Нови возачки дозволи

Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Исто како и новите, од позади ќе ти биде обележано дека имаш положено за М катергорија. Се полагаат тестовите 2.000 денари и плус околу 900 за возачката по брза постапка затоа што по обична постапка се чека и по неколку месеци.

Инаку јас положив завчера за Б категорија, се од прва :))) сега чекам се да се сликам, и да 2 недели да си ја земам возачката :))
Имам положено, јас веќе 2 години возам со копија од уверението што го добив од Европски возач меѓутоа утрово ме сопреа и ми бараа таква возачка потврда демек со документот што го поседувам јас небило валидно (што донекаде е и во право бидејќи нема слика) и ми кажа да си извадам таква потврда, жолта била по боја и имало слика на неа. Знам дека не е како новите возачки дозволи затоа и прашав да не има некој па да видам каква е.
Во секој случај, фала за одговорот :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
каде може да се извади меѓународна возачка дозвола за б категорија и колку се плаќа?
800 денари, 2 фотографии,возачката со тебе и за 10 минути ја имаш...
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Има некој кој земал часови за возење во АМСМ авто-школата , впечатоци ??
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Завршив со авто-школата пред две недели. Еве денес започнав да ги учам тестовите па ќе видиме шо ќе бидне.... Поззз !
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Има некој кој земал часови за возење во АМСМ авто-школата , впечатоци ??
Јас полагав во АМСМ пред 2 години на Шкода Фабиа 1,2 на плин. Неам никакви поплаки освен дека колата е тиња, премногу е слаба уште на плин. Каде моето Поло 1,4 влече во 4-та оваа неможе ни во 3-та. И да кога полагаш ако не си фатиш врски можат да те буднат од инат само.
 
?

..........

Гостин
Боби[Мкд];3664198 напиша:
Се запишав и јас пред 2 дена, почнав прво на полигонот, абе шо да ти кажам, леснотија...

Тоа матизот секаде се пика, ми вика инструкторот ти денес си спремен за полагање... :pos:

Вежбам градска, и прво онака да се навикнам на колата а за 2-3 дена ќе почниме со детали.

Много финти има, ги буткаат на полукружно вртење, на кружен тек, и пробуваат да те зафркнат со некој финти. :) гејови!
Колку ти се фатија трошков
и од прилика?
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Јас пред некоја недела положив се од прва и ме фати околу 23.000 се се лекарското, прва помош итн.....а тоа финти за буткање незнам :)) ако знаеш да си возиш немаш гајле и нормално без трема!
 
?

..........

Гостин
Мхм, знчи така и си мислев за парите...инаку мислам дека ке положам прилично лесно, знам да возам а тестовите речиси ги знам на памет во секое време, не би си дозволил да ме тргнат на тестови...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Мхм, знчи така и си мислев за парите...инаку мислам дека ке положам прилично лесно, знам да возам а тестовите речиси ги знам на памет во секое време, не би си дозволил да ме тргнат на тестови...
Абе сите знаат, ама имаат една листа од 50 правила при возење. Мене ми зедоа 5 поени во 2003 година оти сум притиснувал кумплунг (квачило) па кочница. Е сеа заборавија дека мојот инструктор беше 58 годишен (пола пензионер) кој учеше кандидати по стариот YU систем :) каде што стриктно кажува дека така се кочи. „Моите“ така знаат, јас така сум возел претходно 10 години, а и сега еве 7 години после тоа никогаш не ми се случило да притснувам кочница па кумлунг освен ако сакам да ги истурам цревата на сопатниците. МОЖИ да се прикочува (во прзина и на удолница) ама да кочам така нема шанси!

Ама ете знаеле инструкторите повеќе. Има логика во тоа за неискусни возачи, но ајде бе, јас ако дојдов до полагање градска вожња сигурно го знаам тоа!
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.589
Поени од реакции
2.617
Јас да ви кажам што ми се случи...
Полагам дента полигон..си го положив под прво...одам на градска, и прв ме викнаа да возам. Возев едно 45 мин. А бе цел град го извртив направо и попреку. И на крајот, значи 200 метри од крајната дестинација, таму каде што требаше да земаат нов кандидат, ми викаат - Добро дечко во ред е, враќај се, и честито нека ти е. Јас целио кефојни, почнав да се думам дури и што да купам за на работа да ги честам. И така кевојни, на последниот семафор БУКВАЛНО, поминав на црвено* :kesa: и овај ми мава на кочница со сета сила, и ми вика (со повишен тон) А БЕ ШО ПРАЈШ ДЕЧКО, АЛООО ЦРВЕНО Е. Мене ми идеше пиштоло в чело да си го мавнам. - Добро цел сат те вртиме, и сега најде на последнио семафор да ја покакаш?- ми вика. Јас :toe:. Ништо ми вика, ќе дојдиш уште еднаш, ова најголем сообраќаен прекршок е што можи да се направи!
А најболно од се беше што, полагав во четврток, а личната карта ми важеше до понеделникот. А без важечка лична карта не можиш да полагаш.:toe: Само сета среќа, од ко паднав, отидов в полиција да прашам како оди за лична карта, па начекав еден пријател таму и одма ме сликаа (небричен 1 недела)

*во моја одбрана, семафоро светеше зелено, и сите коли пред мене поминаа, е сеа во последен момент се сменило јас не видов.

И друга заебанција во врска со ова што имаше...излегувам вечерта чаршија, одам во В.И.П ноќниот клуб, и Scofield од форумов буквално сето осветлување го уклучи да свети црвено, и со свирчето почна да свири и да дава знаци со рачината, демек СТОП, ко некој полицаец да е. А бе се поболија од смеење сите што беа со мене :)

И така...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
А ти затоа се трескаш на аватаров, а ја се чудев што било финтата :)
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325


Некој ако може да ми помогне околу ова со еден другар се препираме нешо. Кои се точните одгорвори ?

а), б), в) ...

--- надополнето ---

И овоа ме малце буни--->>

Возилата кои имаат посебни намени задолжително треба да имаат вградено :
а) Најмалку едно ротационо светло во жолта боја
б) Повеќе ротациони светла во жолта боја
в) Најмалку едно ротационо светло во сина боја

Ја мислам дека е под а) точниот одговор, ама да си прашам шо си е сигурно, сигурно си е, поискусните сигурно знаат : )

П.С Благодрам однапред за помошта..... !
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
ајдеееее... тестови полагав пред повеќе од деценија... ако убаво се секавам на овие глупи правила тогаш и ке одговорам правилно...

28-в бидејки врти на лево и мора да ги пропушти возилата кои возат право
29-в бидејки има знак стоп
30-а според правилото на вкрстување на две улици со еднаква важност т.е. тие што ти доаѓаат од десно треба да ги пропуштиш... или од лево беше? :) како и да е, од десно му доаѓа возило со запалено ротационо, па тоа ке го пропушти по секако, а нема опција да го пропушти само зеленото така да ке ги пропушти и двете...
за ротационите мислам дека е под в, т.е. нај малку едно сино... за ова преашање ако не го знаеш одговорот погледни во сликите како се претставени возилата кои се со “специјална важност“

покрај тоа што треба да се знаат општите правила во сообраќајот, дојдено е време кога треба да се почитуваат не пишаните а тие се:

ко је бржи тај је први... а лоши се овие правила дефинитивно... не ги препорачувам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom