод. Постариот Зафировски својата универзитетска кариера ја почнал со стипендија добиена за талентиран пливач. Тој е и успешен учесник во натпреварите „Ајронмен“, кои предвидуваат трчање, пливање и возење велосипед на големи дистанци.http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=56101038174&id=21&prilog=0&setIzdanie=21976
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Кој идиоти се овие од Нова Македонија, сигурно прочитале од тука за играчов :)
Сепак мислам дека му е рано да игра за сениорите, пред се поради тоа што нема ниту еден настап за Дјук. Ако тоа се промени наредната година во ред :)
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
204 цм,120 кг:vozbud:
Слабо набилдан е изгледа :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Нема 120, туку 108 кг.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Прочитај во текстот колку пишува.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Прочитај го постот пред текстот кој е напишан речиси една недела пред овие од Нова Македонија.

Имаат грешка во пресметките, Зафировски е тежок 240 lbs, или во килограми: 108... а не 120.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
A zasto se idioti? .... zatoa sto citaat Kajgana...ili zatoa sto pishale za Zafirovski?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom