Сонови, толкување на сонови

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Имаат некое посебно значење оси или пчели на сон? Мислам дека 2 пати сонував сон со оси или пчели... :)
оси се непријатности, ако те боцне оса тогаш значи разочарување, интриги, лаги, ако ги бркате тогаш разделба со некое драго лице, осилно гнездо е загуба а ако убиете оса несреќа.

пчелите имаат друго значење ти секогаш асоцираат на некаква добивка од вложен труд, така ако ги гледаш како работат убави успеси во иднина те чекаат, ако ги ловиш голема добивка, ако ги убиваш тогаш те чека несреќа и сиромаштија, ако те боцне пчела тогаш во иднина би требало да ти се случи нешто многу важно и одлучувачко.

пчели на сон е секогаш убаво бидејќи се трудољубиви инсекти и допринесуваат нешто и секогаш се поврзуваат со некаква добивка, оси не, тие асоцираат на провокации, неудобност и мешање од страна.

Сонував како сум барал нешто низ куќата и кога сум отворил една фиока била полна со чорапи, а најгоре во средина една карта дама во срце. Откога сум ја видел картата многу сум се исплашил.
епа карта дама срце тоа може да биде некоја девојка во иднина, односно може ќе се зљубиш во некоја женска а тоа што си се исплашил од неа би требало пријатно да бидеш изненаден, чорапи се толкуваат како грижи, а некаде како настинка.

Сонував дека сум во школо, ставив наочари за сонце, имаше снег.
Па сме се бањале со вода, се прскавме во училница.
Еее од кога неам сонувано вакви работи :tv:
можеби ти фалат тие лудории или се работи само за едно пријатно сеќавање на минатото.

инаку...

снег се замрзнати чувства, или ти си спрема некого ладен или некој спрема тебе, ако се бањаш во ладна и бистра вода тоа е здравје и среќа, прскање со вода нема значење.
 
DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.548
Поени од реакции
4.457
Сум сонувал еден АПЛА глуп сон...Сум сонувал како сум ја изневерил девојката со бившата...а тогаш кога сум ја изневерил требаше да се најдам со неа на едно место :nesum:
 
~angela~

mladiot matematicar
Член од
29 август 2008
Мислења
226
Поени од реакции
25
Vaka denes sonuvav kako begam od sopstvenata baba zaedno so sestra mi...begame ama izgledame nie dve kako zeni okolu 30tina godini, begame od baba ni, trcame po pat, pa demek so helikopter bilo pobrzo, i taka stignuvame do nekoja suma....go srekavame brat mi vnatre i pocnuvame da se iskacuvame na nekoe brdo, brat mi i sestra mi uspevaat da se prekacat, no mene nesto mi se krsi i paga, lezam na zemja, i zaspivam, po nekoe vreme se razbuduvam i gledam pat i si vikam: eh eve pat zaso da go iskacuvam brdoto odovde e polesno, se kacuvam po patot i gi gledam brat mi i sestra mi.....zborime kako da se sokrieme od baba ni, se preoblekuvame. baba ni pominuva vo sumata so nekoi nejzini prijatelki i ne ne zabelezuva, i momentot koga kazuvam vo sonot: konecno se spasivme, ne ne zabeleza, ona ne zabeleze...i na kraj demek ne sme izbegale od baba ni............. i tolkuvanje plssss :D
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Сум сонувал еден АПЛА глуп сон...Сум сонувал како сум ја изневерил девојката со бившата...а тогаш кога сум ја изневерил требаше да се најдам со неа на едно место :nesum:
нема да ја изневериш верен си и. но може уште гаиш симпатии кон бившата или ти оставила силен впечаток.

Vaka denes sonuvav kako begam od sopstvenata baba zaedno so sestra mi...begame ama izgledame nie dve kako zeni okolu 30tina godini, begame od baba ni, trcame po pat, pa demek so helikopter bilo pobrzo, i taka stignuvame do nekoja suma....go srekavame brat mi vnatre i pocnuvame da se iskacuvame na nekoe brdo, brat mi i sestra mi uspevaat da se prekacat, no mene nesto mi se krsi i paga, lezam na zemja, i zaspivam, po nekoe vreme se razbuduvam i gledam pat i si vikam: eh eve pat zaso da go iskacuvam brdoto odovde e polesno, se kacuvam po patot i gi gledam brat mi i sestra mi.....zborime kako da se sokrieme od baba ni, se preoblekuvame. baba ni pominuva vo sumata so nekoi nejzini prijatelki i ne ne zabelezuva, i momentot koga kazuvam vo sonot: konecno se spasivme, ne ne zabeleza, ona ne zabeleze...i na kraj demek ne sme izbegale od baba ni............. i tolkuvanje plssss :D
сопствена баба е среќа, жени во соното се озборувања а некаде и кавги, значи некаква среќа ќе ве прати но и озборувања од страна, хеликоптер е исполнување на некоја заедничка желба,

шума на сон ако е убава, зелена и разлистена тогаш е богатсво, наследство, букова и борова шума означуваат некоја среќа и пријатно изненадување, но ако шумата е гола тогаш загуба некоја или работа со загуба, а ако е во пламен или исечена тогаш е несреќа,

качување по некое брдо е некој континуиран успех но кај тебе ќе се прекине нешто ќе те спречи да одиш до крај, едно време ќе стагнираш но бидејќи си нашла полесен пат очигледно бргу ќе се снајдеш и ќе ги стигнеш братот и сестрата.

