Имам два сона за толкување првиот гласи вака
Одам јас во мојата соба и на мојот кревет мравќи и јас ги прскам со пипс
а вториот вака
баба ми почина пред пола година и како сега јас одам кај неа дома и во нејната соба таа седи и јас се ракувам со баба ми (правам здраво)
мравики се успешна работа со многу труд или изобилие, но ти во твојот сон мравките ги прскаш односно ги убиваш што значи си ја уништуваш сам својата среќа.
вториот сон со бабата, бидејќи си ја сонувал својата баба која е почината тоа е едно потсетување на неа, старите велат тоа е знак дека те чува и е покрај тебе.
инаку
на сон да се ракуваш со мртовец, да зборуваш и сл. се толкува како среќа во иднина, додека пак македонскиот народен толкувач на соништа мртовецот го поврзува со кавга.
јас сметам дека сепак е едно сеќавање на неа од причина што си ја сонвуал својата скоро почината баба, твојот предок а предците се и наши чувари, додека мртовец како што го толкува соновникот, ми е некако премногу апстрактен поим и ме асоцира на леш, на мртов човек кој немора да е наш роднина, има соништа кога на сон ни се појавува непознат мртовец или леш,тогаш би го толкувала како некоја непријатност или кавга, затоа секогаш ваквиот сон како твојот го толкувам на ваков начин...
Пред некој ден сонував и се исплашив ко будала...
Сме шетале со дечко ми некаде и наеднаш цел чопор од кучиња почнале да трчаат накај нас. После тоа сите кучиња отишле по некој друг пат, само едно останало да не брка...Баш кога беше точно зад нас се разбудив...
Што значи?
според твојот сон ти и твојот дечко имате мнгоу добри и верни пријатели, ако кучињата биле безопасни на сонот без разлика што трчале по вас, доколку биле опасни, а тоа ако ржеле, лаеле, посебно ако ве гризне куче на сон,тогаш имате пријатели кои нешто се лути на вас а може и завидни...