Сонови, толкување на сонови

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Многу често го сонувам бифшиот и тој ретко во соновите зборува.Јас зборувам а тој молчи и ја држи главата наведната.Пред еден месец го сонував како сме се сретнале и ме гушнал (а јас во сонот се плашев да не ме види сегашниот дечко) и ми кажал дека дедо му е многу болен и дојдовме пред една раскрсница и помина другар на дечкоми и јас се свртив,ама бифшиот го немаше

ај некој ако може нека ми го протолкува сонот зошто ме мачи :S
фала однапред :smir:
епа можеби дечкото сака повторно да се зближи со тебе но го мачи некаква вина, нешто можеби ти згрешил па се чувстува виновен, бидејќи ја држел главата наведната, евентуално може да е Тажен заради раскинување на вашата врска, тоа што те гушнал најверојатно му недостасуваш. другарот на дечко ти, на јаве ќе го сретнеш или слушнеш
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Често сонувам како пушам цигари, а непушач сум.
 
С

Сатори

Гостин
Последниве неколку дена постојано сонувам дека сум бремена, само што различно реагирам во секој сон, во еден го раѓам детето, ама не го гледам, во друг го абортирам, во трет се будам пред било што посебно да се случи.
Делува како да имам фобија од тоа да бидам бремена, но во соновите чувствувам паника не што ќе правам со детето, туку како ќе се спремам за да полагам испит.:icon_eek:
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Последниве неколку дена постојано сонувам дека сум бремена, само што различно реагирам во секој сон, во еден го раѓам детето, ама не го гледам, во друг го абортирам, во трет се будам пред било што посебно да се случи.
Делува како да имам фобија од тоа да бидам бремена, но во соновите чувствувам паника не што ќе правам со детето, туку како ќе се спремам за да полагам испит.:icon_eek:
епа вака бременоста секогш е поврзана со некаква тешкотија или проблем ете ти си контретен пример за тоа, дури во самиот сон си свесна за проблемот заради кои си оптеретена а тоа е испитот а можни се некои други пропратни проблеми, е сега во сонот си во различни ситуаци тоа значи дека различно ќе ги решаваш проблемите кои ти претстојуваат, од некои успешно и лесно ќе се ослободиш, некои ќе ги оставиш настрана а некои потешко ќе ги елиминираш, абортусот е еден вид ослободување од бремето но секогаш е поголема тешкотија од самото раѓање, затоа некои проблеми ќе ги решиш но со некои потешкотии за разлика од другите.

мене сонот твој ми делува како тесно поврзан со испитите бидејќи се тоа си го сонувала а самата во сонот си свесна за проблемот кој те мачи а тоа е испитот, а сонот и ме асоцира на студирање, додека студирав слични соништа сонував и јас.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ова го сонував пред некое време и ептен ми е чуден сонов.
Се дешава до моето маало т.е. у маало каде што поминувам секој ден.Е во сонот тоа маало е срушено уствари едната зграда е само напуштена.Не знам прво ми се виде ко дел срушен.Со мој другар од основно ко да се тепав,буткав.И после избегав.Во мене имав 3 мобилни и 150 денари знам.Едниот мобилен ми беше сеа овој што ми е и другите два се исти и мислам е модел што сега го има еден другар.Али цело време ко да бегав од нешто.По едно време ги нема двата мобилни(тие на другарот)и парите.Тргнав назад по патот да ги барам и ги најдов.Предтоа ме фати паника изглеа зошто ги изгубив.Нешто кон овие работи ми се водеше цел сон.Што би значело ова?
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Често сонувам како пушам цигари, а непушач сум.
епа да пушиш цигара посебно дека не си пушач, значи дека сакаш нешто на себе да смениш или да се видиш себе си во поинакво светло, во соновниците пушенњето цигари се поврзува со амбиција кон висока позиција која тежнееш да ја достигнеш.

Ова го сонував пред некое време и ептен ми е чуден сонов.
Се дешава до моето маало т.е. у маало каде што поминувам секој ден.Е во сонот тоа маало е срушено уствари едната зграда е само напуштена.Не знам прво ми се виде ко дел срушен.Со мој другар од основно ко да се тепав,буткав.И после избегав.Во мене имав 3 мобилни и 150 денари знам.Едниот мобилен ми беше сеа овој што ми е и другите два се исти и мислам е модел што сега го има еден другар.Али цело време ко да бегав од нешто.По едно време ги нема двата мобилни(тие на другарот)и парите.Тргнав назад по патот да ги барам и ги најдов.Предтоа ме фати паника изглеа зошто ги изгубив.Нешто кон овие работи ми се водеше цел сон.Што би значело ова?

срушено мало и напуштена зграда се пречки на патот кон успехот или некакви разочарувања, телфон се ненадејни вести или народно кажано гласови, 3 мобилини, бројот 3 е среќен број, би требало да се работи за среќни вести, да бегаш од нешто значи те прогонуваат некакви проблеми ако успееш да избегаш значи успешно ќе ги решиш, пари се зборови а обично се сведуваат на кавга. Патот е тек на работите обично се поврзува со кариерата, студиите, со се што човекот се занимава во животот, ти во својот сон си се вратил назад по истиот пат, значи ќе се посветиш на нешто што си го занемраил или оставил а кое ќе го завршиш среќно бидејќи на сон нешто да бараш и да најдеш значи среќа и успех.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
nuklearka...bombardiranje...zemjotres so znacat ovie stvari posebno zemjotresite poso najcesto gi sanjam...
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
nuklearka...bombardiranje...zemjotres so znacat ovie stvari posebno zemjotresite poso najcesto gi sanjam...
нуклеарките немаат значење, бомби да сонуваш како експлодираат е среќно изненадување, глас, земјотрес е некоја несигурна ситуација во која се наоѓаш или нестабилна работа.
 