нешто од баба ви сакате да сокриете или нешто сте и лути па сте бегале од неа, но на крај работите со бабави ќе се средат а преоблекувањето е менвуање нешто спрема неа односот ќе го смените или вие ко личности ќе се промените а тоа нешто може да вилјае врз вашиот однос кон баба ви.

ако се сонуваат починати роднини ( баба, дедо итн) тогаш е некое сеќавање на нив, некаде слушнав дека кога ги сонуваме тоа значи не чуваат.
 
DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.548
Поени од реакции
4.457
Денеска го сонував професорот по музичко како црта пејсаж :toe:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Хити... ај дека неможиш пак да пробаш да толкуваш.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Денеска го сонував професорот по музичко како црта пејсаж :toe:
активен сонувач си, сонуваш секоја вечер што значи дека не сонуваш мнгоу значајни соништа добар дел од нив ти се како резултат на психичка база значи преоптеретена психа или си по природа мнгоу чувствителен и емотивен.

тоа што си го сонувал твојот професор како црта најверојатно си воодушевен од него, од неговиот талент, карактер и сл, евентуално може да си го мислел или ако денес нешто си имал час кај него.

инаку

според соновниците, цртеж е успех.
 
DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.548
Поени од реакции
4.457
активен сонувач си, сонуваш секоја вечер што значи дека не сонуваш мнгоу значајни соништа добар дел од нив ти се како резултат на психичка база значи преоптеретена психа или си по природа мнгоу чувствителен и емотивен.

тоа што си го сонувал твојот професор како црта најверојатно си воодушевен од него, од неговиот талент, карактер и сл, евентуално може да си го мислел или ако денес нешто си имал час кај него.

инаку

според соновниците, цртеж е успех.
чувствителен и емотивен сум :)
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Вака сега:)...Бевме како на некое патување јас и женската, само се наоѓавме во различни автобуси кои тргнуваат кон различни дестинации. Кога одеднаш се најдов надвор од автобусот и сум трчал кон тој другиот во кој била женската. Коа ми избегал тој автобус сум почнал да трчам по овој мојот. И тој ми избегал. Потоа сум трчал низ местото и сум сакал да телефонирам ама немало луѓе. Во една куќа сум нашол едно девојче кое цело време мавало во свежо живо месо, но немала телефон. Сум продолжил да барам и кога конечно најдов се разбудив.Што би можело сонов да значи..
 
епа најверојатно ќе ви се разделат патиштата, најверојатно ќе се преселите некаде но на различни места или ќе прекинете со врската ти и понатаму ќе се трудиш да стигнеш до неа очигледно многу ти знчаи и ја сакаш па таа разделба потешко ќе ја прифатиш, на крај ќе се откажеш.

место без луѓе значи обратно, може во нови друштва ќе се движиш, ќе стекнеш поголеми, може и да се бавиш со некоја таква професија,

мали деца во сон означуваат проблеми некои велат девојче на сон е англече, месото кое го мавало означува операција но ако земеме во предвид дека девојче е англече на сон а живото месо е операција би требало нешто сериозно ( операција, болест) да се заврши среќно, но што и да е лошо или добро треба среќно се да заврши, бидејќи на сон да бараш нешто и да најдеш е среќа а во твојот случај тоа доаѓа на крајот од сонот мене ми делува како среќна завршница на некои проблеми а би требало да се однесува на вториот дел од сонот а тоа е со месото и девојчето. Ајт со Господ напред што и да е!

Sum sonuval crkvi i popovi ...
Sto znaci toa?
цркви се среќа, попови означуваат дека некому нешто треба да простиш или да бараш прошка.
 
~angela~

mladiot matematicar
Член од
29 август 2008
Мислења
226
Поени од реакции
25
ISto taka i pred nekoj den sonuvav kako site sto gi znam prijateli i jas so niv odam na lekar, t.e. privatna zabna ordinacija, ali ko da sedam so niv, ne zatoa sto treba da odam na lekar t.e. zabar tuku onaka samo se setam niz ordinacijata i citam nekoe flaerce vo raka........
p.s. treba da odam na zabar patem, a imam fobija :D:toe:
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Shto znachi da imash dva pendraka u raka i da te vidi policija i da te privede ? :nesum:
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Shto znachi da imash dva pendraka u raka i da te vidi policija i da te privede ? :nesum:
можеби сакаш некого да казниш но со тоа само ќе наштетиш и на него и на себе си, бидејќи да те приведе полиција значи дека нешто лошо си направил.

евентуално може чувстваш некаков бес или собираш некаков бес во себе.

ISto taka i pred nekoj den sonuvav kako site sto gi znam prijateli i jas so niv odam na lekar, t.e. privatna zabna ordinacija, ali ko da sedam so niv, ne zatoa sto treba da odam na lekar t.e. zabar tuku onaka samo se setam niz ordinacijata i citam nekoe flaerce vo raka........
p.s. treba da odam na zabar patem, a imam fobija :D:toe:
епа според соновниците забар означува бес и јадови.

евентуално може сонот те предупредува дека треба да појдеш на забар но ти како резултат на твојата фобија го избегнуваш.
 
Член од
13 март 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Многу често го сонувам бифшиот и тој ретко во соновите зборува.Јас зборувам а тој молчи и ја држи главата наведната.Пред еден месец го сонував како сме се сретнале и ме гушнал (а јас во сонот се плашев да не ме види сегашниот дечко) и ми кажал дека дедо му е многу болен и дојдовме пред една раскрсница и помина другар на дечкоми и јас се свртив,ама бифшиот го немаше

ај некој ако може нека ми го протолкува сонот зошто ме мачи :S
фала однапред :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom