Според навијањето на Фемили, го немаше Давитков у сала а?
Не ќе да го имаше
ма да уште пред да почне утакмицата имаше мало скандирање „Каде ви е Давитков„ од страна мала група од ПП одделот на Фемили Аеродром
Дали гледате што се случува кога си играч на Мзт? Можеби нема да земаш редовно плата, можеби нема трофеи да освојуваш ама ова што му се случува на Јане е во 90% заслуга на навивачите на Мзт. Уште од самиот старт го скандиравме неговото име и додека не влезе не прекинавме да вршиме притисок да влезе, а кога влезе настана дилириум во салата, посебно кај навивачите на Мзт Скопје кои беа доминантни во салата.
Се слушнав после утакмицата со него и го прашувам како е? Ми вика
„Го живеам сонот„ и десетина пати ми рече фала
Тоа е кога си миленик на навивачите на Мзт. Тешко засакуваме некој, ама кога ке го засакаме секогаш со него и ке ја има подршката секаде каде што ке е тоа можно. Но, ако се случеше да потпишеше за Работнички ништо од ова немаше да биде, немаше да влезе и ако влезеше ке беше многу пцуен, ама како што кажал и самиот тој „Мзт да ми даде упола од тоа што ми нуди Работнички ке останам, ептен се приврзав со навивачите, мислам дека не би можел да играм без нив„
А на крајот кога заврши утакмицата, не заборави Фемили да каже каде има најдобра публика и да ги поздрави навивачите на Работнички кои ни оддалекку не направија ваква атмосфера кога се играа натпреварите во нивната сала.
Самраџиски ги исполепи, Врбица се плаши, не е тоа што беше, избегава дуели ама му фати шутот денеска, Мачка не промаши, ВИлкинсон солиден за прв пат, Гечевски исто така, Антиќ е жива атракција, а Илиевски без срце, како да сака да испаднеме побрзо за да си отиде на одмор, веке си ги земал парите, па што помалку игра, тоа подобро за него (јаас таков впечаток добивам се повеке и повеке)