Член од
17 март 2010
Мислења
5
Поени од реакции
1
Sakam da prasam ako nekoj znae sto znaci da sonuvate nekoja tepacka..kako na demek i decko mi ucestvuval vo nea ama mi nema receno tuku naednas trgnuva i ne me slusa dodeka vikam po nego....potoa go gubam i stignuvam do edna kuka koja lici na bar.....site se tepaat se nekoj zakaca, se e isprevrteno...tuka se i moite drugarki so mene. Gledam licnosti od minatot , so kogo se nemam videno....vo sonot ima samo maski, jas i 2 drugarki .....???????????????
:toe:
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Sakam da prasam ako nekoj znae sto znaci da sonuvate nekoja tepacka..kako na demek i decko mi ucestvuval vo nea ama mi nema receno tuku naednas trgnuva i ne me slusa dodeka vikam po nego....potoa go gubam i stignuvam do edna kuka koja lici na bar.....site se tepaat se nekoj zakaca, se e isprevrteno...tuka se i moite drugarki so mene. Gledam licnosti od minatot , so kogo se nemam videno....vo sonot ima samo maski, jas i 2 drugarki .....???????????????
:toe:
тепачка се толкува како опасност, во која ќе се впушти твојот дечко но од таа опасност ќе излезе жив и здрав, бидејќи на сонот си го изгубила и не си го видела, што е обрато на јаве, вториот дел од сонот ти е повторно тепачка и опасност но ти нема да настрадаш.
 

NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Сонував како Чарлс Дарвин открил нешто многу важно но никогаш не успеал да го презентира неговото откритие туку само запишал каде го открил тоа. Јас одам во Италија на тоа место покрај морето каде што тој го направил тоа важно откритие и фрлам каменчиња во водата и почнуваат да излегуваат клумбурци и јас во тој момент заклучувам дека има живот на Марс....wtf?:icon_conf

Има ли некој претстава што може да значи ова?
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Сонував како Чарлс Дарвин открил нешто многу важно но никогаш не успеал да го презентира неговото откритие туку само запишал каде го открил тоа. Јас одам во Италија на тоа место покрај морето каде што тој го направил тоа важно откритие и фрлам каменчиња во водата и почнуваат да излегуваат клумбурци и јас во тој момент заклучувам дека има живот на Марс....wtf?:icon_conf

Има ли некој претстава што може да значи ова?
од целиот твој сон кој е продукт на оптеретена психа, важно е фрлањето камења кое според некоја логика е конфликтна ситуација во која ти некого ќе осудиш за нешто или навредиш, народниот соновник фрлањето камења го толкува како некое незадоволство во животот.

се останато од твојот сон е неважно, на сите им се сонуваат барем еднаш во годината или месецот такви необични сонови, ако кај тебе ako се случуваат често тогаш си човек со бујна фантазија.
 

Mr.Tasev

Расад за лопате
Член од
30 ноември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
76
Имам два сона за толкување првиот гласи вака

Одам јас во мојата соба и на мојот кревет мравќи и јас ги прскам со пипс

а вториот вака

баба ми почина пред пола година и како сега јас одам кај неа дома и во нејната соба таа седи и јас се ракувам со баба ми (правам здраво)
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Пред некој ден сонував и се исплашив ко будала...
Сме шетале со дечко ми некаде и наеднаш цел чопор од кучиња почнале да трчаат накај нас. После тоа сите кучиња отишле по некој друг пат, само едно останало да не брка...Баш кога беше точно зад нас се разбудив...
Што значи?
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Имам два сона за толкување првиот гласи вака

Одам јас во мојата соба и на мојот кревет мравќи и јас ги прскам со пипс

а вториот вака

баба ми почина пред пола година и како сега јас одам кај неа дома и во нејната соба таа седи и јас се ракувам со баба ми (правам здраво)
мравики се успешна работа со многу труд или изобилие, но ти во твојот сон мравките ги прскаш односно ги убиваш што значи си ја уништуваш сам својата среќа.

вториот сон со бабата, бидејќи си ја сонувал својата баба која е почината тоа е едно потсетување на неа, старите велат тоа е знак дека те чува и е покрај тебе.

инаку

на сон да се ракуваш со мртовец, да зборуваш и сл. се толкува како среќа во иднина, додека пак македонскиот народен толкувач на соништа мртовецот го поврзува со кавга.

јас сметам дека сепак е едно сеќавање на неа од причина што си ја сонвуал својата скоро почината баба, твојот предок а предците се и наши чувари, додека мртовец како што го толкува соновникот, ми е некако премногу апстрактен поим и ме асоцира на леш, на мртов човек кој немора да е наш роднина, има соништа кога на сон ни се појавува непознат мртовец или леш,тогаш би го толкувала како некоја непријатност или кавга, затоа секогаш ваквиот сон како твојот го толкувам на ваков начин...

Пред некој ден сонував и се исплашив ко будала...
Сме шетале со дечко ми некаде и наеднаш цел чопор од кучиња почнале да трчаат накај нас. После тоа сите кучиња отишле по некој друг пат, само едно останало да не брка...Баш кога беше точно зад нас се разбудив...
Што значи?
според твојот сон ти и твојот дечко имате мнгоу добри и верни пријатели, ако кучињата биле безопасни на сонот без разлика што трчале по вас, доколку биле опасни, а тоа ако ржеле, лаеле, посебно ако ве гризне куче на сон,тогаш имате пријатели кои нешто се лути на вас а може и завидни...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom